Нови цени на ЈСП, бесплатен превоз за студентите

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување
И конечно да заклучиме - бесплатниот превоз е многу лош потег. Не знам зошто @Branchez воопшто ја отвори темата. Веројатно премногу гледа Сител.
бесплатниот превоз е супер потег во не можењето и немањето капацитет за решавањето на стандардот,беспарицата,невработеноста(30%),немањето капацитет за градба на капитални проекти,решавање на проблемите од екологијата (двете најголеми реки во државата пливаат во смет),воздухот во поголемите градови,проблеми во здравството - секој ден смртни случаи од бизарни последици итн итн - ова е проектот кој ни требаше
 
Не знам зошто @Branchez воопшто ја отвори темата. Веројатно премногу гледа Сител.

Темата ја отворив за дискусија, ако не ти се дискутира ете ти играчница, дружи си се Сунѓерот таму.
 
Темата ја отворив за дискусија, ако не ти се дискутира ете ти играчница, дружи си се Сунѓерот таму.
Која дискусија кога си ја отворил темата без коментар. Еве ти произнеси се. Башка уште веднаш ти укажав дека насловот ти е погрешен со прашалник ама ти не реагираш.
P.S. Веста ја објавив на форумот пола саат пред тебе ама нема врска.[DOUBLEPOST=1449599072][/DOUBLEPOST]
Латасе ти ли си бре!!! :lolzz:
Така вика Латас? Годинава го имам гледано два пати.[DOUBLEPOST=1449599146][/DOUBLEPOST]
Како вешто ја користиш иронијата, сигурно барем еднаш имаш победено на оние натпреварите во држење говори...
Зошто иронија. Тоа е заклучокот. Секогаш се знае кој е заклучокот кога ќе се приклучат Ставрогин, Бранчез, Рој Факер, Берик и простодушните хакор, злаки и слични.
 
Која дискусија кога си ја отворил темата без коментар. Еве ти произнеси се. Башка уште веднаш ти укажав дека насловот ти е погрешен со прашалник ама ти не реагираш.
P.S. Веста ја објавив на форумот пола саат пред тебе ама нема врска.[DOUBLEPOST=1449599072][/DOUBLEPOST]
Така вика Латас? Годинава го имам гледано два пати.[DOUBLEPOST=1449599146][/DOUBLEPOST]
Зошто иронија. Тоа е заклучокот. Секогаш се знае кој е заклучокот кога ќе се приклучат Ставрогин, Бранчез, Рој Факер, Берик и простодушните хакор, злаки и слични.

добро е што си ме спомнал и мене...ти кажав јас сум од оние 'старите' вмро-вци кои се бореа за самостојна и независна Македонија додека другите се уште бараа да се пее ју-химната.И секогаш ќе бидам таков со слободен ум па кој сака нека биде на врвот од вмро.Ние старите вмро-вци ќе бидеме КАЗНА за новите печаловци од дпмне кои се во гуша од криминал и го газат светото име на ВМРО што потикнуват омраза помеѓу македонците.Запамти брутусе,тука сме...сите кои сте во група на форумов и со еден клик(лајк) го означувате потенцијалниот опасен по политиките ваши и ви смета е само знак дека вашите шеми се откриени.Дискриминација на поединци на форумот не значи и победа во мислата,затоа што сите во Македонија го чуствуваат режимот.
Да не ме раберете погрешно,Подржувам ова за студентите доколку НА НИВ им е ОКЕЈ,само што десет години по 365 дена тоа се.....ехееј денови,но баш сега кога му истекува мандатот на пастирот се решил да даде слободно возење..ма ајде де..
 
Уште никој не напиша дека со оваа мерка всушност ништо не се менува во она најважното, образованието. Грујо "воведува" мерки, овие другите се жалат а образованието ни е најбедно во Европа, сигурно и многу пошироко.
 
Еве бе од кај пари за вакви потези, доста се буните:


САУДИСКИ ИНВЕСТИТОР НА ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ВО МАКЕДОНИЈА?
Бизнисменот Калид Ал-Тавил од Саудиска Арабија, за кого јавноста прв пат слушна минатата година при владиниот лов на инвестиции во главниот град Ријад, на 11 ноември годинава добил решение за македонско државјанство издадено од МВР, дознава Телма.

Бизнисменот Калид Ал-Тавил од Саудиска Арабија, за кого јавноста прв пат слушна минатата година при владиниот лов на инвестиции во главниот град Ријад, на 11 ноември годинава добил решение за македонско државјанство издадено од МВР, дознава Телма.

Условите за добивање државјанство ги добил гарантирајќи со банкарска гаранција од 400 илјади евра дека ќе инвестира во Македонија, отворајќи фирма каде ќе вработи 10 луѓе. Со одлуката на Влада донесена во 2012-та година, од особен економски интерес, странец може да добие македонско државјанство, доколку инвестирал најмалку 400 илјади евра како инвестиција во нови капацитети.

Сега за сега нема информации кои се конкретните инвестиции на Калид Ал Тавал во Македонија. Но, тој не е единствен од странците кои ветуваа дека ќе инвестираат во Македонија и кои се најдоа на македонскиот Избирачки список. Сушанто и Свипна, синот и сопругата на контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој, како што откри КОД, ќе гласаат во населбата Бардовци.


И овој ли со адреса у Бардовци ќе го лупнат?
Не треба вехабијава да биде у Бардовци него тој што му дал државјанство.
 
и пак некои партиски студенти ќе кажат еее во времето на СДСМ го немаше ни тоа, подобро толку отколку ич.


Мое мислење не треба студентите да паѓаат и да се продадат толку ефтино за само еден месечен билет. Јас разбирам дека тоа ќе им намали околу 1,500 ден месечно но дали вреди да си се продадат за само толку?

Студентите не треба да потклекнуваат баш сега пред избори и да се задоволат само со тоа дека имале месечен билет треба уште премногу работи да се сменат во оваа држава за да се дојде до некое ниво за студентите.
 
Уште никој не напиша дека со оваа мерка всушност ништо не се менува во она најважното, образованието. Грујо "воведува" мерки, овие другите се жалат а образованието ни е најбедно во Европа, сигурно и многу пошироко.
Не се секирај, се работи и на тоа поле, со воведувањето на Кембриџ програмата веќе не може ни бедно да се нарече образованието :icon_mrgr:
 
Не се секирај, се работи и на тоа поле, со воведувањето на Кембриџ програмата веќе не може ни бедно да се нарече образованието :icon_mrgr:
Прочитана книга ми се, онаму каде што најпопулистички "воведува" реформи, а онаму каде што најмногу треба или импровизира како во случајот со тоа Кембриџ или е затскриено затоа што на цел нивни систем така му одговара, како што се факултетите.
Ова со бесплатниот превоз ќе ги прелаже оние што веќе се прелажани, најчесто оние:Ете во На грујо времето се прави нешто, кога беше вака во на Бранко времето?! или пак некои баби и дедовци што немаат појма и ќе си речат ете нема да даваат пари децата.
Вистински знаат да ја оценат оваа мерка само вистинските студенти, на кои скоро ништо нема да им се промени во за нив она најважното, учењето.
 
Епа да ти подобјаснам,не си само ти што немаш простор за многу правење туку цела држава нема. Ни на избори ни било каде,студентите уште помалце.
Студентите праат како што ќе им кажат дома бидејки зависат од родителите,затоа и најмалце мерки има за студенти. Не мора да ги купат бидејки цела фамилија им е купена дома веќе. Не очекувај деца револуција да праат.
точно е дека оваа идеја (која одамна и не е нешто ново за другите земји) е насочена повеќе кон семејствата на студентите затоа што тие главно го плаќаат студирањето. Ете кога се пласираше оваа информација студентот вели добро е, ок, добро е. Од друга страна нека размисли колку ни се девалвирани домашните буџети во однос на трошоците од лошите државни политики, даноците и разни дополнителни нови и нови давачки. Како пример невработен, само за обврзен систематски плаќа 300 денари од кои 170 за "прегледот". Друг пример, давачка за горивата воведена во 2009 од државниот орган, регулаторна. Приходите за државата само по тој основ се 6-9 милиони евра. Да не одам во теории на завери па да претпоставам зашто "случајно" се зголемува непроодноста на сообраќајот по улиците, а со тоа и потрошувачката на гориво. Друг пример, од наводната забрана за пластични кеси по што се воведе наплата на кесите, дополнителен трошок за граѓаните, приходите од тоа се проценуваат на над 1 милион евра. Еве и најнов пример-цената на огревно дрво кое директно зависи од владата.
Има милион "мерки" да не ги набројувам (менување лични исправи, наплата на разни најчесто непотребни документи, откуп на наводно дворно државно земјиште,...). И нови давачки и високи казни. Од неданочени приходи (надоместоци, казни, такси...) од 2006 до 2010 приходите во буџетот се удвоени, а тие пари се цедат од домашните и од буџетите на фирмите кои пак индиректно вилјаат на домашните.
Затоа ова е добро само ако владата по разни основи не зема многу повеќе од 200 евра пари за државниот буџет од домашниот буџет и само ако не ја задолжува Македонија како досега.
 
Последно уредено:
Може една пиеса во која приказната ќе се врти околу бојан мурен, слободоумен студент кој ќе се приклучи на спонтаното студентско движење за после 2-3 месеци со индигнација да го отфрли.
За тебе се може :love:
 
Многу едноставно бе луге, во април на избори излезете гласајте за Заев и СДСМ и ќе биде се во ред.
 
И конечно да заклучиме - бесплатниот превоз е многу лош потег. Не знам зошто @Branchez воопшто ја отвори темата. Веројатно премногу гледа Сител.
Може да заклучиме, дека во трка за гласови тоа што се плука се лиже повторно.
Дали ти сакаш да имаш водачи, што немаат свое јас, немаат образ ?
Бидејќи нудење на бесплатен превоз во очи избори, на група на луѓе што не те сакаат е навистина ниско паѓање, мислејќи дека ќе ги купиш на некој начин.
Тоа што ти го констатираш, е баш тоа дека ти си купен, си се продал.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom