Се гледа дека не си го гледал Линколн, инаку немаше да го напишеш постов.

И двата филма имаат исто мнозинство како средишна точка - црнците робови. Линколн не е ни целосен портрет на американскиот претседател, туку го прикажува Линколн во времето кога се обидувал да го донесе 13-от амандман.
Инаку, секој со ставот, ама мислам дека е претерано да се рече дека Џанго е преценет. Џанго не е класичен вестерн со каубојци и индијанци. Јас барем немам гледано вестерн со ваков тип на приказна. Не знам што сакаш да кажеш со тоа неискрен, ама еве чисто блиц инфо кое го читав откако го гледав филмот, речиси сите актери имале проблем со приказната, затоа што е груба до немајкаде.
И да не заборавам. Уште пред номинациите да се објават имаше став во медиумите дека Џанго нема шанси за Оскар сосе Тарантино после масакрот во Конектикет. Да не заборавиме, Американците одат на политичка карта кога бираат филмови инаку некои избори човек не може ни да ги објасни како победата на Бигалоу. Тие никогаш не би рискирале во ваков момент кога се води вистинска медиумска војна околу поседувањето на оружјето да му дадат Оскар токму на тип на филм во кој истото е и повеќе од застапено.