Gandradelic
Banderash
Благодарам на забелешката, почит до истата.. навистина ми е жал што ете испадна така неугодно од организациската страна, зашто сепак јаго промовирав ова тука.Далеку од ситници се ова и се дури си мислиш дека се ситници грешиш и ќе ги правиш истите грешки. Тоа е главниот дел од вечерта да не речам, услугата, почитот кон гостите. Ти се ложиш на тоа што музиката [еден батка на синтисајзер и еден пејач] пееја Северина, Саша Ковачевич, Цеца и пијани тинејџерки и тинејџери урлаа како да нема утре. А тоа што се пиеше црвено вино "Гранде" од литро и пол во чаши за компот јадење не ти е битно. Или што кој пиеше сок му носеа наточен во чаша од кујна којзнае каков прашок и тоа не е битно. И што плескавиците беа пржени во 9, послужени во 12 не е битно. Ти реков, освен горните забелешки имам уште едно чудо други, ама да не разглобувам. Сепак сте млади и имате време пред Вас, учете од сопствените грешки, ама учете и од туѓите забелешки.
Во иднина нема да има слични заебанции, поздрав и секое добро.