Преспав

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки за линк од епизодите пишете на мене ... на Со Превод нема да има нови епизоди а тргната е и првата епизода .. поздрав и не објавувајте овде линкови
 
Глупости, никогаш немало ниту ќе има добра комична серија.
 
Јас вчера не ја изгледав целата епизода, затоа што имав некоја обврска, но од она што го видов имам само пофални зборови. Се гледа дека е снимано од професионална продукција со професионални камери, содржината им е добро смислена, глумците добро глумат, но искрено очекував некоја поинтересна улога, па и глума од Тијана. Единствена замерка ми е тоа што постојано даваат смеење во позадина.

Како и да е, одлично е. Едвај чекам вечер да почне да ја гледам втората епизода:)
 
може линк од епизодата ? "Со превод" ја тргнале..
 
Кинематографија ок.
Костимографија ок.
Звук - ужас. Не знам дали е до инжињерот за звук или опремата ама звучи ептен евтино. Заднинска музика/идеја/тон - што е тоа. Дури и дишењето се слуша од што е тивко.
Диалог - меееееех.
Глума - а-ла театар. Испод просек за тв серија.
Комедија - неможам да проценам од една епизода.

Ќе продолжам да ја гледам али ќе видиме до кога.
Фала до дечкото со торентот.
 
Требит тро време да видиме како ќе се развиват, засега ми е 50/50.Освен камерата/снимката или како се викат то.Тука ми е 102,5.
Туку мене како жител на Југозападниот плански регион малку ми ојт на нерви то шо Горан Стојаноски (а.к.а. Џемо Биљбиљ) зборвит на охриЦки дијалект, а го претставувет ко од Ресен.Ама пак ко ќе видиш од друга страна, тие зборвет пола охриЦки пола битолски, изгледа зависит дал живеет накај Козјак и под Пелистер или од кај Јанкоец и западна обала.
Патем, ми падна едно нешто в очи - бизнисменон од Валона го глумит Адриан Азири, доста контрастереотипно.Обично сме навикнати на Бранко Огњановски или Младен Крстевски.

Како било, делото имат убај шанси за раст, развој, напредок и прогрес.
 
Во 5 : 30 наутро кога требало да има реприза овие од Телма на грешка пуштиле две нови епизоди премиерно :icon_lol:

Сега пред малку проверив на Макс тв во Тв тека.
 
Голем скептик бев за серијава, и како за прва епизода можам да кажам дека има потенцијал, а дали ке се поправи не знам, затоа што веќе е се снимено и критиките не може да се применат :D Од сите глумци Тијана ми беше тиња... улогата некако и е мн безвезе напорна ми е дури, за лаФ трак немам забелешки, нека има... само у право време да е. Коа би се поработило уште малку на глума кај некој актери, пример ДРАЧЕВЧАНКАТА и да се убацат уште некои малку по добри и натуРал фори би било океј
 
За неколку минути (на нет) и втората епизода од Преспав која е веќе емитувана од страна на Телма по грешка... а за другата епизода понатаму затоа што не е третата ..
 
Кинематографија ок.
Костимографија ок.
Звук - ужас. Не знам дали е до инжињерот за звук или опремата ама звучи ептен евтино. Заднинска музика/идеја/тон - што е тоа. Дури и дишењето се слуша од што е тивко.
Диалог - меееееех.
Глума - а-ла театар. Испод просек за тв серија.
Комедија - неможам да проценам од една епизода.

Ќе продолжам да ја гледам али ќе видиме до кога.
Фала до дечкото со торентот.

Морав да вратам на ова за театаров..зошто лошо го сметаш за глумење на театар? Па најдобрите светски глумци се калат во театар. Американциве губат работа од британци актери ради тоа што овие имаат искуство со театар.

....а инаку јок, нема енергија серијава ккао што имаат театарски претстави, сва среќа да имаше театарска глума :D
 
Според првата епизода може да се каже дека има иднина ама мора што побрзо да се отарасат од Тијана, Зафирчев и другиов пешко. Зафирчев многу одвратен лик е, па уште и хрватскиов јазик му требаше. Другиве баш се за вакви серии.

Sent from mTalk
 
Tијана подобро е да не и дале ваков лик. Подобро она да си е слично како и во приватниот живот македонка што живее во србија затоа што таква глума подобро би и лежела а и си го знае она добро српскиот јазик.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom