Ќебaпи вo Скoпје

  • Креатор на темата Креатор на темата Hulse
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво Топла!
Драго ми е што си сеуште тука!
Инаку ни на почетпкот не беа нешто и тогаш ги гореа
Инаки јас по ред одам еднаш во старата, следен пат во новата Фонтана. Пошто ги знам луѓето 20+ години.
Така за 3+ се и двете, со тоа што мене подобри ми се во старата Фонтана.
Здраво душо!
Во право си, ви старата фонтана се подобри, но само кога стариот е на скара, газдата, а кога се оние младине, децана, тогаш не ги бива.
Добар кебап јадам во " сношти минав", кафанчето преку мост, на почеток на чаршијата, веднаш десно прво е.
 
Добар кебап јадам во " сношти минав",

Сношти минав, заедно со комшијата од карши Гоце едни од полошите места кај што можеш да јадеш ќебап во чаршија.

Па Фонтана и Венис Фонтана светлосни години пред овие се. И за квалитет и за хигиена.
 
Единствено Тото и ДМ држат квалитет колку толку затоа што најчести гости им се од ГОЛЕМОТО ДОБРО УТРО.
Автоматски споено мислење:

На времето во Св. Николе се правеа супер кебапи! Составот беше свинско, овчо и говедско! Последниве години нема веќе овчо, џабе областа се вика Овче поле
За чудо сеуште има добри мајстори и добри кебапи таму!
Во Скопје скоро никогаш немало нешто особено квалитетни кебапи, без љутење! Ок Дестан ооодамна, сега и не сум бил во Стара чаршија на проверка. Метропол и во најдобрите времиња на Југа, имаше катастрофа кебапи!
ПУЖЕ беше со години познат по добрата скара но Мавровица кај Геро му стана сериозна конкуренција кога се отвори,сега не знам како е кај двајцата затоа што неколку години не сум јадел таму.
 
Во Кочани има убави ќебапи на главна улица не ми текнува како се викаше гостилницата ?
 
Пуже пред 15 години беше хит кај скопјани зашто ќе направиш мала екскурзија за викенд и за пола цена од Скопје ќе јадеш ќе пиеш ем музика у живо а и беше добра храната. Сега, лани 2 пати бев успат ми беше прво не е толку ефтино да тепаш 100км да јадеш скара со вкус и квалитет кои можеш да го најдеш у пола кафанчиња у Скопје.
 
Па незнам што очекувате од кебапчиња мене релативно ми се Ок во Скопје од било каде да земам. Се знае не е чисто месо и неможе да биде, од чисто месо без никакви додавки и ако нема мрсно се ронат. Све некакви експерти никнуваат како требало да има вкус ова месо. Незнам ни зошто имате високи очекувања. Каде според вас има совршени кебапчиња чим сите во Скопје се никакви?? Каков е тој рецепт за совршеност?

Еве овој дебелиов што се прави експерт за све рече Савчич е најдобар во Белград. Бев таму јадев. Прво стварно се мали и во ред беше вкусот додека беа топли.
30 минути подоцна 4 литри вода испив на екс. Кога јадам тука локално го немам тој осеќај на жед. Мислам секоја држава секој град различно ги прави не постои совршен вкус све зависи како се навикнати луѓето и што сакаат.

 
Последно уредено:
Во Кочани има убави ќебапи на главна улица не ми текнува како се викаше гостилницата ?
Во една друга тема ги имав спомнато и јас. На Бриони мислиш? Ако се тие, екстра се! Стари шиптaри се, уште татковците ја отвориле кафаната сега синовите ја држат.
 
Во една друга тема ги имав спомнато и јас. На Бриони мислиш? Ако се тие, екстра се! Стари шиптaри се, уште татковците ја отвориле кафаната сега синовите ја држат.
Sekoe odenje doma tamy moram da zastanam po pat .....
Me potsekaat na detstvo
 
Во Кочани има убави ќебапи на главна улица не ми текнува како се викаше гостилницата ?
Пред 4 месеци јадев плескавица во Кочани во Градска кафана Чардак карши комплексот во центар кај што има најмногу кафичи и од моја страна препорака доколку некој некогаш отиде таму.
 
Во една друга тема ги имав спомнато и јас. На Бриони мислиш? Ако се тие, екстра се! Стари шиптaри се, уште татковците ја отвориле кафаната сега синовите ја држат.

Торбеши се од некое гостиварско село по потекло. Кебачилницата е од 1968-69 така некако,скоро исти на вкус откако постојат.
 
Со мојте кога сме иделе во Скопје сме иделе и во Дестан кај буњаковец трговскиот мислам беше.
Тоа било пред повеќе години.

Уморен од шетање по саем за мебел и ако е гужва за лесковачка на саем идеме на јадење во Дестан.

10 топло ќебапи со лепиња, со буковка, кромид и едно ладно грч Скопско пиво. Мераци, а сега не знам какви се ќебапите одамна не сум јадел.
 
Единствено Тото и ДМ држат квалитет колку толку затоа што најчести гости им се од ГОЛЕМОТО ДОБРО УТРО.
Автоматски споено мислење:


ПУЖЕ беше со години познат по добрата скара но Мавровица кај Геро му стана сериозна конкуренција кога се отвори,сега не знам како е кај двајцата затоа што неколку години не сум јадел таму.
Не е Пуже најдобар во Св Николе за кебапчиња, кај Геро не сум бил! Има мали кебапчилници, посебно скарата на кило спроти гимназијата кои прават врв кебапчиња!
Пуже е најдобар алловер, се’ кога ќе збереш, квалитет на скара, услуга, атмосфера. А инаку најдобрите кебапчиња, пастрмајлии се прават во помалите локали, кои и се специјализирани за тоа. Ние кај Цаци до банката(ептен селски киоск), кејфови кебапчиња сме начекувале.
Скопјево, чат пат има добра скара, ама не очекувајте веќе добра скара со данско или бразилско месо, ојде тој воз!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom