Нови цени на ЈСП, бесплатен превоз за студентите

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување
Цената за втората зона (приградски линии) се намалува од 40 на 35 денари

Приградските и пред ова беа 35 ден или грешка сум? :D
 
Цената за втората зона (приградски линии) се намалува од 40 на 35 денари

Приградските и пред ова беа 35 ден или грешка сум? :D
Како ќе им текне така праат, едно време беа 40, а сеа пред 2-3 месеца коа се возев беа 35 :pos:
 
Good bless приватни 12ки и 19ки со возачи од северна Албанија кои шибаат на црвено ко луди. Ако ти се погоди доволно улав, од Карпош до Битпазар за 10 минути ќе летне. Сега уште помалце ќе се возам со државни, и онака на кромид мирисаат :D
 
Good bless приватни 12ки и 19ки со возачи од северна Албанија кои шибаат на црвено ко луди. Ако ти се погоди доволно улав, од Карпош до Битпазар за 10 минути ќе летне. Сега уште помалце ќе се возам со државни, и онака на кромид мирисаат :D
Знаеш дека новите цени се унифицирани за приватните и државните автобуси?
 
Значи наоѓам 2ца на постројка што одат на исто место со мене и си фаќаме такси за поефтино. Што не е јасно?!

Па можеле 50се на равно да ја стаат, или математиката на Ставре велела дека мора да е 1евро :ROFLMAO:?
 
Мора да се организира протест против новиве реформи во ЈСП. Нема логика сите билети да поевтинат, само билетот за ноќно возење да остане со иста цена. Мора да ставиме крај на лудилово!

#ПоздравПленумци
 
Поскапен е 5 денари дневниот билет,а и тоа со 15 те дена за картицата со 10 возења исто нема логика. Другото си е на место,мора да се растеретат возачите со продавањето карти па затоа и дупло поскапа карта.
 
CWhlfHjUYAA5gjr.jpg
 
Јас го оправдувам покачување на 60, кога се купува од шоферот.
Сакате да не ви каснат автобусите и да се користи новата услуга за електронско наплаќање ? Мора драстично да го смените начинот на купување на билет, бидејќи шоферите губат многу време додека ви продадат билет, понекогаш и по 5 минути, а сигурно ако редовно се возите ќе забележете ситуација како шоферот застанува на некоја станица и оди да купи билети од билетара. Тоа сето е потрошено време и после се чудиме зошто каснат автобусите.
Многу луѓе сеуште купуваат од шоферот билет, затоа што цените не варираат дали си купил од шоферот или билетара. Кога некој ќе ти каже 60 денари кога купуваш од шоферот веднаш ќе се информираш како до поефтина карта.
Ова не е покачување затоа што 10 возења и месечните не се покачени, туку се минимално намалени, туку се работи на подобрување на ефикасноста на возењето во ЈСП, преку мерката ако ве мрзи да си купите билет или да ги користите новите услуги, ќе си платите посолена сума на пари.
Ќе беше покачување ако 10-ката, месечните и годишните билети поскапеа.
 
Требаше да ги поефтинат картите, а не да ги поскапат оти... нели колите загадувале
Ќе држи вода овој муабет, ако немаше едвај 10 продажни места низ цело Скопје :icon_mrgr:
дали моеш да ги купиш во секоја трафика и колку трафики можеш да најдеш низ населбите? Оти, да, слично функционираат некои држави, во автобус нема карта ама има можеш да купиш/дополниш билет на секој чекор. Овде на пример мора да се оди до центар за слободна. Други земји пак, шоферот продава карти, со многу мала разлика во цена ама шоферот не е качи се, сврти десно па заборај се од буткање за да влезеш во тесен пролаз позади шоферот, па избутај ги сите и врати се назад како во бураго количкиве него нормално е пред тебе кога ќе се качиш.
Ова е реално поскапување и типично удира контра на она "за што се залагаат", повеќе користење јавен превоз.
 
@Chemical Angel за купување кај возач и јас сум за поскапување. Ама, 10 возења се исто, не е баш така. Ограничување за користење на тие 10 возења во рок од 15 дена?! Никаде на планетава за мои пари не смеат ни да помислат, а не пак да одлучуваат како ќе ги користам возењата!!! Прашувам во билетара дали ќе има електронски билет БЕЗ слика, знаеш што ми кажуваат? Имаме проблеми со системот (уште сме Југославија очигледно) и не можеме да издаваме билет без слика. Пази, посложеното можат, а без слика не?!? Дома, ако сме 3-4ца, досега со една картичка, ќе мора 3-4 да се извадат. Плус на секоја да се стават пари (некаде читав 100 е минимум). За к*рово здравје 400 ќе летаат на секое. Лоповска работа е ова. Според мое возење, пресметав дека за една година поскапувањево мене ме чини еден мизерен одмор во Струга! Толкава е разликата што ќе ми ја земат. Па сега пак оправдувај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom