Дочек на Нова година 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не дека менува нешто ама си викам ако пишам тука може полесно ќе ми биде. Инаку кафаната кај Ефто, спомната на претходната страна не би ја препорачал нит на душман да оди таму, а остај на другар. А и еве се отспав, се разбудив, трезен, и уште не можам да ги сфатам овие самопрокламирани менаџери што глумат лудило цел вечер
Другарче ти ја сфаќам муката...... прашај ги тие што беа кај ЕФТО како си поминаа!
Среќна и на тебе! :) И да ... ја еве исто така се разбудив, СЕГа , трезен, топ.

И сега шо е работава неможам да ве сфатам. Ми се чита некој трач :zloo:
 
И сега шо е работава неможам да ве сфатам. Ми се чита некој трач :zloo:
Си седел дома лепиот, и криво му е дека ја пуштив тука муабет за во Ефто... па сеа коментира демек као ужас било таму. Не сфаќам зашто.... али ајде, нека има муабети, добро е тоа. :)
 
каква журка беше во борис трајковски супер си поминав :jeeee::oleee:
и си запознав топ девојче :backa:
2013 исто така многу добра беше со кокс бокс (минатата година не бев у можност да одам) а и црешите беа добри :roker:
 
Си седел дома лепиот, и криво му е дека ја пуштив тука муабет за во Ефто... па сеа коментира демек као ужас било таму. Не сфаќам зашто.... али ајде, нека има муабети, добро е тоа. :)
да не ви праеше склекови таму ефто? :pos:
 
И сега шо е работава неможам да ве сфатам. Ми се чита некој трач :zloo:

Не, не седев дома. Си дадов поштено 6800 денари за 4 карти. Појдовме таму 9:30 и ко прво келнерите уште носеа маси лево десно. Келнер ни дојде во 9:50, пред тоа кога го викавме рече дека што е до него ќе не услужи , но чекал дозвола. Нарачавме за пиење шток, затоа што така пишуваше секаде [http://screencast.com/t/zKo7sW23lElf ] . Ама келнерот рече дека шток немало и дека има само коњак и домашна ракија. Го викнав 'менаџерот' Филип да видам зашто пишува дека има шток, а нема, и тој дојде дури во 00:30 да види зошто го барам, оти пред тоа бил презафатен. Пред тоа се сретнав во ВЦ со друг менаџер [можеби и овој од форумов] и кога го прашав зошто нема шток рече дека тоа било грешка и да сум си пиел коњак оти тоа било едно те исто. Е па братучед, НЕ Е! Како и да е нит коњакот не го биваше оти очигледно беше разреден со вода [се разбирам тро од ракии] па цела вечер си пиев скопско.

Од мезе имаше растителен кашкавал, што е апсолутна брука да се служи во кафана, малку смрдлива салама и 2-3 парчиња врат. И сирење [кое за чудо беше вкусно и добро]. Имаше и мешана салата една порција. Ама салата без сол, зејтин и оцет. Побарав од келнерот сол, тој дојде после 10 минути и зеде сам да ми ја соли салата велејќи: "Кажи колку е доста...". Ало?!?!?!!?!?! После то си го пикна солот в џеб и замина.

Во меѓувреме во ВЦ некој го сркшил сталакот за тоалетна хартија. Појдов во ВЦ и гледам се собрале 2-3цата менаџери и се туфкаат што ќе прават, кој и како го скршил. Причув само: "Брат ова ќе не удри на џеб изгледа.". Капак на се беше кога некој од менаџерите го зеде микрофонот и на разглас се пожали дека има скршен сталак за тоалетна и кој го направил тоа да дојде да си го плати. АЛООООО уште еднаш. Ти вознемируваш 200 гости за еден ебан сталак од 200 денари. Оној кој оди по кафани ќе знае дека такви работи се случуваат секојдневно. Не се најде некој паметен да каже дека се лизнал и со глава го бутнал, да се пожали на лизгав под и да ви потражи елаборат за заштита при работа. Ќе го кркавте.

Имам уште едно чудо примедби ама овие се најонака. Претходно за по 1500-2000 денари имам одено на прослави и дочеци на кои имало да не речам од пиле млеко, почнувајќи од квалитетно мезе, аптисани, предјадења, десерт после јадењето. Овде тоа беше научна фантастика.

Како и да е, најповеќе од гостите беа дечишта кои пиеја домашна ракија [веројатно купена од зелен пазар за 70, денари литро] и паѓаа во кома после нова година, така да за нив стварно беше најлуда забава. Веројатно и ти си со тие.нашиот форумџиски уфилман 'менаџер' е во тие.
 
Почит за долгиот текст батице, секако дека и ја почитувам твојата критика...
Али зашто не си се напраел пепел и биди си кул.. НОВА ГОДИНА е, што се замараш ти со други луѓе? Сигурно си се пресретнал со мене, нажалост не сме лупнале ракија форумџиска како што требаше али многу препознатлив бев во локалот.. Како и да е, моја кривица нема во муабетов зашто ја само бев посредник и давав некои идеи, али не го купував јадењето јас , ниту редев како што у контекс на храна, пиење и што и да е. Ја бев задолжен за журката, а журката ја напраив ебено јако и кој не си поминал добро .. тој е луд.
Кога ќе се видам со менаџерот што ти дал карти .. ќе му ја пренесам оваа критика за во иднина да нема вакви ексцеси, зашто сфаќам како е ... и јас барав ШТОК, али немаше ни за мене.. а важев за еден од битните присутни на настанот. Мир братучед, твојот збор ќе биде чуен! :)
 
Јас убаво си ја поминав. Ништо посебно, затоа.
 
Ќе свират добра музика, најдобрите хитови .. евергрини. Плус у комбинација со ДЈ ќе биде се , во однос на музиката.. А иначе менито и тука е богато прилично, тоа што го има понудено да го изедеш се .. нема да можеш да испиеш поише од 3 пива. :)
Башка веќе од вторник понатака ќе биде 2000 денари карта и тука и више при крај сме со резервации... евентуално остануваат некои коњопои и неколку маси.
Така да ако има некој заинтересиран од форумов нека ме извести во наредните неколку дена за да му резервирам карта и да правиме дил.
Еве ја агендата:

Сеуште не знаете каде ќе ја прославите најлудата ноќ во годината?!?!

Отворена покана за сите кои сакаат да си поминат убаво, дојдете и заедно со највеселите луѓе во Скопје да ја дочекаме новата година, во реномираниот ресторан ,, КАЈ ЕФТО ” (ex. Ања во Парк) познат бренд кој самиот гарантира културен и убав дочек на 2015, со одлична локација во центарот на градот. Како сигурност за вашата вечер ќе биде број еден менаџерскиот тим Big Bang Crew којшто веќе 4 години е домаќин на најдобрите забави во ноќниот живот во Скопје.
За новогодишната ноќ по четврти пат ќе ве забавуваат добро познатите Infinity Band кои ке ги испеат најголемите хитови и евергрини.

Во понудата вклучено е:
✔ неограничено пиење (стандардните пијалоци), минерална вода, газирани и негазирани сокови, пиво, вино црвено и бело, водка, џин, коњак, узо, шток, ракија.
✔ порции јадење – САЛАТИ (македонска,шопска и свежа салата), ОРДЕВЕРИ (шунка деликатес, мешан кашкавал, пушена сланина, мешано сирење), ГЛАВНО ЈАДЕЊЕ 2 меса плус пекарски компир.
Цената за седење изнесува НЕВЕРОЈАТНИ 1699 ДЕН во промотивниот период до 23 декември, потоа поскапува на 2000 денари!
✔ Тајминг за почеток лудата ноќ е од 21:00h до 22:00h и како загревање во тоа време ќе ве забавува познат македонски DJ.
✔ Вечерта исто така ќе има професионално обезбедување кое ќе се грижи за безбедноста на локалот и на гостите.
Поздрав и среќни ново годишни празници! :))))

Јас бидејќи ја буцкав работата само да кажам дека ова беше понудата и навистина не е фер кога не се држи некој до договореното. Тоа е класична измама.

Јас не би одела таму по оваа „препорака“ за другите незнам. Растителен кашкавал во порција и ракија од пазар брзосмртка за 1700 ден ...страшно:)
 
Да сум бил јас таму, и да сум платил убави пари според наведеното во мени, после да испадне трето, односно нема шток има ракија, растителни кашкавали бла бла, ќе си барав парите назат, по секоја цена и ич кур нема да ме боли дали било нова година или две нови години, па ако требна и инспекции и полиции ќе викнам, срамота. Али не се криви угостителите криви сте сите вие што плаќате пари и ќутите.
 
Ами не е работата да отидам таму и да правам циркуси. Можев јас да бидам досаден, да барам менаџер по секоја цена да ми најде шток, да си ги барам парите. И што ќе направам?!? Ќе ми рече како @Ganrdadelic погоре, пеплосај се и ќе ти биде арно или ќе ми пререче нешто доволно за да му ја влепам една. Имаше обезбедување, СГС мислам дека беа дечките, ќе скокнат и тие ќе ја направиме голема. Ај што ќе ја уништам новата година на моето друштво, веројатно ќе ја уништам на пола кафана.

Затоа, овие 3-4 дена кој и да ме прашаше кај сум поминал за НГ му кажував искрено што и како беше и на сите им советував по никоја цена да не одат кај Ефто.
 
со цел ум му кажа „што си се замарал бе“ :eek: ти ќе пренесеш што како било ама тешко дека ќе испочитуваат. Затоа уште еднаш не ги нуди по луѓе копачиве.

на запад пари назад се бараат за ваква типична македонштина.
 
Јебига браќа ..ја да ја праев цела организација све ќе беше по пропис, ама не ја праев и има кикс.
Патем, секогаш ќе се најде по некоја утка, луѓе сме, грешиме. Или што се вика, грешки сме - луѓе праиме. Ви се извинувам лично ја за срањата кои не биле како што треба, во идина се надевам дека ќе биде се како што треба. Важно во глобала беше топ, само неколку ситници ја јебат работава.. али живи здрави да сме, тоа е што е. Ја пренесов критиката.. моето си го завршив. :
 
Далеку од ситници се ова и се дури си мислиш дека се ситници грешиш и ќе ги правиш истите грешки. Тоа е главниот дел од вечерта да не речам, услугата, почитот кон гостите. Ти се ложиш на тоа што музиката [еден батка на синтисајзер и еден пејач] пееја Северина, Саша Ковачевич, Цеца и пијани тинејџерки и тинејџери урлаа како да нема утре. А тоа што се пиеше црвено вино "Гранде" од литро и пол во чаши за компот јадење не ти е битно. Или што кој пиеше сок му носеа наточен во чаша од кујна којзнае каков прашок и тоа не е битно. И што плескавиците беа пржени во 9, послужени во 12 не е битно. Ти реков, освен горните забелешки имам уште едно чудо други, ама да не разглобувам. Сепак сте млади и имате време пред Вас, учете од сопствените грешки, ама учете и од туѓите забелешки.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom