Средношколски протести

Mene poso na tehnicki fakultet ne mi figurira pravopis, treba nepismena da ostanam i toa ne e problem, poso ne mi e toa strukata... Gg.
Ти фигурира во моментов нели? Ти фигурира и во студиите, предавањата ти се на литературен Македонски јазик, а се повеќе и повеќе матерјали се црпат од Англиски јазик. И така е на сите факултети, правејќи ги овие два предмети неопходни. Но, не математиката не е неопходна на сите факултети.
 
Zivotot ne zavrsuva na fakultet -.- ne vodat site patista kon diplomiranje, ima zivot i posle toa. Plakjanje smetki, planiranje domasen budzet, opremuvanje soba so odredena kvadratura.. Do i need to spell this out for you?
 
И јас си викав шо кур ќе ми се дропки у животот или алгебри и глупости па на крај испадна уствари дека ми требаат. И не само заради факултетот туку ради многу други работи. Едино лошо е ако имаш женска, и мајка и предава математика, и тоа на тебе. Јас шо не успеав, не успеав, вие потрудете се да успеете :D
 
Zivotot ne zavrsuva na fakultet -.- ne vodat site patista kon diplomiranje, ima zivot i posle toa. Plakjanje smetki, planiranje domasen budzet, opremuvanje soba so odredena kvadratura.. Do i need to spell this out for you?
Разбирам, јасно ми е тоа. Ама мене главниот проблем ми е тоа што бодовите добиени од тоа знаење ти влијаат баш на факултетот, затоа во таа насока го терам муабетот. Затоа и викам дека не е потребна за матура, и од пред неколку постови нагласив, знам дека е битна in general, мислев баш на ова што го кажа. Затоа сметам дека тие 12 години се доволни за да те спремат за животот, ова што ти сакаш да го кажеш, а ако сакаш да го работиш тоа на професионално ниво, е тек тогаш можеш да си избереш да го полагаш тоа на матура за да се стекнеш со предност :)
 
Викате математиката ќе им го намалела просекот на оние што ќе одат на факултет без математика. А што да кажам за луѓето кои се запишаа на ФИНКИ а имаа тројка Македонски (знам за двајца). И нив не им треба да ги знаат тие глупости од граматика и литература што се бараа на матурата. И нив им се намали просек со предмет кој никогаш повеќе нема да им треба. Нека ми објасни некој каква корист имаме ние на техничките факултети од тие граматички подробности кои се паѓаа на матурата.
 
Кога ќе те праша професор што не ти е јасно, ќе му речеш „абе брааат знајш ова шо е на тринајста страна неубо објаснено е“? Кога ќе треба формален мејл да му пишеш, како ќе го формулираш истиот?
 
Македонскиот се учи полесно, и да не го бива професорот можеш да научиш, се е објаснето во книгите, Ама математиката е тежок случај и треба да ти се погоди злато професор кој умее на најдобар начин да ти ја објасни задачата. Неможеш таа задача да ја научиш додатно освен ако не плаќаш часови.
 
Аха, ептен се учи македонски и ако не го бива професорот. Сложена е граматиката на јазиков, затоа само идно и минато време у писмените на 99% од учениците се употребуваат. Другите не знаат да склопат нешто посложено.
 
Многу е лесен македонскиот јазик затоа гледам се поголем е бројот на оние што пишуваат снек, свати, госпот, плоштат, напрет и футбал.

Математиката е најлесен предмет. Секоја задача си има правило или формула по кое се доаѓа до решението.
Подобро ќе решам 1000 задачи отколку да учам предмети со теорија и набројување на 123456 работи. :D
 
е тоа заедно со оние кои незнаат да најдат нзс се тешки дебили, паразите, неинтелигенти суштества и незнам уште како да ги наречам.

А за тоа дека математиката е најлесен предмет, и далеку е од тоа, ако гледаме според форумулите тогаш и физиката е лесен предмет, а според мнозинството не е.
 
Кај сте бе револуционери, Ленино-марксистичко-сталинистички. За да владеете вие, ви треба неписмен народ :). Работничка класа ли ???. Дај консолидирајте се, и фатете се за реформи, за работа и баталете филозофија и правции :D
 
Македонскиот се учи полесно, и да не го бива професорот можеш да научиш, се е објаснето во книгите, Ама математиката е тежок случај и треба да ти се погоди злато професор кој умее на најдобар начин да ти ја објасни задачата. Неможеш таа задача да ја научиш додатно освен ако не плаќаш часови.

Тоа не ти е точно, а сигурна сум дека си го сретнал во мал милион текстови досега.

Во живот немам дадено денар за приватни часови по математика, а некои уште во основно одеа на часови, не ни слушаа на часовите во школо. Си останаа глупи, на некои едноставно не можеш со инка да им туриш. Не ви требаат приватни часови математика, треба столчето да си го загреете малце повеќе и да уклучите мозок.
 
Формулите на лист треба да се даваат, тоа и јас се сложувам. Ама проблемот во Македонија е што:

- На математиката уште од старт се гледа како зло, во смисла, ако нема учење напамет, тешко е;
- Се гледа на „што ќе ми се во животов . . . *наброј тука*“ а не дека поттикнува на логично размислување и решавање проблеми;
- Професорите по математика во училиштава се воглавно турни ме да кинисам. На прсти се бројат и на факултетите дури професори кои знаат да ти го изџвакаат материјалот и дома да ти требаат 15 минути за лекцијата или домашната.

И ова со примеров на Маја е појава што многу ме нервира, значи мене ми предаваа Катeрина и Дрaган во JБT математика, овие двајца да ти предаваат и да земаш после тоа приватни часови треба или да си мрзлив или несериозен на час. Трето нема. И замисли баш таквите одеа на приватни часови и тоа за 2ка да поправат :popce:
 
Абе уште во основно, знам петто или шесто одделение бевме, а врска немам што учевме тогаш математика (ваљда дропки), имав во одделение 3-4 девојчиња кои буквално приватно си учеа математика, воопшто не слушаа на час, си правеа муабет. Али бар да научеа нешто.
Инаку, во склоп на темава, јас на факултет се запрепастив кога видов дека имам колеги (трета бевме) на кои не им е јасно како се решава двојна дропка. Десет минути им требаше да укапираат како се кратат цифрите уствари. Што пак да кажеме за нешто повеќе. :tapp:
 
За да се фати добра основа математика треба уште од петто одделение да ти се погоди добар наставник, мојот беше тапа , не се трудеше ништо да објаснува а тој па во средно буквално уште повеќе ме демотивираше, само пишуваше на табла задачи и ништо не збореше, не објаснуваше, само пиши , бриши, така што целиот напор на час ни беше да успееме да препишеме да не ни ја избрише таблата , прав намќор беше. И како после да знам математика, морав да земам приватни часови, кога ќе ми објаснеа сфаќав, вадев 4 на тестови. Но, тоа не е решение , немав услови 4 години да земам приватни часови па морав да ги прекинам , почнав 2 да добивам на тестови а на крај секогаш 4 ми ставаше затоа што другите ми беа 5. До ден денес ми е крво што ми се погоди таков професор, отсекогаш сум сакала да знам математика, ако имам добар професор разбирам, сакам да научам , проблемот е што најголем дел од професорите кај нас не знаат да објаснат , а не се ни трудат така што и деца кои сакаат да научат не можат, губат мотивација и желба за учење.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom