До кога МПЦ планира да го дере народот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Moon Child
  • Време на започнување Време на започнување
Ова значи дека ти како Католик не ја познаваш доволно твојата вера,односно нашата.Во Христијанството нема ништо окултно.Вие во Католичката црква тајно ги правите мисите ? тајна е како се врши миса ? не,па ни кај нас во Православната исто нема ништо тајно.А само затоа што страната се вика ортходокс не значи дека треба да поверувам и во тоа што го пушува.Стрикно се држам до правилата на форумот бидејќи сум многу пати баниран поради нив,ако сакаш да дебатираме за тоа,бујрум цитирај ми го постот во Дискусија или Прашања за Христијанството,со задоволство ќе дебатираме.Овде веќе не пишувам за окултизам,се сложувам со мислењето погоре од членот дека Окултизмот не е темата.
Од каде сега свати дека сум бил Католик,јас нигде такво нешто не потенцирав.Можеби сум Муслиман,можеби Јеховин сведок,ама темата не е за мене.Доколку кажеш дека нема окултизам во православието,со тоа потврдуваш дека тоа не е божествено,туку само материјалистичка организација.Секоја заедница си има свои особености свој дух,со кои заедништвото е поблиску до Бог,а Бог допира до сите.
 
Затоа се повеќе од луѓето кои сакаат да веруваат ќе си се пронајдуваат во протестантизмот,католицизмот.Православието не е основа на Христијанството,всушност тоа е најдалеку од библиската доктрина и христијанската теологија.
Секој си избира религија според наследство од родители или според убедување. Значи јас македонската црква и незините водачи не ги поистоветувам со христијанската религија, затоа што се орудие на дневно полтички интереси. Познавам и многу духовни луѓе кои се потиснати од овие другите желни за власт. Сите тие превирања во свештенството не можат да го отргнат човекот од својата религија , А тоа што е христијанството и каква религија е, стара или нова треба посебна тема. Секој човек длабоко во себе знае што чувствува и како да се моли.
 
Оваквиот поглед на религијата го има само во Македонија.Во никој случај Христијанството не може да биде наследство,се може да се наследи,имот,гени,ама убедувањето во никој случај.Доколку и тоа е наследно,тогаш човекот нема сопствено резонирање,туку автоматизам.Слободната волја е во тоа што без разлика какви се моите родители,јас можам да направам избор,да бидам муслиман,будист,атеист и богзнае што.Можам да бидам нешто ако имам желба во тоа да напредувам и да дадам свој допринос,а не само да бидам обична бројка на некоја организација.
 
Оваквиот поглед на религијата го има само во Македонија.Во никој случај Христијанството не може да биде наследство,се може да се наследи,имот,гени,ама убедувањето во никој случај.Доколку и тоа е наследно,тогаш човекот нема сопствено резонирање,туку автоматизам.Слободната волја е во тоа што без разлика какви се моите родители, јас можам да направам избор,да бидам муслиман,будист,атеист и богзнае што.Можам да бидам нешто ако имам желба во тоа да напредувам и да дадам свој допринос,а не само да бидам обична бројка на некоја организација.

Ти можеш, но многумина не можат. Каков избор може да направи некој што се родил во муслиманско семејство во Саудиска Арабија, Судан, Иран, Пакистан...? Избор на каков начин сака да биде убиен?
 
Ти можеш, но многумина не можат. Каков избор може да направи некој што се родил во муслиманско семејство во Саудиска Арабија, Судан, Иран, Пакистан...? Избор на каков начин сака да биде убиен?
Споредбава на мене и тебе како Македонци и нашиот избор,место споредба со Американци,Французи и Германци,направена со Саудијци,Иранци,Палестинци многу кажува за нашиот светоглед како Европска нација и правецот на каде се движи Македонија.Нас ни треба слободно општество,без традиции,без присила,без диктатура.
 
Од каде сега свати дека сум бил Католик,јас нигде такво нешто не потенцирав.Можеби сум Муслиман,можеби Јеховин сведок,ама темата не е за мене.Доколку кажеш дека нема окултизам во православието,со тоа потврдуваш дека тоа не е божествено,туку само материјалистичка организација.Секоја заедница си има свои особености свој дух,со кои заедништвото е поблиску до Бог,а Бог допира до сите.
Оccultus - скриено,тајно(од Латински).Што има тајно и скриено во Православието ?[DOUBLEPOST=1425827319][/DOUBLEPOST]
:facepalm::tapp: Тој незнаел ниеден окултист лично, ама затоа имало луѓе што познаваат и што напишале книги......
Значи јас како окултист според тебе не кријам дека сум предизвикал поплави, дека вакцините се завера, дека во америка се градат концентрациони кампови....?![DOUBLEPOST=1425763649][/DOUBLEPOST]
Фрустрации барај кај оние што се замараат со нас ширејќи параноја и лаги! Секоја втора "вест" во темата верски вести е за наводна завера од која човештвото треба да стравува и зад која нормално стои окултизмот нели!
:facepalm:
Ти и да ми речеш дека можеш да направиш такви работи,јас нема да ти верувам.Познавајќи те тебе,гледај овде колкава ароганција имаш,да можеш во чаша вода би не удавил,а не па да имаш таква моќ...
Не,има други вака големи филантропи по планетава кои викаат јадете ГМО,супер е,и така натаму и така натаму.И дај ако сакаш да дебатираш цитирај ми го постот на друг форум,не ја труј темата со твоите паранормални сфаќања за Христијанството.
 
Последно уредено:
Оваквиот поглед на религијата го има само во Македонија.Во никој случај Христијанството не може да биде наследство,се може да се наследи,имот,гени,ама убедувањето во никој случај.Доколку и тоа е наследно,тогаш човекот нема сопствено резонирање,туку автоматизам.Слободната волја е во тоа што без разлика какви се моите родители,јас можам да направам избор,да бидам муслиман,будист,атеист и богзнае што.Можам да бидам нешто ако имам желба во тоа да напредувам и да дадам свој допринос,а не само да бидам обична бројка на некоја организација.
Mislev nasledstvo, koga bebeto se ragja roditelite vo najgolem slucaj go priklonuvaat kon svojata religija. A ako me prashaa mene religijata kako i drzavata gi ogranicuva lugjeto, gi zatapuva, i gi pravi poslushnici na organizacii i ureduvanje . Cvekot treba da e osloboden i da razmisluva so svojot um......Epten shiroka tema.
 
На 02.03.2015 година, Епархискиот Управен Одбор на Преспанско-Пелагонсиката епархија ја одржа својата редовна годишна седница на која се разгледуваше и се заклучи состојбата на буџетот за 2014 година, и се одобри буџетот за 2015 година.

На седницата, исто така се разгледуваа и други прашања од практичните и духовните потреби на епархијата. Преспанско-Пелагониската епархија не ги покачува цените на црковните Таинства, а што се однесува на лицата кои финансиски не се моќни да ја пожртвуваат предвидената сума, Црквата бесплатно ќе ги исполни духовните потреби на христијаните.
http://www.pppe.mk/2015/официјално-известување-нема-поскапу/
 
Mislev nasledstvo, koga bebeto se ragja roditelite vo najgolem slucaj go priklonuvaat kon svojata religija. A ako me prashaa mene religijata kako i drzavata gi ogranicuva lugjeto, gi zatapuva, i gi pravi poslushnici na organizacii i ureduvanje . Cvekot treba da e osloboden i da razmisluva so svojot um......Epten shiroka tema.
Пред се сите сме луѓе,а Македонштината и Православието е само алатка која се користи за манипулација на широките маси.
 
За новиот „Ценовник“ во Црквата
Вести
05 Март 2015
Посети: 316

0_125da3_257aa06d_XXXL-1024x715.jpg

05/03/2015 Актуелности, Поуки - совети

„Не знаете ли дека оние, што свештенодејствуваат, се хранат од светилиштето, и кои служат на жртвеникот, делат со жртвеникот? Така и Господ заповедал, проповедниците на Евангелието да живеат од Евангелието.
Но јас не се ползував ни со едно од тие права; и не го пишав ова, за да се приложи сето тоа кон мене. Оти за мене е подобро да умрам, отколку некој пофалбата да ми ја одземе. Зашто, ако проповедам Евангелие, нема за што да се фалам: бидејќи тоа ми е должност, а тешко мене, ако не проповедам“. (1 Кор. 9, 13-16).

„Ценовник“, „тарифник“, „џипови“, „скандали“, се зборови кои најуспешно го привлекуваат вниманието на луѓето. А пак: „Во Бога верувам, но во црквата и поповите не верувам“ би бил еден од најчестите коментари, и оправдувања за својата незаинтересираност, соблазнетост и невоцрковеност. Се чувствуваме сопственици на Црквата и на државата, неоткинлив дел од нив, секогаш имаме што да искритикуваме, осудиме, некого да обвиниме. И сето тоа е во ред, ако знаеме што всушност значи да се биде суштински дел и на Црквата и на државата. Вие сте телото Христово, а поодделно – членови. И едни од вас Бог постави во Црквата прво апостоли, второ пророци, трето учители; потоа даде дарби за чудеса и исцелување; па застапници, управници и луѓе што зборуваат на разни јазици (1 Кор. 12, 27-28). Христијаните сме навистина род избран, царско свештенство (1 Петар. 2, 9), потполни и подеднакви учесници во благодатта на обожувањето. Не само што имаме „глас“ во Црквата, туку и сме повикани, должни сме да го дадеме своето слово во неа. Но, тоа дали нашето слово ќе ја прими силата на Воплотеното слово и ќе ја преобрази состојбата во која се наоѓаме, или ќе стане деструктивна сила која ќе нè уништи најпрвин нас самите, зависи од тоа колку сме свесни за нашата улога во неа.

Сите сакаме да имаме свештеници кои ќе ни ласкаат, бесплатно ќе нè тешат, ќе ги извршуваат церемониите кои не толку ги разбираме, но кои ни даваат легитимитет и право да се удираме во гради дека сме побожни и праведни. Сите сакаме да имаме пратеници, службеници кои беспрекорно ќе ја извршуваат својата работа, кои ќе го даваат животот во служба на државата, и романтично да размислуваме за тоа како некогаш добро се живеело. Сакаме некој непознат да ни ги реши проблемите, и ние да не размислуваме за ништо – доколку тоа е можно. И тоа, за жал, ќе ни се случи, кога сосема ќе се откажеме да размислуваме, и ќе го продадеме нашиот разум и слобода за поудобна, полесна и „посветла“ иднина во новиот синкретистички систем.

Добро е што сеуште нè боли душата кога гледаме дека се случуваат неправди во црквата и во државата. Добро е кога реагираме на злото. Но, неопходно е да ги знаеме вистинските идеали и нашата улога во нив, за да можеме да направиме некаква промена. Доколку нашиот став е: „во Бога верувам, но не мора секоја недела да одам во Црква“, и спаѓаме во номиналните христијани, ќе имаме и номинални свештеници. Доколку „си ја сакаме државата, но може да ги заобиколуваме нејзините закони“ тогаш ќе имаме токму такви пратеници, службеници.

Само ние го градиме или рушиме нашето општество. Можеби не е сè наша вина, но сигурно е наша должност да станеме бесценети камчиња од прекрасниот мозаик кој се вика Црква. Да одиме во храмовите, да Го побараме најпрвин Христос, да се пронајдеме себеси како христијани, тогаш Бог ќе ги тргне и „ценовниците“ и „кратците“ и богатите и сиромасите, и сите ќе станеме едно во Христос.

Ќе наведам уште една приказна за човечката креативност:

Си живееле еднаш маж и жена, кои имале дванаесетгодишен син и едно магаре. Одлучиле да заминат на патување, да работат и да го запознаат светот, и такатргнале на пат. Кога дошле во првото село, луѓето коментирале:
„Погледнете го ова невоспитано момче. Тоа седи на магарето, додека неговите кутри родители го влечат.“ Тогаш жената рекла на својот маж: „Нема да дозволиме луѓето да зборуваат лошо за нашиот син.“ Мажот го симнал детето од магарето и седнал на него.
Кога дошле во друго село, луѓето мрмореле:

pouchna-prikazna-ostavete-gi-neka-ve-ozboruvaat-kafepauza.mk_-444x292.jpg

„Погледнете го ова, нека се засрами човекот што дозволува неговата жена и неговото дете да го влечат магарето додека тој седи.“ Тогаш одлучиле дека жената ќе седи на магарето, а мажот и детето да ги држат уздите.
Така тие пристигнале и во трето село каде што луѓето повторно коментирале: „Кутар човек! Цел ден работел, а неговата жена седнала на магарето. И кутро дете, којзнае што уште го чека со таква мајка.“ После ова одлучиле сите тројца да се качат на магарето и продолжиле да патуваат.
Кога дошле во следното село, слушнале како луѓето коментираат дека грбот на сиротото магаре ќе пукне од преголема тежина. И тогаш сите тројца одлучиле да се симнат и да пешачат. Кога поминувале низ следно село, не можеле да поверуваат на коментарите од луѓето кои им се смееле: „Видете ги овие три будали… пешачат, а имаат магаре кое што може да ги носи. Зар не би било нормално еден да поштедат од пешачење, а само двајца да пешачат.“

Така и ние, можеме бесконечно да се расправаме кој треба да го влече магарето, но за семејството секогаш ќе биде најважно да стигне до целта. А по патот, ќе се менуваме!

Подготви: Златко Дивјаковски
(личен став на авторот)

Извор: Преспанско-пелагониска епархија
http://preminportal.com.mk/266-vesti/16029-za-noviot-cenovnik-vo-crkvata
 
МПЦ оддамна нема ама баш ништо духовно во себе... Во пари и луксузирање им е умот.
 
Оваа од видеото сигурно некоја попадика е.а...алоооо бе!
3000 денари погреб, 6000 свадба...алоооо бе!
Треба нови мечки да се купуваат, излегуваат нови модели!
Бај д веј... црквата НЕ ПЛАЌА даноци!
 
:facepalm:
Ти и да ми речеш дека можеш да направиш такви работи,јас нема да ти верувам.Познавајќи те тебе,гледај овде колкава ароганција имаш,да можеш во чаша вода би не удавил,а не па да имаш таква моќ...
Не,има други вака големи филантропи по планетава кои викаат јадете ГМО,супер е,и така натаму и така натаму.И дај ако сакаш да дебатираш цитирај ми го постот на друг форум,не ја труј темата со твоите паранормални сфаќања за Христијанството.
Среќа невидена што христијанството има вакви експерти како тебе.
Камповите на ФЕМА до кај се? Мене тие филантропите ништо не ми кажуваат, циции невидени се.
 
Среќа невидена што христијанството има вакви експерти како тебе.
Камповите на ФЕМА до кај се? Мене тие филантропите ништо не ми кажуваат, циции невидени се.
Не дај боже да сум јас експерт,среќен сум што секоја ваша сатано-атеистичка глупост за Христијанството ви ја пукам од глава како тиква од бетон.Ти реков не ја труј темата со твои глупости,ти де окултизам,де за поплави ве криват,де се за ФЕМА ме прашуваш.. кога веќе ме прашуваш,искрено ќе ти одговорам.Ни знам кои се нити па ме интересира што прават во нивните кампови.Не гледам ни причина зошто би ме интересирало.
 
Оваа од видеото сигурно некоја попадика е.а...алоооо бе!
3000 денари погреб, 6000 свадба...алоооо бе!
Треба нови мечки да се купуваат, излегуваат нови модели!
Бај д веј... црквата НЕ ПЛАЌА даноци!
Неможам да ја најдам целата емисија. Ја нема на јутјуб. Поарно што ја нема. Да ги слушнеше другите гледачи што се не изнакажаа. :vozbud: Од, отприлика 40 јавувања само оваа последната застана од страната на МПЦ. А како ја запукаа неа после оди слободно види на фејсбук кај искра
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom