Нови цени на ЈСП, бесплатен превоз за студентите

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување
Наместо да го стимулираат народот што помасовно да се користи јавен превоз со цел да се намали загадувањето тие ги покачуваат цените, какви идиоти.
 
Требаше да ги поефтинат картите, а не да ги поскапат оти... нели колите загадувале
дали моеш да ги купиш во секоја трафика и колку трафики можеш да најдеш низ населбите? Оти, да, слично функционираат некои држави, во автобус нема карта ама има можеш да купиш/дополниш билет на секој чекор. Овде на пример мора да се оди до центар за слободна.
Хартиениве билети можеа да се купат во секоја трафика, од истата можеше да извадиш и слободна. Од тоа што јас сум забележал, продажно место има на железничка, кај зелено пазарче, доле во ГТЦ, едно продажно место од Влае до Рекорд по патеката по која одат повеќето автобуси, во Пржино, во Кисела Вода имаше само едно кај општината, но го урнаа (веројатно е дислоцирано), кај пицерија Смок пред Автокоманда, во Аеродром не ми текнува дека до Капитол сум забележал продажно место, нема ниту на фекфентно место ко Бит Пазар (додуша има едно што личи на билетара, така да ќе ставиме една или ниедна :D), така да главните места скоро ич не се покриени. Билетарата кај мене во населба е чиста случајност да ја начекаш отворена. Работи од сабајле, треба ко бајаги до 13 да е отворено, ама ништо од бизнисот.
 
Има на Партизанска пред Градежен :)
 
сега еве ви шанса да побарате воведување на маршуртки - незнам на македонски соодветен збор( ги има низ светов, @fmi нека каже за Бугарија, Франција, Украина, Норвешка, Естонија...) нешто ко минибус, комбиња за градски превоз
Ем нема да се гужвате, ем за мали пари и без билети ќе стасате до сакана дестинација
https://hr.wikipedia.org/wiki/Maršrutka
на тој начин ЈСП ќе го зае*ете вие, а не они вас ,бидејќи средствата од продажбата на електронските билети ќе ги собира градот, кој на превозниците ќе им исплаќа по поминат километар. па Коце нек се слика и понатаму со „Скопска„ или „Моја Скопска„
„Иноваторот„ на оваа „генијална идеја“ екс мин.за инф.општество Иво Ивановски НАВРЕМЕ ја здувна пред самото воведување на новиот систем:ROFLMAO:
 
Има кај нас такви. АлКаида се возат у нив. Женските им се возат највише у нив.
Машките се возат у ЈСП, кај што можат на раат да малтретираат каурки, а женските у такви комбиња, миниаутобуси.
 
во аеродром има кај Бисер према тобакото.
 
Официјално:
Тоа 60 денари ќе се воведе кога приватните ќе преминат на електронско, до тогаш по старо.
 
Има кај нас такви. АлКаида се возат у нив. Женските им се возат највише у нив.
Машките се возат у ЈСП, кај што можат на раат да малтретираат каурки, а женските у такви комбиња, миниаутобуси.
зборувам за градски линии , а не приградски и тоа обележани со броеви - релација , со возен ред ....со сите салтанати ( а не дифтарана)
 
Јас го оправдувам покачување на 60, кога се купува од шоферот.
Сакате да не ви каснат автобусите и да се користи новата услуга за електронско наплаќање ? Мора драстично да го смените начинот на купување на билет, бидејќи шоферите губат многу време додека ви продадат билет, понекогаш и по 5 минути, а сигурно ако редовно се возите ќе забележете ситуација како шоферот застанува на некоја станица и оди да купи билети од билетара. Тоа сето е потрошено време и после се чудиме зошто каснат автобусите.
Многу луѓе сеуште купуваат од шоферот билет, затоа што цените не варираат дали си купил од шоферот или билетара. Кога некој ќе ти каже 60 денари кога купуваш од шоферот веднаш ќе се информираш како до поефтина карта.
Ова не е покачување затоа што 10 возења и месечните не се покачени, туку се минимално намалени, туку се работи на подобрување на ефикасноста на возењето во ЈСП, преку мерката ако ве мрзи да си купите билет или да ги користите новите услуги, ќе си платите посолена сума на пари.
Ќе беше покачување ако 10-ката, месечните и годишните билети поскапеа.
Знаеш ли колку луѓе од внатрешноста секој ден доаѓаат во Скопје за во Клинички центар или Воена болница? Што со нив? И да бараат билетара, на сета мака, ете, да речеме и да ја најдат, билет од таму не можат да купат. Единствена опција им е - 60 денари од кај возачот. Грабеж!
 
зборувам за градски линии , а не приградски и тоа обележани со броеви - релација , со возен ред ....со сите салтанати ( а не дифтарана)
Нема да дозволат регистрација. Знаеш како оди? Иде, иде, па стане. Мора да "подмачкаат".
 
Знаеш ли колку луѓе од внатрешноста секој ден доаѓаат во Скопје за во Клинички центар или Воена болница? Што со нив? И да бараат билетара, на сета мака, ете, да речеме и да ја најдат, билет од таму не можат да купат. Единствена опција им е - 60 денари од кај возачот. Грабеж!
Работата е сите што се возат почесто да извадат електронска картичка. Апаратчињата и картите за куцање ќе ги тргнат,и ако шоферот шитка со иста цена никој нема да вади картица туку ќе биде калакурница пред кабината на секоја станица.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom