Средношколски протести

Сосема непотребно е да се форсира математика и да се става на ниво на мајчин јазик.
Едно решение е приемен испит на факултетите, или пак самите факултети при избор на студенти да го стават Математика како задолжителен предмет за упис на истиот факултет.

Една убава реченица се врти низ интернетот, дека се уште чекаме кога ќе ни притребаат интегралите во животот...

Дајте бе, наместо да се ослониме кон она што ни е потребно за таа насока на која си се одлучил да се усовршиш, нас беспотреба не трупаат со некои работи кои поприлично брзо се забораваат или се учат колку да се поминат...

Цел образовен систем ни е за менување, овој протест е оправдан, али го чекам денот кога ќе се протестира за суштински промени во образовниот систем и целосна промена на истиот...
 
Подобро нека посветат внимание на она што имаат желба а не на она што мораат.
Чист пример за ова ти е сегашната директорка на Јаху Мариса Мајер, на времето прва работна позиција (во Гугл) таму и била програмер ама не ја бивало - со месеци пробувала да развие нешто што друг програмер го развил за многу пократно време. По тоа се префрлила на маркетинг каде што била доста успешна, е сега што е поентата оти го пишувам ова ? Бидејки неможе секој да го биде за се, ете она не била баш најдобра во програмирање ама затоа и одело маркетинг така да на некој ученик ако не му оди математика може му оди право па поарно на тоа нека се посвети.
Многу јасно тоа. Не за џабе велат: со сила убавина не бидува.
 
Си протестираат децата зашто знаат дека не знаат.
Не е ни нивна вина тоа што не знаат реално.
Кај мене во средно добиваа 4ки, а за двојки не знаеја математика, просто неписмени во тој дел, -2 и +5 не знаеја да соберат. Да не им руши просек со другите исто напумпани оценки де.
Тоа е она што не чини, а што во глобала не е вина на децата, зашто да ги фати професорите од кец да не ги мрднат, ќе видиме дали нив ќе ги фатело инат да не учат.

Од факултет пак, од онаа проста математика што ја имаме во прва, пола од факултетот ја влечат со години, што е исто мизерија. А на тестирања кога се оди за пракса/работа, буквално дипломирани студенти паѓаат на најобични математички работи, ко тоа погоре, равенки со две непознати, општа логика, корени и степени.

Протестов го оправдувам, зашто ко што пишав, децава се математички неписмени (повеќето), зашто никој не се замара ни да ги научи и оцени ко што треба.
 
Не треба само Струмичките матуранти да протестираат, туку сите во земјава. Кај екстерно, кај матура, кај дополнителни испити......, па сега и математика на матура. Во суштина незнам зошто воопшто се полага матура.

Наводно ако положиш матура потврдуваш дека имаш знаење..... како да не. Тој што има врски и без знаење ќе положи. Ама тоа е, мора некако на човека да му се земат парите...
 
Сосема непотребно е да се форсира математика и да се става на ниво на мајчин јазик.
Едно решение е приемен испит на факултетите, или пак самите факултети при избор на студенти да го стават Математика како задолжителен предмет за упис на истиот факултет.

Една убава реченица се врти низ интернетот, дека се уште чекаме кога ќе ни притребаат интегралите во животот...

Дајте бе, наместо да се ослониме кон она што ни е потребно за таа насока на која си се одлучил да се усовршиш, нас беспотреба не трупаат со некои работи кои поприлично брзо се забораваат или се учат колку да се поминат...

Цел образовен систем ни е за менување, овој протест е оправдан, али го чекам денот кога ќе се протестира за суштински промени во образовниот систем и целосна промена на истиот...
Ама не им бараат интеграли.Математиката што се полага на матура е онака основна,да се покаже знаење за логика,геометрија и базични математички операции.Сметам дека секој треба да знае да го положи тоа.
И мислам дека математика може да му иде на секој ако има кој да го насочи,али кај нас професорите што предаваат природни науки 90% се тешки морони без желба да ги научат учениците туку само ги оценуваат.Ради ова математика на екстерно ќе има катастрофални резултати(иако не треба да биде така).
 
Реално, претеруваат овие со тестовите.
Прашањата и задачите по математика не се проста алгебра или основна тригонометрија/геометрија и не, не е брука некој да не знае да дели/множи, собира/одзема на 18 години...
Задачите се комплицирани, тоа бара талент, со дарба за сфаќање на математика се раѓаш, не се стекнува тоа, кутриве деца не знаат главата кај им е, цел живот обврски и маки, пушење грас у двор...
Овие па земале, математика им дале да полагаат, на кој му треба математика у живот, за што ти користи математиката, на леб се мачка? :cautious:
Ја сум да се укине уопште ко предмет, па тие бубалиците и гиковите нека си решаваат задачи, нека не замараат, ок?
 
Ама не им бараат интеграли.Математиката што се полага на матура е онака основна,да се покаже знаење за логика,геометрија и базични математички операции.Сметам дека секој треба да знае да го положи тоа.
И мислам дека математика може да му иде на секој ако има кој да го насочи,али кај нас професорите што предаваат природни науки 90% се тешки морони без желба да ги научат учениците туку само ги оценуваат.Ради ова математика на екстерно ќе има катастрофални резултати(иако не треба да биде така).
Не ми треба геометрија, ама баш ич... Не верувам баш дека е најосновна кога и добри математичари одат на спремање па едвај вадат 4ки, не па на некој што не му оди...
Математиката и јазикот не се учат на памет па секој да може да ги научи, потребен е и талент.

Во работата (економист) ниту еднаш не ми притребале некои од тие работи, не па оние што се одлучиле за филолошки факултет на пример. Доволно е да имаш малце логика и да знаеш да користиш компјутер/ексел и тоа е тоа....
 
Ја сум да се укине уопште ко предмет, па тие бубалиците и гиковите нека си решаваат задачи, нека не замараат, ок?

Ako некогаш се укине како предмет,тогаш ќе протестираат против некој друг предмет,се додека и тој не се укине и така натаму...:D
 
На, што им пуштам на децата во основно за да се оттргне тоа „шо ќе ми е математика глупости“ итн. и покрај тоа што предавам друг предмет, кој не би постоел без математиката. Hint, hint.


Математиката е основа на животот и се околу него. Математиката е убавина.
Yeah, sometimes there's a bunch of too advanced crap in it that you'll probably won't need but поентата е да размислуваш, поврзуваш, сфаќаш и ти текнуе.
Уште во нејзината основа е единствена која има rewarding чувство.
 
Реално треба да има математика задолжително само при некакви приемни испити кои би се вовеле во технички факултети, математички и компјутерски системи. Од друга страна, математиката нема да ја разбере со протести, него со отварање на збирка задачи и решавање додека не ја засака. Друг начин нема. Ни на мене не ми "одеше" математика, и седнав, вежбав и резултатите си дојдоа сами по себе. Јас колку сум учил непотребни предмети неповрзани со мојата специјалност на факс, не се свесни. Штом сум можел јас а и многу други, можат и тие.
 
Не знам дечки... јас мислам сите предмети да ни ги бапнат на матура, па куд пукло - да пукло. :D
А и не ме чуди за неколку години и така да биде. :D
Ако гледаме од таа гледна точка, па сите предмети се важни на некој начин, не само математиката...
Видов на претходните страници, некакво споредување со Словенија. Ај тогаш и останатото да го споредиме, не само матурата. :D

Не, озбилно. Јас не бегам од тоа дека општо, благе везе си немаме од математика и дека тоа е наша вина. Али секогаш некој друг ни е крив, нели? Ќе си ја префрламе само од еден на друг вината и така до бескрај. :icon_mrgr: Мојата генерација првпат ја фаќа задолжителнава математика и нормално дека сум против. Четири години, четири професори ми се сменија. И така кај пола од нив си учев, кај пола од нив нејќев да учам. Океј, некои и не би ги нарекла професори.
И ај да не вадам изговори, кога и така и вака се стварно глупи. Ако сме сакале да научиме, ќе сме научиле до сега. Едноставно против сум, јасна е причината зошто.
И тоа е тоа, крај на приказната. :D
 
Си прошетаа дечките си викаа на цел глас САКАМЕ ПРАВО НА ИЗБОР го блокираа со маршот сообаќајот пола саат и то је то.
А ова со матурата е жива смешка бе не знам што не се укине.Сами знаеме сите што ја миневме како функционира односно ако имаш среќа со тестаторот и со тие што си во училницата си на коњот.Еве пример јас полагав социолигија тестаторот не ми даде глава да мрднам имав 4 на матура иако бев одличен по тој предмет а црепот во друга училница не знаеше што материјал се учи имаше 5ка од што му даваа да си шете и да препише од одличните ученици.Нека се воведат приемните на факултет и да се прекине овој циркуз бар за мене наречен матура.
 
Треба да полагаат, аман со линијата на помал отпор. Не мора ова, не мора она.. Епа што мора бе? Средно да се завршува колку да се рече дека е завршено? Македонски и математика се Најосновни предмети. Најосновни. Ако после 4 години не знаеш за една двојка, треба да си останеш во средно.

Инаку математика се учи 4 години во гимназиите, за стручните училишта ваљда ќе адаптираат, не може да полагаат материјал кој не им бил предаден?
Не викам дека не е битна математиката in general, али не мислиш дека се доволни оценувањата во текот на тие 4 години учење во средно? Која е и целта да се има тоа на матура, што е толку посебна и математиката и матурата? Пошто според твоево испаѓа дека ако нема математика за матура, тогаш е исто како децата да не знаат математика. Џабе било тоа учење? Учениците повеќе ќе учат за матура од страв да не им спушти тоа просек? И што ако се запишеш на нешто што нема благе везе со математика, по која логика ако не знаеш толку математика, тоа да биде пресудно врз бодовите од матура, кои пак ќе ти бидат пресудни за упис на факултет? Едно е Македонски јазик, каде самата настава се одржува на Македонски, друго е Англиски каде веќе не постои работа во која не е вклучен истиот, а сосема трета и (во споредба со овие) небитна работа е математиката. Осум години основно и четиро години средно е сосема доволно за било каква работа чиј примарен фокус не е математиката, матурата не прави никаква разлика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom