Средношколски протести

Потребно е да се полага математика, ама поосновните работи, колку да се има некакво знаење за понатаму.
Доволно е да се каже дека 95% од младите над 18 години не нзнаат да соберат дропки со различни именители затоа што не знаат да најдат НЗС.
Ќе се зарепастите да знаете колку од младите не знаат ни дигитрон да користат :)
Кажале и претходно од икс причини сите гледаат кон математиката како на чума, не дека не можат да научат, туку не сакаат. Од дома ги тапшаат, не ти треба математика, не ти треба физика, не ти треба хемија и на крај се развиваат во генерации со НУЛА логика во себе.
 
Mногу прост ми е муабетот "Шо ќе ми е математика во животот". Maтематиката служи за да ти ја развие логиката и да те научи да размислуваш.
На ЕЛЕКТРО постојат фаци кои не знаат една двојна дропка да пресметаат, јас кога видов со свои очи се запрепастив. Па со кој ум се запишуваш на електро? И после некој ваков ќе најде работа попрв од тебе (ќе го пикнат од партија). Епа затоа ќе заминуваме.
 
Не викам дека не е битна математиката in general, али не мислиш дека се доволни оценувањата во текот на тие 4 години учење во средно? Која е и целта да се има тоа на матура, што е толку посебна и математиката и матурата? Пошто според твоево испаѓа дека ако нема математика за матура, тогаш е исто како децата да не знаат математика. Џабе било тоа учење? Учениците повеќе ќе учат за матура од страв да не им спушти тоа просек? И што ако се запишеш на нешто што нема благе везе со математика, по која логика ако не знаеш толку математика, тоа да биде пресудно врз бодовите од матура, кои пак ќе ти бидат пресудни за упис на факултет? Едно е Македонски јазик, каде самата настава се одржува на Македонски, друго е Англиски каде веќе не постои работа во која не е вклучен истиот, а сосема трета и (во споредба со овие) небитна работа е математиката. Осум години основно и четиро години средно е сосема доволно за било каква работа чиј примарен фокус не е математиката, матурата не прави никаква разлика.
Зборам за кревање на стандардот од мизеријата во која е моментално. Да треба да се расправаме дали после два степени на едукација децата треба да се спремни во било кое време да решат множење и делење ебате.
Матурата не е проблем за оние кои имале 4ки и 5ки, него за тие шо едвај гурале со двојки. Да имавме описни оцени после 4то одделение, на местото на двојка ќе пишуваше "Грев ми е да го остаам да полага у август".
Буквално од прво до четврта Единствени предмети шо ги слушаш секоја година се македонски и математика. Не може после 12 години ти да "не знаеш толку математика" бе рики -.-
Има причина зошто оцените од матура тежат повеќе од оцените во свидетелство. Затоа што на државна матура не полагаш социологија или бизнис и менаџмент, полагаш мајчин јазик и броење до 10. Абе најелементарни ствари, најопшти, најприменливи. Земјоделец да си, пак мораш да го знаеш тоа, не па ако се стремиш да си академски граѓанин -.-
Затоа, ако немоеш да положиш македонски и математика, просто нема место за тебе на факултет.

Него изглеа премногу лежерно е сфатено тоа да си матурант.. Онака сите си зимаат здраво за готово дека се со средно, фрката е за на факс шо ќе праиме.

Епа не знам стварно шо ќе се праи на факс, ако проблем е да се положи матура на предмет верглан постепено 12 години.
 
Заборавате дека предметот е Македонски јазик и литература,како мене како електраш како ќе ми се најде литературата во професијата?Ама сите тие лектири се основна работа што секој образован човек треба да ги знае колку толку.
Што е разликата ако некој не знае граматика и некој ако не знае да собира и одзима,и двајцата се неписмени. Која е логиката едниот да привилегиран? Значи збориме за основа,не за есеј од 400 збора ниту за задача за натпревар по математика.Бидете сигурни дека задачите ќе бидат лесни и нема да мора да ти ,,иде" за да ги решиш чим е задолжително,иначе 99% од учениците ќе паднат.
 
Знам само дека ќе усерат работа. Сеа нема да биде истата матура по математика ко шо беше лани, рецимо. Лани имаше некое ниво. Сеа ќе ја олеснат, со оглед на тоа дека сите ќе полагаат и ништо нема да постигнат со тоа.

Плус, дечки бе, 1000че беше приговор.. хухухи

Реално, претеруваат овие со тестовите.
Прашањата и задачите по математика не се проста алгебра или основна тригонометрија/геометрија и не, не е брука некој да не знае да дели/множи, собира/одзема на 18 години...
Задачите се комплицирани, тоа бара талент, со дарба за сфаќање на математика се раѓаш, не се стекнува тоа, кутриве деца не знаат главата кај им е, цел живот обврски и маки, пушење грас у двор...
Овие па земале, математика им дале да полагаат, на кој му треба математика у живот, за што ти користи математиката, на леб се мачка? :cautious:
Ја сум да се укине уопште ко предмет, па тие бубалиците и гиковите нека си решаваат задачи, нека не замараат, ок?

Жими стормрејџ, си имал и подобри. :D
 
И заборавив да кажам дека во глобала секогаш се скока одредена тема од учебникот. На пример мене на екстерново ми се паднаа околу 35% прашања за тема којашто ја немаме обработено. Поднесов приговор, ама џабе, тоа не го признаваат. Сите сме криви, али ја сум си против матурата и точка! :D
 
Зборам за кревање на стандардот од мизеријата во која е моментално. Да треба да се расправаме дали после два степени на едукација децата треба да се спремни во било кое време да решат множење и делење ебате.
Матурата не е проблем за оние кои имале 4ки и 5ки, него за тие шо едвај гурале со двојки. Да имавме описни оцени после 4то одделение, на местото на двојка ќе пишуваше "Грев ми е да го остаам да полага у август".
Буквално од прво до четврта Единствени предмети шо ги слушаш секоја година се македонски и математика. Не може после 12 години ти да "не знаеш толку математика" бе рики -.-
Има причина зошто оцените од матура тежат повеќе од оцените во свидетелство. Затоа што на државна матура не полагаш социологија или бизнис и менаџмент, полагаш мајчин јазик и броење до 10. Абе најелементарни ствари, најопшти, најприменливи. Земјоделец да си, пак мораш да го знаеш тоа, не па ако се стремиш да си академски граѓанин -.-
Затоа, ако немоеш да положиш македонски и математика, просто нема место за тебе на факултет.

Него изглеа премногу лежерно е сфатено тоа да си матурант.. Онака сите си зимаат здраво за готово дека се со средно, фрката е за на факс шо ќе праиме.

Епа не знам стварно шо ќе се праи на факс, ако проблем е да се положи матура на предмет верглан постепено 12 години.
Да океј све тоа, ама проблемот е што постојат ученици кои не можат сами да сфатат, туку им треба објаснување. Размисли еве, колку само деца се запишуваат на приватни часеви за да разберат, мене од прва ми текнува на барем тројца. Самото тоа говори за фактот дека математиката не можат сите сами да ја изучат, мора guidance. Многу зависи од тоа кој ти предавал тие 12 години.

И сега што ако мене ми предавал некој што едноставно не знае да објасни, не го бива за професор, а тебе ти предавал некој што е топ у предавање, двајцата го полагаме истото на матура, и ти само од тие причини имаш повеќе бодови од мене, па кога ќе треба да се запишеме на истиот факултет (кој не му е примарна работа математиката ко што реков), ти ќе имаш предност само заради тоа што ни се „паднале“ различни професори во средно. Не е фер према мене нели? А ако сакам да го избегнам тоа, поради лошиот систем на образованието јас ќе треба да давам дополнителни трошоци на приватни часови за некој да ми објасни да полагам нешто што нема да ми биде есенцијално во понатамошното изучување. Од овие причини сметам дека е непотребно како задолжителен предмет.

А во идеален свет каде во секое средно предава совршен професор тоа би идело ко подмачкано. Само далеку сме ние од тоа, а математиката како задолжителен нема да го смени тоа.
 
Sakas da mi kazes deka ne treba da se polaga poso nekoi profesori ne predavaat dobro? Toa ti e argumentot?
Dali togas ako ja ednostavno ne mozam da go analiziram Pekolot na Dante treba da mi se prosti pa da ne polagam makedonski?
 
Да, бидејќи поради лошото предавање, поените од матурата ќе пресудат за тоа дали ќе давам по 100 или 200 евра од семестар на факултет.
 
Celo vreme mi ja promasuvas poentata. Nebitno dali zaradi los profesor ili imanje strav od materijalot ili u kraj kraeva nesposobnost da se nauci najosnovnoto, lugje so ne mozat da polozat matura matematika niti treba da imaat diploma od sredno, niti im e mestoto na fakultet.
 
Не бе за положување, знам и ја дека секој може да положи и да си матурира. Ама со колку? Со двојка? Така ќе го заработи местото за на факултет? А друг со петка? И што сега, двата положиле, а тој со повисока оценка има предност пред другиот пошто знае повеќе математика, а двајцата го знаат основното и најбитното пошто положиле. Не гледаш дека е нелогично?
 
Каков аргумент извади Рики, секоја чест :pos:
Лесно е да се каже не ме бидува за тоа и готово не го учам, самите родители се виновни зошто децата уште од мали имаат страв од математика и оние кои знаат математика се гледани како фрикови во општеството :icon_mrgr:
Математика не е како биологија или историја да седнеш да читаш и да запамтиш, математика се учи со решавање задачи, а 90% од младите имаат одбивност кон нешто такво.
Каков сака нека е професорот, доколку детето само не седне да вежба математика, џабе му е и да зема приватни часови кај најдобрите професори по математика.
Многу се експериментира со материјалот по математика, во моментов е сменета цела програма во основните училишта и материјалот е олеснет за 30% од времето кога ние сме биле основци, за да се види дали ќе има некаков резултат. Навистина има многу лоши професори по математика и во основните и во средните, ама кога ќе имаш ученици кои едноставно од старт не сакаат да го научат тој предмет и дошле со став од дома дека математика не им треба во животот, донекаде ги сфаќам што не се замараат да предадат поубаво.
И покрај се, тоа не е оправдување што 90% од младите не знаат да побараат процент, не знаат да соберат дропки, не знаат да го изразат x во равенка 3x=1/5 на пример, а што е најтрагично сигурно половина не ја знаат таблицата множење, особено ако ги прашаш 9*7, 8*7 или 9*6.
Не знаат дека множењето има предност па на прашање колку е 2-3*4, 90% ќе ти дадат грешен одговор :)
 
Не бе за положување, знам и ја дека секој може да положи и да си матурира. Ама со колку? Со двојка? Така ќе го заработи местото за на факултет? А друг со петка? И што сега, двата положиле, а тој со повисока оценка има предност пред другиот пошто знае повеќе математика, а двајцата го знаат основното и најбитното пошто положиле. Не гледаш дека е нелогично?
Kako e nelogicno da si u prednost poso znaes povekje? -.-
 
Нелогично е кога тоа не ти фигурира понатака. Ја знам да пресметувам, знам да делам, множам, знам дека множењето има предност и им се смеам на тие што не знаат по нетов, ама тоа не го менува фактот дека све што е повеќе од тоа мене едноставно не ми треба. Освен ајде, пермутации и слично. Досега ништо што е повеќе од тоа не ми требало, а како што гледам нема ни да ми треба во иднина. Нема да им треба на огромен процент од средношколците. Кој колку сака нека збори, не е толку неопходна како што ја правите, не мора да знаеш се. Подобро распредели го трудот на сите предмети подеднакво, отколку да трошиш цело време на еден предмет. Што би ме довело до муабетот дека матурата е непотребна и треба да се воведе друг систем, многу подобар, али тоа е друга тема.
 
Mene poso na tehnicki fakultet ne mi figurira pravopis, treba nepismena da ostanam i toa ne e problem, poso ne mi e toa strukata... Gg.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom