Каде може да се најде најдобриот бургер во Скопје?

  • Креатор на темата Креатор на темата Que
  • Време на започнување Време на започнување
Кој се сеќава на НЕСТА и кај Чичко Стоилко
Ех Чичко Стоилко, една од најдобрите сендвичари. Се деси што се деси, мораа ја срушат. Сега само добивме една зграда со недовршена фасада која што боде очи кога ќе отидеш накај плоштад / гтц или ако поминуваш низ центар.

Инаку, што ќе кажете мислење за Фаст фуд Топ Хилл? Во близина се на олимписки.
Јас од кај нив онака на поминување јадев хот - дог и ми се допадна, а за бургери или пиле немам пробано од кај нив.
 
Мене од Бравос ми е предобар за парите, огромен е, прејадува, а е 150 денари чизбругер, 130 хамбургерот. За таа цена повкусен бургер немам јадено во Скопје.
 
Ех Чичко Стоилко, една од најдобрите сендвичари. Се деси што се деси, мораа ја срушат. Сега само добивме една зграда со недовршена фасада која што боде очи кога ќе отидеш накај плоштад / гтц или ако поминуваш низ центар.

Инаку, што ќе кажете мислење за Фаст фуд Топ Хилл? Во близина се на олимписки.
Јас од кај нив онака на поминување јадев хот - дог и ми се допадна, а за бургери или пиле немам пробано од кај нив.

Стоилко реално тешко ѓубре продаваше, самото тоа кога вадеа плескавици и беа бели кога ги ставаа на скара ми идеше нагон на гадење.
 
Не се бургери, ама ете го моменталните газди го шиткаат бизнисот :)

1633117767765.png
 
Кога бев 8 одд, 2004-05 пред гтц хамбургер беше 50 денари, ако не се лажам истата цена беше негде до 2007-08.
Стоилко реално тешко ѓубре продаваше, самото тоа кога вадеа плескавици и беа бели кога ги ставаа на скара ми идеше нагон на гадење.
Бутаа соја у нив.
 
Од кај Стоилко само сендвичот со колбасица беше добар. Хамбургерите, а и се друго беше срање.
 
Не се бургери, ама ете го моменталните газди го шиткаат бизнисот :)

Прегледај го приврзокот 308831
Нормално дека се продава, кога на ФБ добиваш еден впечаток за сендвичот, а во реалност сосема друг. Сигурно има добар first try, а слаб return rate од купувачи. Ќе пукнам од мака што не направив рецензија лани затоа што го изедов сендвичот без да направам фотки, а после не ми се купуваше пак (затоа што не вреди). Сиромашен со месо, ладен, сув (не сочен) катастрофа лебче... Разочарување на годината ми беше Конец :(

FB_IMG_1633214692490.jpg
Тоа што го добив, немаше врска со прикажаното на сликава (Свит мејо). Дали третина имаше од месово внатре :(
 
Криво ми падна што не ги пробав пред да затворат, ама по муабетов на Ацид сега ич не ми е.
 
Се е индивидуално и не треба да се генерализира. Може да збориме до утре сабајле и да млатиме празна слама, ги гледаме работите од различен агол. Секој бургер си е приказна за себе, секој човек си е приказна за себе. Колку бургери, толку луѓе, толку и различни приказни, секој е индивидуа и си одговара за својот вкус. А сега ако може модераторите на подфорумов да ја затворат оваа тема.
 
На вакви теми коментираат само луѓето од големите градови како Скопје,ние останатите си јадеме дома гравче и си свиркаме,хехе
Не сум будала да дадам 150 ден. за бургер кога кило кременадли се 210 ден. и тоа екстра свежи,вие од големите градови јадете бургери :)
 
друже кај наоѓаш кременадли за 210? Јас под 280 не можам да најдам низ скопјево, буквално не дерат
 
друже кај наоѓаш кременадли за 210? Јас под 280 не можам да најдам низ скопјево, буквално не дерат
У помал град живеам во Источна Македонија, месарата од кај што купувам кременадли е во сопственост на локалната кланица, па сега ти напрај си анализа за цената, инаку Скопје и онака е поскап град за живеење од останатите помали градови во Републикава
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom