Најтрагично ми е што членови што ( претпоставувам ) врска немаат ( уствари знам ) како уствари изгледа животот на студент сместен во студентски дом се праат тука паметни , како тоа веруваат во "реновираните" домови , како тоа еден таблет , ваучер , лап топ го решаваат животот на еден студент , гледајки го сето тоа на ТВ , на Сител или небитно на интернет по некој бош портали. И после тука идат со муабети .. Ејј ти дадоа ваучер , еееј ти дадоа бесплатен јавен превоз , еееј ви ги опремија лабораториите ( i mean wtf? ) , не знам зошто се жалите .. се ви исполнија!!
Да опишам малце , доколку мензата во Стив е океј , полна во секое време .. не барам многу јас сум задоволен и со парче салама и кашкавал/сирење јас би трошел неделно некои 500 денари. Секако нели зошто јас сум студент па и јас сакам кафе да пијам ( нели за тоа само постоиме ) , и јас го сакам тој луксуз. Чат пат многу нормално ќе се најде некој трошок , за кого цигари ,еден оброк можеби надвор од менза и сл нешто , можеби нешто од факс ќе има материјали за копирање . Скромни 500 денари за никаков луксуз , едноставно живеам нели. Е сега од овие тука сезнајковциве , што ситуацијата ја знаат само од ТВ и интернет јас би им препорачал да прошетаат малце по студентските домови. Бонските продавници се празни секаде. Од мензите само во Кузман може да се каже солидна , јас конкретно го зимам Стив. Мензата е празна. Јадење има во определени саати , кратко трае и ретко дали може секој баш да јаде во тој момент. Обично тоа е 11 саат , повеќето нели си ги извршуваат обврските во тоа време и во 5 часот кога има стек , е тогаш другари ти е исто како кога Хитлер ги редел евреите за да им даде леб. Редица дури и надвор од мензата , за последните не ни морам да потенцирам , стек - нема ! Поради овие причини , немајки значи доволно храна , моите трошкови не се 500 денари туку 1500 денари , затоа што јас 3-4 пати морам да мислам од каде ќе купам јадење.
Бесплатниот јавен превоз ми е компензанција за празната менза? ..Што е побитно да иам храна или бесплатен превоз? ..За мене приоритет е да иам храна , бесплатниот превоз е сосема океј да , ама прво ги сакам основите услови за живот.
Мене да ви кажам кур ме заболе и за партии и за пленуми и за се. Јас сакам да живеам како човек пред се!