Стапка на вработеност

  • Креатор на темата Креатор на темата de_crecy
  • Време на започнување Време на започнување
Фриленсер е секој кој работи самостојно вон редовен работен однос и заработува други приходи кои не се плата, како преведувачи, информатичари, научни работници, продажни агенти итн.

Не ми се расфрлај со дефиниции, знам јас што е фриленсер, и затоа ти тврдам дека нема ни 10% од таа бројка што ти ја спомнуваш. Каде се рестото 150.000 што не се фриленсери, а не се водат како невработени?

Зошто да се отвараат фирми, кога државата овозможува да се работи како фриленсер со најнизок данок од 10% без плаќање придонеси?

Државате не ви го овозможила ова со намера, туку најдовте дупка да не плаќате придонеси и да чекате тие со плата од 8-9000 да ви плаќаат за здравствено и социјално. Али не се секирај, после избори ќе ве решат и вас.
 
А за 160.000 фриленсери видовме на протестот на хонорарците, ако имаше нови 160.000 кои требаа да плаќаат данок бар пола ќе излезеа на протестите...
Слушај, дека има бајаги фриленсери, има. Реално кур ги боли за моменталната даночна политика во државата. Многу мал дел се ебаваат со нашиве тука бидејќи имаат подобри, поефтини опции. Зборам за плаќање данок и разни фондови кои се пљачкаат.

И 160 000 секако не се.Многу помалку.[DOUBLEPOST=1453547515][/DOUBLEPOST]
Државате не ви го овозможила ова со намера, туку најдовте дупка да не плаќате придонеси и да чекате тие со плата од 8-9000 да ви плаќаат за здравствено и социјално. Али не се секирај, после избори ќе ве решат и вас.
Бранче, "технички" со намера е. Се водат како хонорарци, договор на дело и самите треба да си плаќаат придонеси.Треба да се усогласи малце законот за ова да биде изводливо. Виде шти се случи коа донесоа закон за полнење каса.

И Битушанецот почна да плука по неговите еротски идоли.:icon_lol:

И после останува да се регулира моралниот хазард низ фондовите. Од типот "ПИОМ не извршил плаќање на средства месец дена(во нормалниот дел на светот ова го нарекуваат банкрот)" или И.Т. добила тендер за набавка на медицински апарати по двојно повисока цена од пазарната.Такви ти ситници.
 
Последно уредено:
не мора секој невработен да биде пријавен во АВРМ, а има и активни и пасивни невработени. Тие што се пријавуваат на 6 месеци може да одат 3-4 месеци во грекос да работаат. А има и друго, некој пензионери уште еден месец ги водат во АВРМ, иако за да подаде документи во ПИОМ треба да земе исписница од АВРМ. Значи нема ништо прецизно и круто ,менлива материја... Точно е само колку народ зема пензија на 6-ти ,колку се пријавени во фирми, за колку . се плаќа градинка , школо, факултет, иако за последново не сум сигурен дали може и вработен и пензионер да студира...
А најдробо законски да се регулира што е што, државно здравство само тоа и тоа ( траума, заразни болести, психијатриски, породување) ... останатото приватно, а да има можност кој издвојува за здравство да му се рефинансира одредена сума, независно каде бил на лечење... кумашинката во Австралија со доплата на редовното здравствено, доплата од околу 1500 долари годишно ( пред 10 години, сега незнам колку е ) беше на операција кај најдобриот приватен хирирг во Австралија ...
 
Па, па...колку недоумици окулу навидум едноставна работа....

Прво, немањето официјален попис има една од задачите да прави простор за манипулации ( мада лично мислам дека првенствено има друга манипулација, што не е за темава)

Понатаму, “процент на невработени“ - кај нас е многу растеглива и нереална категорија.
Пример, со отварање на факултети во секое село и “пумпање“ на студенти - се намалува бројот на лица што реално би биле невработени.
Понатаму, имаш “феноменално “ решение со активни и пасивни баратели на работа и бришење на невработени од списокот кои едноставно не сакаат да се замараат со секој месец пријавување кога и онака не очекуваат Заводот да им најде работа.
И секако, поради немање попис и немање бројка на исселени од државата, претежно млади, работоспособни лица - во никој случај не може да имаме релевантна бројка.( па уште и да ја потенцираме :facepalm: )

Е сега, за стапка на вработеност, што служи само за партиски муабети и перење мозок на овци. Не е битно дали пред 10 години имало 400К а сега 500+ вработени ако истовремнено не се каже КАДЕ се вработени.

Јебеш га, утре идам на власт и ветувам 10% невработеност ! Начукувам уште 200К во администрација ! Муабетов ми дека џабе имаме зголемнување на вработувањето ако тоа се непродуктивни работни места ( а да не отварам уста - такви се ! ) кои наместо да носат развој, само го оптеретуваат буџетот.
Се разбираме ваљда со тие со кои сум на иста бранова должина....одиш во болница и имаш 3-4 на шалтер ( 2 минимум рамковни ! ), ама доктори немаш, па за операција или снимање чекаш 6 месеца. Или градот е полн со платени паркинзи и партиски лепачи на плакати што дремат ко мисири на наплатна. Или.....
Јебеш такви вработувања и стока која се пали на такво “зголемување“ на вработеност
 
Во јавниот сектор во Македонија се вработени 128.253 лица во вкупно 1.354 институции, вклучително и во јавните претпријатија и тоа е далеку помалку од бројката со која соросовите медиуми лажно шпекулираат во јавноста.
Значи во 2006 да немало ни еден вработен во администрација пак има повеќе вработени денес од тогаш.
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=89E2472ACE41614F8946D39BA9450BA5
 
Стапка на вработеност, стапка на невработеност, мачка во вреќа.
Прва работа, колку од вработените генерираат реални пари во економијата (т.е приватен сектор), втора работа од тие што генерираат пари, колку од нив работат во фирми што прават увоз т.е внесуваат нови пари во економијата.
Тоа се две бројки што треба да многу големи, да не кажам во стотина илјади.
Кај нас овие два услова ги исполнуваат само ИТ фирмите и чат пат по некој анонимен
 
И со овој податок не се менува небулозата дека невработеноста ја прикажуваат дека е 26%, а од 950.000 работоспособно население како вработени според ПИОМ се водат само околу 550.000. Ако се направи проста математика се добива дека останатите 400.000 се 42%.
Ааа, не така, не со тие куршуми, Бајо мој.

950.000 работоспособни е бројка според Државниот завод за статистика. Ти рече дека ДЗС е немеродавен, со фиктивни бројки. Ако сакаш да ги користиш фиктивните бројки на ДЗС, за бројот на работоспособни, тогаш мора да го користиш и податокот за бројот на вработени, кој изнесува 711.380, според ДЗС.

Не може да си земаш податоци како што ти одговара. Еден податок од ДЗС, еден од ПИОМ, друг од домашната работа на Сунѓерон, по предметот Запознавање на Природата и Општеството.

Ако погледнеш поубаво ќе видиш разликата е од 2005, а не 2006. Или се обидуваш да спинуваш или разликата од 45.000 што ја има од 2005-2006 не ти се свиѓа, па намерно ја прескокнуваш.
Ако погледнеш поубаво, ќе видиш дека во реченицата имаш логичка дупка без дно. Бројката на вработени се пресметува на крајот од тековната година. 2005 година завршила со вкупно 348.500 вработени. 2006 година завршила со вкупно 394.882 вработени. Разликата од 45.000 е направена во 2006 година - од 01.01.2006 до 31.12.2006.

Ако одиме по твоја логика, од 536.191 вработени (2014та) одземеме 394.882 (2006та), ние фактички 2006та сме ја пуштиле по вода, сме ја помножиле со нула, а пресметката сме ја направиле за периодот од почетокот на 2007 година, до крајот на 2014 година.

"на крајот на 2005 година" е еквивалентно на "на почетокот на 2006 година". Било кое од овие да напишеш, ќе биде правилно.

- од крајот на 2005 година, до крајот на 2014 година, се вработиле вкупно 187.691 луѓе
- од почетокот на 2006 година, до крајот на 2014 година, се вработиле вкупно 187.691 луѓе

Бирај од овие две реченици која сакаш, јас частам. :pijani:
 

Бајо мој, тоа се единствени куршуми со кои можам да те дупам дури не се направи попис за да знаеме колку има точно работоспособно населние.
Еве да претпоставиме дека има 550.000 вработнени како што вика ПИОМ, тогаш за да имаме невработеност од само 25-6% проценти треба да има 690.000 работоспособно население. Ако земеме дека работоспсобно население е 45-55% од вкупното население, тогаш добиваме 1.300.000-1.400.000 цело население, а тоа е тешко возможно и со најпесимистичките процени. Значи претпоставката дека само 25-6% се навработени е нелогична и оваа бројка би требало да е 40+% за да добиеме дека имаме околу 1.700.000 население, што е блиску до очекуваниот број (според бројот на издадени здравствени карти).
Инаку да, се слагам дека некој намерно ја мати водата за да немаме чисти бројки и да мора да си правиме вакви весели матеметики.

Што се однесува до вториот дел од твојот пост, препорака да пишуваш попрецизно, на пример „од почеток на 2006 година до почеток на 2015“ за да се разбереме, јас те сфатив дека мислиш од крај на 2006 до крај на 2015, во таков формат и се дадени бројките во табелата што ја постираше.
 
Бајо мој, тоа се единствени куршуми со кои можам да те дупам дури не се направи попис за да знаеме колку има точно работоспособно населние.
Еве да претпоставиме дека има 550.000 вработнени како што вика ПИОМ, тогаш за да имаме невработеност од само 25-6% проценти треба да има 690.000 работоспособно население. Ако земеме дека работоспсобно население е 45-55% од вкупното население, тогаш добиваме 1.300.000-1.400.000 цело население, а тоа е тешко возможно и со најпесимистичките процени. Значи претпоставката дека само 25-6% се навработени е нелогична и оваа бројка би требало да е 40+% за да добиеме дека имаме околу 1.700.000 население, што е блиску до очекуваниот број (според бројот на издадени здравствени карти).
Инаку да, се слагам дека некој намерно ја мати водата за да немаме чисти бројки и да мора да си правиме вакви весели матеметики.
Е добро де, еве ќе одиме по твоја логика и начин на резонирање.

Ако при поголем број на вработени и помало население, имаме 40% невработеност, тогаш, при помал број на вработени и поголемо население, би требало да имаме 70-80% невработеност. Дали невработеноста се намалила од 40% на 25%, или од 70% на 40% - исти курац, друга амбалажа. :toe:

Но, за едно се согласуваме и двајцата, дека The Unemployed е една доста растеглива и небулозна категорија на граѓани. Никогаш нема да добиеме точен и релевантен податок за бројот на невработени. Нема да има ни попис. Две третини од орките се иселени низ Швицарскиве. Ако има попис, ќе излезат помалку, па овдешниве ќе го паљат со бензин, because of Рамковен и 25%.

Затоа, најдобар показател за тоа дали невработеноста се намалила (и за колку), е бројот на вработени. А тој изнесува над 187.000 (над 200.000, ако ја сметаме и 2015 година). Тоа е факт, за кој би требало да се согласуваме и двајцата.
 
Но, за едно се согласуваме и двајцата, дека The Unemployed е една доста растеглива и небулозна категорија на граѓани. Никогаш нема да добиеме точен и релевантен податок за бројот на невработени. Нема да има ни попис. Две третини од орките се иселени низ Швицарскиве. Ако има попис, ќе излезат помалку, па овдешниве ќе го паљат со бензин, because of Рамковен и 25%.
Не се само албанците иселени и пола источна македонија, а тоа како бројка е поразително и за власта, бидејќи се удира во гради дека економијата цути и многу е убаво, а од друга страна си одат луѓе. Во секој случај многу полесно се манипулира без вистински бројки.
 
Не ми се расфрлај со дефиниции, знам јас што е фриленсер, и затоа ти тврдам дека нема ни 10% од таа бројка што ти ја спомнуваш. Каде се рестото 150.000 што не се фриленсери, а не се водат како невработени?

.

Абе ти нарекувај не` и ХОНОРАРЦИ по “југословенски“, ама не` има над 200,000 во Македонија. Дали приходот е плата или НАДОМЕСТОК (хонорар), не е битно, зошто се заработува.

Се покажаа образовните политики од 2007 наваму како многу добри, со отварање универзитети и факултети насекаде во државава и пристапност на истите на сите категории граѓани, па се зголемува високообразуваниот кадар и можноста да се добијат повеќе идеи и да се работат поспецифични професионални добро платени работи дури и за странски фирми и да се добиваат поголеми приходи отколку домашните плати. Со добро образование и интернетов, многу работи можат да се одработуваат од дома и за странски фирми, без да се иселуваме во странство.

Фриленсери односно хонорарци има од преведувачи, машински, електро, технолошко процесни инжењери, информатичари, па се` до луѓе кои вршат разни административни или комерцијални работи (по старо договор за дело или по ново повремено и привремено вршење услуги) за домашни или почесто за странски фирми.

Само во мојов влез 3ца работиме како фриленсери, односно хонорарци.[DOUBLEPOST=1453816599][/DOUBLEPOST]
Не се само албанците иселени и пола источна македонија, а тоа како бројка е поразително и за власта, бидејќи се удира во гради дека економијата цути и многу е убаво, а од друга страна си одат луѓе. Во секој случај многу полесно се манипулира без вистински бројки.

Ако во 1993 г имавме 556,000 вработени, во 2005 г стасавме да имаме 390,000 вработени на ниво на држава. Сепак, последниве 9 годинии добро се работеше на економски план, па сега се вративме на нивото на вработеност од СФРЈ, плус имаме додатно и луѓе кои работат како фриленсери односно хонорарци.

Поразително е за оние кои водеа лоши економски политики со кои се испоуништија 865 големи индустриски капацитети и над 250,000 вработени останаа без работа.
 
Последно уредено:
Абе ти нарекувај не` и ХОНОРАРЦИ по “југословенски“, ама не` има над 200,000 во Македонија. Дали приходот е плата или НАДОМЕСТОК (хонорар), не е битно, зошто се заработува.
То е уше една од многуте намештањко кои му се сервираат на гладниот и очајниот народ, еден ден да работи некој хонорарно, и да му се плати преку агенција, тој за таа година влегува во графа на вработени лица и премијеро и него ќе го употреби како статистички показател дека ете се намалила невработеноста, значи некоја институција те најмила да исфрлиш ѓубре од нејзини простории и ти платила по договор 300 денари - ти си брачко вработен и си во тие проценти на вработени за цела година.
А то шо дома немаш на децата едно млеко да им купиш и шо ретко ручате а уше поретко вечерате - то не е проблем на државата.
Ситуацијата ссо вработувањето во македонија е катаклизмична, работи администрација која зема плати од кредити во странство и работат ти кутри души по разни “инвестициски бумови“ за 10.000 денари
 
Последно уредено:
Се покажаа образовните политики од 2007 наваму како многу добри,
Сепак, последниве 9 годинии добро се работеше на економски план, па сега се вративме на нивото на вработеност од СФРЈ

Ова за Македонија збориме, така, чисто да не сум грешка ?
 
Сепак, последниве 9 годинии добро се работеше на економски план,
Сепак, последниве 9 годинии добро се работеше на економски план,
Сепак, последниве 9 годинии добро се работеше на економски план,
20130606182535.jpg


 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom