До кога МПЦ планира да го дере народот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Moon Child
  • Време на започнување Време на започнување
2. Ако во Америка одреден педофил силува деца,

Ај да ти помногнам, онака, чисто рисјански...

Постот, т.е. линкот кој го посочив/превзедов, не се однесува на никаков забеган блудник, туку на институционално допуштено противприродно блудство. Ти текнуе?

Тоа блудство не е „ништо ново„, туку само проширена „палета„ на забеганост, која одамна или тековно се озаконува на „демократскиот„ Запад, попут проституцијата, наркоманијата, евтаназијата, сатанизмот, истополните „бракови„ (???) и сличен физиолошки отпад, „благословен„ не од било кого, туку од самата држава.
 
Тоа беше пример, ти пишав во загради.
Ти ме прашуваш што е верска вест или сакаш да ја дебатираш блутноста на западот тука? Ти реков што е верска вест човече, аман, зошто не се разбираш од збор?
Не знам што бараш од мене, ти објаснив која е разликата меѓу „верска вест“ и „неверска вест“.
Ако не ти се свиѓа, ти реков што да превземеш.
 
4. Кој милува, поточно, кој нејќе да прими услуга и благослов од Црквата, нека си седи дома како Богоотпадник.

Прашање до тебе: како Црквата го дере народот?
За да отпаднеш од некаде или од нешто, неопходно е прво да си бил дел од тоа....
Како може да биде "богоотпадник", оној што никогаш не бил дел од црквата? Оној што не се пронаоѓа себеси во тој модел, начин на живот, размислување и слично?
 
1. МПЦ-ОА е помесна Црква од македонскиот народ.
2. Верниот македонски народ ја чини Црквата, оти тој ист народ членува во Црквата или како свештеник, или како свештеномонах или како мирјанин.
3. Црквата се грижи за своите: заедница за поединецот и обратно, поединецот за заедницата.
4. Кој милува, поточно, кој нејќе да прими услуга и благослов од Црквата, нека си седи дома како Богоотпадник.

Прашање до тебе: како Црквата го дере народот?
1. Мижи Асан да ти баам
2. А неверните свештени лица го злоупотребуваат тоа
3. Јас до сега не осетив никаква грижа на мене од црквата
4. Каква услуга пријателе? Туристичко комерцијаална?

Никој не смее да им суди на луѓето освен Бога, дали јас сум отпадник или не Тој ќе одлучи не ти, не никој свештеник. Еден ден сите ќе застанеме пред Него да одговараме за своите дела, ќе имаш шанса да Му објасниш зошто тие што плаќаат за туѓи џипови се верници а другите отпадници.
Прашање до тебе
Каде ќе им оди душата на џипоуживателите?
 
1. Мижи Асан да ти баам
2. А неверните свештени лица го злоупотребуваат тоа
3. Јас до сега не осетив никаква грижа на мене од црквата
4. Каква услуга пријателе? Туристичко комерцијаална?
1. ....
2. Неверните се изјаснуваат за „атеисти„.
3. Колку ти за Црквата, толку и таа за тебе.
4. На погрешно прашање, се дава погрешен одговор,[DOUBLEPOST=1426102523][/DOUBLEPOST]
Каде ќе им оди душата на џипоуживателите?

Прочитај се самиот, цитирам:
„...Никој не смее да им суди на луѓето освен Бога...„

Превземено од:
http://forum.kajgana.com/threads/До-кога-МПЦ-планира-да-го-дере-народот.77027/page-22#post-7161387[DOUBLEPOST=1426102620][/DOUBLEPOST]
За да отпаднеш од некаде или од нешто, неопходно е прво да си бил дел од тоа....
Како може да биде "богоотпадник", оној што никогаш не бил дел од црквата? Оној што не се пронаоѓа себеси во тој модел, начин на живот, размислување и слично?

Црквата е Богочовечка заедница.
Бог, Творецот човеков, дојде ради човекот, не ради Себе.
Кој не Го прифаќа Бога, автоматски е Богоотпадник.[DOUBLEPOST=1426102737][/DOUBLEPOST]
Ти ме прашуваш што е верска вест или сакаш да ја дебатираш блутноста на западот тука?

Не можам да ја „дебатирам„ блудноста на Западот, оти тоа не е „ствар„ за дебата, туку е реалност, која е само прашање на време кога ќе ни тропне на порти и нам...[DOUBLEPOST=1426102797][/DOUBLEPOST]
Ти ме прашуваш што е верска вест или сакаш да ја дебатираш блутноста на западот тука? Ти реков што е верска вест човече, аман, зошто не се разбираш од збор?

Ако веста не е верска, тогаш нема ни да ја посочам како верска, ниту ќе ја внесам на „Верски вести„.
 
Последно уредено:
Црквата е Богочовечка заедница.
Бог, Творецот човеков, дојде ради човекот, не ради Себе.
Кој не Го прифаќа Бога, автоматски е Богоотпадник.
Истото го тврди и исламска држава, а ништо подобар доказ дека баш вашиов бог е тој вистинскиот немате....
Со кое право ти мене ме прогласуваш богоотпадник?! Со кое право носиш квалификаџии во Божјо име? Бог неможе сам, па потребни сте му вие да одредувате кој е богоотпадник?!:tapp:
 
Што вели ИД, не ме засега: тоа е нивен став.

Дали некој е или не е Богоотпадник, за тоа нема потреба од квалификација од нечија страна: доволно е да се погледнат личните ставови од форумџиите (...а и шире...) кои сами за себе говорат и кои самите себе, онака, „не сакајќи, се квалификуваат за отпаднати од Бога.

Кој не е со Бога, против Бога е. (Лука, 11.23).
 
И џихадистите не ги засега ти што си постирал стих од Лука, тие велат дека секој што не е со нив е против Бог.
 
А еве што вели сам Бог, а не што велат џелатите: „...По плодовите ќе ги познаете....„. (Матеј, 7.16).
За секој случај, види го и стихот 16.

Појќе е очигледно дека џелатскиот бог е крвољубец и човекомразец, кој не дава „5 пари„ за човековиот живот, кој не е даден од нив, туку од Бога.
 
Како се финансира МПЦ-ОА?

Почитувани верници,

Со оглед на тоа што деновиве на адреса на нашата редакција постојано пристигнуваат разни коментари за новиот „ценовник“ на Скопската православна епархија на МПЦ-ОА, би сакале и ние да го искажеме своето скромно гледиште, не за тоа дали поскапувањето е оправдано или неоправдано, потребно или непотребно, туку гледиште кое е еден вид одбрана од повеќедецениската негативна пропаганда против нашата Црква, која води корени уште од претходниот атеистички општествен режим.

Сите свети таинства во Православната црква на симболичен начин го прикажуваат реалното присуство на невидливото; секое свештенодејство во Црквата, во својата неизмерна длабочина ја отсликува и неизмерната Божја љубов кон родот човечки, љубовта на нашиот Творец и Господ, Распнат заради нашите страсти и слабости и Воскреснат за од нив да нѐ ослободи.

Затоа ние луѓето никогаш и со ништо не би можеле да ја отплатиме таа љубов Божја, пројавена кон нас преку светите тајни на Црквата Христова. Нашето доброволно влегување во Црквата е израз на нашата желба да оствариме личносен однос со Бога, и сѐ што правиме во неа и за неа, претставува акт на милосрдие, доброволен принос од љубов кон Христа, нашиот добар Бог и Спасител, а за потребите на нејзиниот живот. Со тоа што даваме, подаруваме, или како што нашиот народ милува да рече „плаќаме“ на Црквата, ние, всушност, покажуваме еден мал акт на благодарност за неискажливата благодат што таа ни ја дава, за вратите на спасението што ни ги отвора. А не треба никогаш да го заборавиме ни тоа дека сите ние, и народот и клирот, заедно сме дел од Црквата, која е Тело Христово, а поодделно сме членови на тоа Тело.

Од друга страна, Македонската православна црква, за разлика од повеќето Православни цркви во другите земји, но и од Римокатоличката црква и Исламската заедница, на своите членови не им наплаќа „членарина“, односно месечен или годишен данок. Целото административно тело на МПЦ-ОА, што ги вклучува сите нејзини вработени, живее токму од финансиските средства собрани од црковните треби (венчавки, крштевки, парастоси и останато). Исто така, и мисионерската активност на нашата Црква, како и градбата на нови храмови и одржувањето на старите, во најголем дел се финансира од тие средства. Не треба да се занемари ни фактот дека со поголемиот дел од црковните таинства, повеќето од верниците се ползуваат најчесто само еднаш во нивниот живот. Еднаш се крштеваме и можеби само еднаш сме кумови на крштевка, најчесто еднаш се венчаваме и еднаш венчаваме, а сиот трошок околу тоа го делиме со повеќе личности: кумот, зетот итн. Еднаш до двапати годишно во нашиот дом повикуваме свештеник за да ни освети вода, еднаш во годината славиме домашна слава и во црковната каса оставаме 150 денари за осветување на колач или петолебие. Тука се поставува и прашањето: колку пати годишно одиме во црква?! Повеќето од оние на кои им пречи „раската во туѓото око“, се луѓе кои во храмот влегуваат само три до четири пати годишно, некои и помалку, и тоа на Божиќ, Велигден, Успение на Пресвета Богородица и на некој друг поголем празник. Сме се запрашале ли некогаш и за тоа колку повеќе сили и средства трошиме за второстепените и помалку важни нешта, како што е на пример ресторанот во кој ќе се извршува прославата за конкретниот повод, надворешното украсување итн.?

Но, за жал, наместо некогашната љубов и пожртвуваност на нашиот народ кон својата Мајка Црквата, на која ѝ должиме буквално сѐ – од просвета до историска егзистенција – денес сѐ уште го жнееме класјето посеано од комунистичката пропаганда против Црквата, па така постојано ги слушаме тие престарени и декаденти стереотипи од типот на тоа дека сите попови имаат убави и скапи џипови, неколку станови, раскошни куќи...

И за крај, би спомнале дека духовенството секогаш им снисходи на оние верници кои навистина немаат услови да дадат свој материјален придонес за Црквата. Во контекст на ова би ги навеле групните венчавки и крштевки што ги организира Црквата, потоа нејзината милосрдна дејност кон сиромашните, помошта за повеќедетните семејства, народните кујни и сл.

Да бидеме духовно внимателни и да не осудуваме со леснотија, без подлабоко да размислиме и да ја запознаеме подобро потребата поради која некои нешта се случуваат.
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=1672
 
Е не ми се верува кое оправдување го вадат. Не наплаќале членарина, повеќето од верниците најчесто еднаш ползувале дел од црковните таинства, трошокот (???) се делел со кум или зет... И најважното, сме се запрашале ли колку трошиме на ресторан? Математикава е, и така не доаѓате секој ден, дај да ви земеме одеднаш поголема сума. А најсмешното е што написот доаѓа од Бигорски, комплексот кој ЦЕЛА ДРЖАВА го финансира. Муабетов се врти во круг и џабе е се.
 
Очигледно на некого веќе му дошло преку глава.

Вчера во штипската населба Сењак, 39-годишен штипјанец се обидел да силува свештено лице. Настанот се случил откако попот и клисарот поѕвониле на вратата за да направат претпразнично светење со вода.
Во истиот момент штипјанецот видно се возбудил, го вовлекол свештеното лице во куќата и сексуално го нападнал. Од поголеми проблеми свештеното лице било спасено благодарение на присебноста и мобилниот телефон.

Повикана била полиција и пожарникари кои ја скршиле вратата и него го извадиле надвор. По ова, напаѓачот бил приведен, а потоа му била укажана и лекарска помош.

Од Брегалничката епархија не сакаат да го коментираат немилиот настан, но од СВР Штип случајот се потврдува.

Извор
 
Од сега секој поп на терен да си носи тапа :pos:
 
Колку треба да е бил пиjан за да посака да ебе поп? Или е бил потомак на Хефестион и Аце пa за тоа:) Инаку поповите секогаш се били крадци, пиjаници и хомосексуалци :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom