И со овој податок не се менува небулозата дека невработеноста ја прикажуваат дека е 26%, а од 950.000 работоспособно население како вработени според ПИОМ се водат само околу 550.000. Ако се направи проста математика се добива дека останатите 400.000 се 42%.
Ааа, не така, не со тие куршуми, Бајо мој.
950.000 работоспособни е бројка според Државниот завод за статистика. Ти рече дека ДЗС е немеродавен, со фиктивни бројки. Ако сакаш да ги користиш фиктивните бројки на ДЗС, за бројот на работоспособни, тогаш мора да го користиш и податокот за бројот на вработени, кој изнесува 711.380, според ДЗС.
Не може да си земаш податоци како што ти одговара. Еден податок од ДЗС, еден од ПИОМ, друг од домашната работа на Сунѓерон, по предметот Запознавање на Природата и Општеството.
Ако погледнеш поубаво ќе видиш разликата е од 2005, а не 2006. Или се обидуваш да спинуваш или разликата од 45.000 што ја има од 2005-2006 не ти се свиѓа, па намерно ја прескокнуваш.
Ако погледнеш поубаво, ќе видиш дека во реченицата имаш логичка дупка без дно. Бројката на вработени се пресметува на крајот од тековната година. 2005 година завршила со вкупно 348.500 вработени. 2006 година завршила со вкупно 394.882 вработени. Разликата од 45.000 е направена во 2006 година - од 01.01.2006 до 31.12.2006.
Ако одиме по твоја логика, од 536.191 вработени (2014та) одземеме 394.882 (2006та), ние фактички 2006та сме ја пуштиле по вода, сме ја помножиле со нула, а пресметката сме ја направиле за периодот од почетокот на 2007 година, до крајот на 2014 година.
"на крајот на 2005 година" е еквивалентно на "на почетокот на 2006 година". Било кое од овие да напишеш, ќе биде правилно.
- од крајот на 2005 година, до крајот на 2014 година, се вработиле вкупно 187.691 луѓе
- од почетокот на 2006 година, до крајот на 2014 година, се вработиле вкупно 187.691 луѓе
Бирај од овие две реченици која сакаш, јас частам.
