Види, мене воопшто не ми се допаѓа концептов на наплата. Можеше тоа поинаку да се среди, али македонска работа како и секогаш. Со мобилен, ок, ако ова добро го разбрав тогаш наплатата ќе се одвива со одбивање парични средства од сметка, нели? А што правиме со оние корисници кои имаат при-пејд броеви? Има и такви, да бидеме реални, не сите се на претплата. Некој што наполнил 100 денари на телефонот за да зборува ќе троши за да си го плати возењето во ЈСП.
Друго, со оваа наплата преку мобилен ќе се зголемат само повеќе шансите за возење на црно. Еве ти пример, сега можам да си влезам комотно во автобус, во просторчето на телефонот каде што се пишува пораката само да го вметнам бројот од кој ќе ми бидат одбиени парични средства и ќе се осмелам да не ја испраќам пораката, и ако дојде некој контролор можам едноставно само да му кажам дека „штотуку влегов и не стигнав поради луѓето да пратам порака“ и слично. А ако бара доказ ќе му го покажам само тоа што ми е напишано и вметнато на телефонот. Што ми може тука? Ништо.
И автомати треба да постојат, баш поради туристите на крај крајава. Планираат да го прават Скопје еден вид на туристички град, ок, тогаш треба да им се олесни и пристапот до билет и на туристите. И не треба да плаќаат поскапо туристите зошто тоа е еден вид на дискриминација. Реално гледано ќе оставиме така само лоша слика кај луѓето. Во европските земји за сите важат исти цени на билетите (барем таков беше мојот впечаток од оние земји каде што сум бил), без разлика дали си ти странец или не, тоа треба да биде така и кај нас. Друго, еве на пример ти се случило нешто и приморан си едноставно да купиш билет, што, ќе плаќаш шеесет денари? Претеруваат... а дневница македонска 350 денари од кои 100 денари отишле за јадење на работа.