Бела ноќ - 3.10.2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.547
Поени од реакции
8.382
Веб-сајт
www.flickr.com
1519572_1077021222307957_1580087618136809795_o.jpg


Почитувани,

пред нас е 11-то издание на манифестацијата БЕЛА НОЌ.
На 03.октомври, изберете ги вашите фаворити и повелете на некој од понудените настани.
Влезот за сите настани е бесплатен!

ГЛАВЕН НАСТАН! :
THE STROJ (Словенија) - Плоштад ПЕЛА

МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА:
20:30 -ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРАЊЕ
НА БЕЛА НОЌ 2015:

● Изложба: „Црвен петел - црна кокошка: култови на плодност, обреди, обичаи и верувања“.
Изложбата претставува дел од култовите на плодност што се практикувале на територијата на Македонија од предисторијата до денес. Предисториските женски фигурини, античките садови и ламби ја претставуваат археолошката манифестација на овие култови. Култните места, коишто и денес се посетуваат за жените да го добијат посакуваниот пород, се прикажани преку текстови и фотографии.

● Настап на групата Џоломари од селото Бегниште - василичарски обред со маски.
Обичаите со маски, кои го обележуваат крајот на зимата и возобновувањето на природата, се полни со симболички ритуални дејствија, кои треба да обезбедат плодност на луѓето, стоката и посевите. Овие архаични обичаи се презентираат и со настапот и документарниот филм на групата со маски „Џоломари“ од село Бегниште, Кавадаречко.

● Настап на диџеј
Шурбе & Ѓорѓи Јаневски (Канал 103)

Младински културен центар

ГАЛЕРИЈА МКЦ - 21:00

● ПРОТЕСТ - СЕКСПЛОЗИЈА
+ олтар на вагини

Изложба на Горјан Ѓорѓиев

Две изложби наместо ретроспектива
Во Галерија МКЦ и „Храм со кодирана порака„

МКЦ хол, плато - 21:30

● Антони Мазневски - Времено 52’ / Temporary 52’
-дело во процес, уметнички чин што подразбира и дозволува повеќе начини на интерпретација, реализација и презентирање: перформанс (улично-галериски), фотодокументација, видеодокументација.
Идеопластички.....флека , брош, статус, симбол...жив морфем. Мобилна структура во постојана трансформација. Погледнато социолошки, едно поимање и естетика на појавувањето и исчезнувањето. Погледнато на атомско ниво, светот се појавува како едно сложено ткиво на настани во кои врскита од најразличен вид меѓусебно се надополнуваат, преклопуваат и комбинираат и со тоа ја одредуваат текстурата на целината.

МКЦ ПЛАТО - почеток 21:30

● Fusnota, Палиндром, Millko, Тело-Наука
Совршена, Tajcido , DJ Jona

20:00
Горно фоаје на кино Фросина
-Мултимедијален перформанс:
East meets West
-визуелна арт-егзибиција, која претставува обид за поврзување на луѓето и културите од двете хемисфери, обид за размена на идеи, промоција на големи културни размени меѓу Истокот и Западот.
куратор:Kerwin Williamson
уметници: Kerwin Williamson, Abede Lovelace, Leni von Geleva, Лилика
Стрезоска, Јана Јакимовска, Василије
Смилевски
Писатели/поети: Никола Џилвиџиев,
Дубравка Смилевска
Музичари: Абе Ана Човече, Александар
Никодиновски

дансинг сала
● Сашо Поповски
– РЕАЛНОСТА НА ВИРТУЕЛНОТО/REALITY OF THE VIRTUAL
-мултимедијална изложба - светлечки кутии (light box). Проект што започнува со визуелна обзервација на развојот на матичните кутии на компјутерите.

● Дарко Заревски – изложба на две слики “Look, no hands” - (35х54; 85х44)
- Сирова комбинација од веќе постоечки мотиви со секојдневни елементи и форми на веќе еднаш употребени материјали. Патетично сек'нд хенд колажирање изведено со неколку тонови спреј и стенсил (шаблон).Интервенции врз смислата, барајки го само нејзиниот апсурд .

● Кристина Зимбакова - Потоморена револуција/Concealed Revolution
- Комбинирана техника на лично користен душек (акрил, јаглен, свила, лишаи Pseudoevernia sp. и Xanthoria parietina, потпрено на два примерока од габа Fomes fomentarius)


Плоштад Пела 20:30

● Модна ревија – модно студио Црнокрак

●Protagonist - The Protagonist се основани во ноември 2010 година од Р. С. Раш и Кузман. Нивниот деби албум „No Exit Museum“ (излезе во мај 2015 година за „Пасворд продукција“) е базиран на текстуално богати, интертекстуално содржајни и инспиративни концепти, од научна фантастика, драмски дела па сè до човечки и природни околности

●The Stroj (Slo) - „The Stroj“ е составен од осум перкусионисти кои користат неконвенционални „инструменти“ при создавањето на музиката, како метални буриња, искористени метални делови од машини и низа други делови, најчесто пронајдени по отпадите за стари автомобили.

УЛИЦА МАКЕДОНИЈА:

● Венета Иљовска – инсталација,
книжевно катче

МАЈКА ТЕРЕЗА, ПЛАТО:
20:30

● РЕБИС – Кореографија на улица/Street dance
-кореографии и деца од сите возрасти (од 4- 20 год.). Со овој тип на настап публиката се запознава со уличните уметности и танци.

21:00
● Ивана Атанасова – „Ќе има (ли) војна“
- театарски перформанс
-„Ќе има (ли) војна“ е кратка театарска фантазија којашто посочува прст кон толпата и нејзината масовно
хистерична моќ, а истовремено го
преиспитува индивидуалецот. Ги гледаме неговите борби и падови, камшиците на сметка на индивидуалноста, лузните од кажаното, гневот свртен кон себеси и борбата да се надмине сето тоа, барајќи го најсоодветниот одговор со кој тој, уметникот, располага - креацијата.

21:45
●Поетско читање - учествуваат: Ѓоко
Здравески, Андреј Ал-Асади, Давор Стојановски, Биљана Стојановска,
Владимир Лукаш, Гаврило
Миловановиќ, Даниел Карески, Марта Маркоска, Николина Андова Шопова, Снежана Стојчевска


НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА
21:00

● Изложба на Јасмина Новковска
насловена:
„Во кој свет живееме„


КУЛТУРНО ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

● „Четири пози„

Автори:
Никола Мартиновски
Васил Василев
Мирослав Масин
Никола Ангековски


Дом на културата КОЧО РАЦИН
21:00

●Дороти Пачкова – проекција на документарен филм (30 мин.)
- Преку повеќе медиуми ги актуелизира темите од секојдневниот живот на единката поврзани со родовото прашање – родовиот идентитет, нарушениот перформатив на тема посветена на самохраните мајки-односно еднородителски семејства кои се соочени со бројни предизвици во секојдневната борба за базичниот егзистенс.

●Александар Лахтов – проекција на
краткометражен филм (9 мин.)
- Приказна за двајца биснисмени длабоко вмешани во валканите игри полни со измами, клевети и заблуди. Биснисмените, некогаш најдобри пријатели, вплеткани во мрежата на криминалот, одлучуваат да го земат законот во свои раце.


ШКОЛКА, ГРАДСКИ ПАРК
20:00

● ПАНК-РОК ФЕСТИВАЛ
Флукс , Тотално Опуштање, Културно Уметнички Работници, Hosenfefer, Psycho-Sonic Boris, Swatovski


АРМ:
● ЗДРУЖЕНИЕ НА КОПАНИЧАРИ
Изложба на копаничарски дела од автори од Македонија.
Делата ќе бидат со различна тематика како на пример: флора, фауна и други
мотиви.


КУРШУМЛИ АН
21:00

● Ана Димчевска – „Зигот“ – изложба
– акварел и темпера
-Изложбата „Зигот“ го зачнува перепетуалното прашање за човековото постоење преку создавањето, љубовта и социјалните бариери. Предизвиците пред изборот се длабоко интегрирани во делата, надополнети со чистиот естетски израз, отсликан низ етичкиот код
на суштествувањето.


Градска библиотека
„Браќа Миладиновци“- Скопје
21:00

● Музичко-поетска програма: Промоција на Библиографија на монографски публикации „Скопски писатели“ од Сузана Данаилова



ГАЛЕРИЈА ГРАЛ
Специјална поставка
Отворена цела вечер

КИНО МИЛЕНИУМ

● 24-часовен филмски маратон
-со почеток од 12:00 (3.10.) до 12:00 (4.10.)


ДКЦ во МКЦ
17:00 – 22:00

● Во временскиот интервал од 17 до 22 часот ДКЦ ќе биде отворен за активности како на пр. цртање, танцување, глумење (импровизации), едукативни игри, а со
децата ќе работат едукатори, кои се
непосредно одговорни за работилниците што се одржуваат во центарот.
Влезот во тој термин ќе биде бесплатен.




● Попладневно матине
во Зоолошка градина - бесплатен
влез од 17:00 до 19:00 часот



● Бесплатен транспорт со линиите 8 и 15А на ЈСП Скопје од 17:00 до 19:00 часот



● Бесплатен транспорт со автобусите на ЈСП Скопје од 19:00, на сите линии кон центарот на Скопје

FB event
 
Бела ноќ е закон!
Омилено ми е на школка.
Треба да стават некои ДЈ - и и да рока до сабајле. :)
 
Како да стигнам да ги слушам Телонаука Совршена во МКЦ и Тотално Опуштање и КУР во парк? :(
 
Повелете и филмската програма во Кино Милениум за БЕЛА НОЌ 2015.
НАпоменуваме дека билети ќе ви требаат САМО за филмовите „Ничие Дете“ и „Зимски Сон“!
Еден посетител може да подигне најмногу 2 билети.
Билети можете да подигнете на Билетара на КИНО МИЛЕНИУМ во сабота (03.10) од 10:00.

12:00 – Легендата за Сарила / The Legend of Sarila
14:00 – Што сме му згрешиле на Бога? / Serial (Bad) Weddings
16:00 – Филомена / Philomena
18:00 – Опасен повик / Locke
20:00 – Ничие дете / Nicije dete
22:30 – Зимски сон / Winter Sleep
02.00 – Далеку од луѓето / Far from Men
04.30 – Крвни врски / Blood Ties
07.00 – И понатаму Алис / Still Alice
09.30 – Змејско гнездо: Зората на воинот / Dragon Nest: Warriors’ Dawn

Секоја година сè по чкљ програма. Ланската програма имаше понови филмови од овие. (n)
 
Пред МКЦ ја отвораме вечерта, Fusnota. Некои метали, готици, кизнеј шо свириме и ние. :D
Браво машко! Ве знам, само напред! Иако ќе свирите со неразбраните во сабота (воедно и пола мои колеги од 103ка) ќе гледам да поминам да ве испоштувам. Ако не, се гледаме на Куку Леле! :DD
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom