Ако некој заслужува да земе оскар оваа година тоа сигурно е Дрвото на животот на Малик, според мене најдобар филм оваа година, ме погоди многу, дури и чекав погоден момент за гледање знаејќи што ни припремил Малик. Ама шипки варени што ќе земе нешто (освен може за фотографија), но добро е, барем Академијава го номинирала за разлика од Глобусите.Моја прогноза е дека оскарот ќе отиде или кај The Artist или пак The Descendants.
За најдобра машка улога, Клуни, мада мој фаворит е Олдман. Кај жените неприкосновена е Стрип, ако она е номинирана, покрај неа нема шанса никој друг. За американците Мерил е национално богатство пандан на Марлон Брандо на времето, искрено ги разбирам, меѓу омилените актерки ми е, не ми е гледан филмот но сигурно растурила. Да се знае: прво иде Мерил па неколку празни места е тек после другите смртници
И нешто за шоуто, БилиКристал како водител е добар али више досаден, по кој пат го води не знам. Да се сетеа да направат нешто исто така добро и симпатично како што беше во 2009 кога победи Милионерчето, Хју Џекман беше супер, и водеше и пееше, сцената во Кодак театарот никогаш не изгледала подобро, погледнете го само почетното отворање тогаш :
П.С. Io sono да го гледа клипчето
