Средношколски протести

Ја мислам дека треба да протестираат за подобар наставен кадар, а не затоа што им се паднала математика на матура.

Хејтав математика, се запишав на ФИНКИ и сеа недај боже да ми дадеш некој теоретски (општествен) предмет да учам - ќе rage-нам.
 
Еве колку една споредба МК-СЛО:
Во гимназиите:
-5 предмети (3 задолжителни - мајчин јаз., англиски, математика; 2-изборни/интерни)

Во стручните:
-Мислам дека се 4, од кои имаш два задолжителни, мајчин јазик и стручен, другите ги бираш така нешто беше.

Кај нас за стручните незнам како е, но за гимназиите не би требало да има проблем, мислам, ако си се запишал во гимназија од тебе се очекува дека ќе покажеш способност да ги поминеш сите предмети.

А за професорскиот кадар(во МК), така и така. Имаше професори од кои бев ептен задоволен, а имаше некои што беа ептен одбивни и од никаква корист.
Мислам сите знаете де.
 
И собирачите на старо железо знаат да пресметат кусур.


За пресметка мито и корупција (ако планираш да работиш овде).

Мешаш баби и жаби друже.
Таа лесна математика е,за пазар секој знае да пресмета....
 
Стојам на ставот дека треба да има еден задолжителен предмет на матура, Maкедонски јазик а на учениците да им биде дадено да си бираат останати предмети што сакаат да ги полагаат на матура и што мислат дека утре ќе им требаат.

Ги подржувам!
 
Сите сте се фатиле за тоа дека "не ми треба математика, на економски ќе одам".
Математиката не е само за на каса. Тоа што е за на каса, се учи во основно. Математиката развива логика, а логиката е нешто што има примена секаде. Логика ти треба и на правен, и на економски, и на каса, и за пред коперација, за секаде.
 
Воведување задолжително математика за матура за мене е една од најголемите глупости. За тие нај прости пресметки, како што некој кажа пресметување проценти и сл, потребно е воведување на матура? Потребно е решавање на изводи, прогресии и триста глупости само за јас да знам како да пресметам процент понатаму? Материјалот е од 1ва до 4та, а не секој може да ги реши сите задачи. Дали не може, дали не сака или дали не му е потребно, тоа е индивидуално. Тие што си планирале да одат математички факултет, си бираат математика, тоа што го сакаат и тоа што им треба, и тоа е тоа.
Некој кажа добро било заради вежбање на мозок. Па јас ако сакам да го вежбам мозокот ќе најдам милион по ефикасни начини ако сметам дека е потребно, ако воопшто сакам.
Гледам тие што ја прерипале во средно математикава не знаат кусур да си пресметаат...
Исто ко на математичар да му дадеш историја да полага, или било кој друг за него непотребен предмет.
 
Во материјалот кој влегува за матура по математика нема никаква "виша" математика од типот на лимеси, изводи или НЕДАЈ БОЖЕ интеграли. Кога мене би ме прашале, попрво би го исфрлил Македонскиот јазик од предметите за матура, божем видел некој корист од знаењето на сите можни типови на заменки,придавки,курци-палци...
 
Глупости се овие задолжителните предмети, безврска ги форсираат учениците. Подобро да знае 1-2 предмети одлично (и да ја усмери идната професија кон тоа) отколку 10 предмети да ги знае просечно. Едноставно има некој што предметот не им оди, немаат интерес кон него и секој понатамошен притисок врз нив за да го научат ќе им создаде контраефект и беспотребна нервоза..
 
Математиката не е задолжителна на матура. Ако веќе ја избрале во втора (или трета година беше) може да ја сменат. Јас месец пред матура сменив историја со електронски уреди и склопови од изборните.
 
Во материјалот кој влегува за матура по математика нема никаква "виша" математика од типот на лимеси, изводи или НЕДАЈ БОЖЕ интеграли. Кога мене би ме прашале, попрво би го исфрлил Македонскиот јазик од предметите за матура, божем видел некој корист од знаењето на сите можни типови на заменки,придавки,курци-палци...

а што еве пример рецимо вектори ќе ти требаат? И како тоа македонскиот јазик да се исфрли, каде и да одиш, на било каков факултет за во иднина јазик ти треба, секаде.
 
Мешаш баби и жаби друже.
Таа лесна математика е,за пазар секој знае да пресмета....
Таква е и таа,со тек на време се учи(со праксата). За правниците конкретно сум 100% сигурен дека после матурата се ќе заборават од решеното и ќе можат да се фалат дека биле дел од историјата на ваквите експерименти.
 
Молам некој да ми објасни. Ете сакам да идам на правен, за кој qурац во животов ми е потребна математикава?
Баш поради фактот дека тие што не им иде математика одат на правен, а потоа и ги пишуваат законите, затоа имаме дупки во законите (инаку светска пракса е, не е само во Македонија). Исто важи и за Економски :)
Интересна работа во математиката е кога едно нешто ќе се докаже, важи засекогаш.
За математика не треба многу мислење, треба вежбање, препознавање на проблеми и решавање.
Македонски, англиски иматематика треба да бидат задолжителни за матура од проста причина што првите два ти овозможуваат да научиш да се изразуваш, а третиот ти е основа за секоја техничка наука и имаш можност за технички факултет со добро платена работа, било каде. (зависи од техничкиот, само во Македонија може да имаш разочарување).
 
Математиката е специфичен предмет, не секој може да ја разбере и свати. Имаше примери додека јас учев каде што одлични ученици со сите петки во дневниците бубалци што учеа на памет добиваа слаби оценки на тестови по математика. Најдобро ќе биде да си остават како што беше, немора да е задолжително, кој сака да го полага тој предмет, нека го избере, немора со сила да им се наметнува на учениците
Fixed that for ya.
 
Ја мислам дека треба да е задолжителна зашо не може да искачаат луѓе од средно и да не знаат равенка со две непознати да решат -.-
Убедена сум дека познавање елементарна математика е исто толку важно колку познавање на мајчин јазик, дали си неписмен во букви или во бројки ми е исто.
Инаку материјалот што се полага не е претежок, ја полагав математика како дел од државна матура, не како интерен.. Го спремав 2 дена и извадив 4ка -.-

И не може бе сериозно матуранти да не знаат основна математика, не е основно ова.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom