Во Калишта селаните го реновираа училиштето

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.481
Поени од реакции
5.948
Во село Калишта Струга , учениците од оваа година учат во реновирано училиште.

- училиштето изградено во 1950-та.
-14 години молеле за помош, 14 години биле натрупани со ветувања.
- единствена инвестиција била од француската амбасада, менување на кровот.
- училиштето почнало да се распаѓа и да ги загрози учениците.
- се појавиле и змии
- веста се проширила, и се организираа селаните сами да го реновираат школото
- струшката дијаспора се приклучила на акцијата
- се собрале 30.000 евра
- училиштето за брзо време се реновираше
- мајсторите безплатно работале
- дијаспората од Швајцарија пратила и школски материјали и играчки.
- Калишта доби одлични услови за настава.
- школото беше пуштено во употреба од самите ученици, без политичари.

Пред реновирање

001.JPG




012.JPG


normal_Shkolla%2016-16.jpg


Змии
zmiivoskoloto(1).jpg



За време на реновирањето

0101.jpg


016.jpeg





На крај

17394golema.jpg


IMG-20141015-WA0005.jpg


20141015_115355.jpg


20141015_104821.jpg


20141015_113906.jpg
 
дарданчо, последниве 10 години многу добро знаеш кој ја води Струга :) знаеш ваљда дека со децентрализацијата образованието и училиштата се под локална власт... ваљда нема да обвинуваш некој :) иначе го знам многу добро школово и стварно мизерни услови имаше од секогаш.. алал да им е шо смогнале сили да го реновираат
 
Без разлика на националноста и верата, секој човек има право да учи во соодветна училница. Сликите кои беа првите срамота е тоа да го има во 21от век.
Мило ми е што луѓето се собрале и го реновирале е сега баш изгледа на школо а не предходно.
 
не се торбеши, Албанци се има и неколку македонски фамилии...
Албанизирани Македонци муслимани поконкретно исто како тие во Лабуништа и сличните села. Сум бил милион пати, но нема врска на муабетот. Тоа за во друга тема.
 
Албанизирани Македонци муслимани поконкретно исто како тие во Лабуништа и сличните села. Сум бил милион пати, но нема врска на муабетот. Тоа за во друга тема.

другар грешка си, Калишта е албанско село, не се прават албанци со сила како тие во Лабуништа, Октиси, Подгорци.. да не ја труеме темава со овие работи :)
 
Со здравје да си го користат дечињата. И дај боже да научат нешто од тоа школо за да не мора кога ќе пораснат да чекат неписмени преку рамковен да ги вработуваат.
Инаку секоја чест за слогата и ова е одличен пример дека не мора баш сите пари да се инвестират во џамии со цел узурпирање на мирот и слободата на немуслиманите и покажување на заби и моќ.
 
Последно уредено:
Чист пример дека немора секогаш да се чека од Владата или Општината за да се реновира училиште или било каков друг објект, посебно во руралните средини и селата. Иако нивна е одговорноста тоа да го прават сепак знаеме во каква држава живееме и знаеме дека ако чекаш политичарите да го направат ова тогаш подобри ти се шансите метеор да падна на глава камоли да ти реновираат нешто. Доволно е сите да донираат по колку можат па ако не веднаш можеби во неколку чекори ќе се заврши работата. Секоја чест и се надевам ќе знаат децата како да го искористат ова и да учат.
 
Браво. Секоја чест на Торбешите!
Па имаш право, имаа светла коса, ах тој скинхед сензор...[DOUBLEPOST=1415870928][/DOUBLEPOST]Секоја чест на селаниве, така треба, наместо во џамии да инвестиравме во школи ќе имавме значително подбри услови.

Да не се некои странска амбасади или Усаид во западна училиштата би требало да се затворат.
 
Последно уредено:
Албанизирани Македонци муслимани поконкретно исто како тие во Лабуништа и сличните села. Сум бил милион пати, но нема врска на муабетот. Тоа за во друга тема.
Во право е @DimceY не се торбеши :) ама заебани луѓе се сите таму, таму и македонците зборвет албански ко ќе им текнит :D
 
Па имаш право, имаа светла коса, ах тој скинхед сензор...[DOUBLEPOST=1415870928][/DOUBLEPOST]Секоја чест на селаниве, така треба, наместо во џамии да инвестиравме во школи ќе имавме значително подбри услови.

Да не се некои странска амбасади или Усаид во западна училиштата би требало да се затворат.


Ок е ... пошо иди види го училиштето во Студеничани а после дојди да ги видиш школите во аеродром карпош центар итн и кажи ми кое е боље ?
 
Секоја чест на селаниве, така треба, наместо во џамии да инвестиравме во школи ќе имавме значително подбри услови.

Пуно како и повеќето пати повторно супер поента од твојот пост. Факт е дека Албанците без разлика дали се од Македонија, Косово или Албанија за разлика од нас се многу подобро организирани и поспособни за вакви акции. Тоа е веројатно сатоа што кога треба да се помогне не се прават многу паметни и не филозофираат туку донираат. Тоа е исто така како резултат на поверењето што го имат меѓусебе и ова не се гледа само кај вакви проекти туку и во бизнисот. За ова работа треба навистина да учиме од нив. Единствен проблем е што многу ретко се организират да помогнат за вакви поситивни проекти повеќето пари им течат по Џамии и големи Албанији. Јас се надевам дека во иднина ќе се концентрират повеќе токму на овие секојдневни и реални проблеми. Истото треба да го прави и останата дијаспора без разлика на етникумот.

И уште една работа за дарданија не е точно и манипулација е дека вакви школи има само во предели каде учат македонски Албанци ...Руинирани школи има насекаде во Македонија, добро е што нивиот број од година на година се намалува.
 
Па имаш право, имаа светла коса, ах тој скинхед сензор...[DOUBLEPOST=1415870928][/DOUBLEPOST]Секоја чест на селаниве, така треба, наместо во џамии да инвестиравме во школи ќе имавме значително подбри услови.

Да не се некои странска амбасади или Усаид во западна училиштата би требало да се затворат.
Деца со светла коса и тен можеш да сретнеш и во Северна Африка и Азија. Тоа нема врска. Деца поминуваат низ мутации, пубертет, па до својата адолесценција ќе си го добијат тој типичен динарско-арменоиден изглед присутен кај вас Албанците. Косата и тенот ќе им поцрнат со текот на годините. Не споредувај детство со адолесценција. П.С. Не сум никаков скинхед и немам ништо допирно со тоа. И, приказнава нема никаква врска со темата, но еве чисто за илустрација за светла коса и тен во рано детство.

http://info.mk/News/LoadNews/2153523
 
Инаку чудно е што на дарданија не му смета тоа што македонските дечиња во Струга и Кичево немат греење. И тоа баш по некоја случајност само во школите кои учат по македонски наставен план

Кичевчани за Кичево: Неправилното распределување на блок дотациите предизвика колапс во наставата во кичевските училишта (видео)
ноември 13, 2014 Категории: Кичево, Слајдер


Вчера во дневникот 1 на Сител телевизија вклучување во живо имаа советници од коалицијата „Кичевчани за Кичево“ кои ја запознаа пошироката македонска јавност со проблемите и причините со кои се соочуваат кичевските училишта. Своја изјава дадоа советниците членови на оваа коалиција од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Дејан Пандилески и Чедомир Арсовски. Покрај нив, како член на советот на родителите на учениците, се обрати и Анѓелина Стефановска која ги пренесе одлуките на родителите.

Запрашан да објасни во каква состојба се наоѓаат кичевските училишта во кои нема настава повеќе од 3 недели, Пандилески рече:

- Основните училишта „Др Владимир Полежиноски“ и „Кузман Јосифоски – Питу“ повеќе од 13 дена не одржуваат настава бидејќи нема греење, а од вчера има нов проблем бидејќи се исклучени од електричната мрежа. Советничката група „Кичевчани за Кичево“ има сознанија дека од страна на Министерството за образование на Република Македонија до Општина Кичево се редовно исплаќани блок-дотации, но тие блок дотации не се рамномерно распределувани, поради што е дојдено до колапс во образованието во Кичево. Нашите сознанија укажуваат дека проблемот е настанат поради преголемата превработеност во основните училишта во северниот дел на општина Кичево. Поради таа преголема вработеност овие основни училишта овие основни училишта немаат нафта за греење и немаат електрична енергија.

Запрашан за тоа кога последен пат имале седница на советот и што било побарано од градоначалникот за решавање на оваа состојба, советникот Арсовски рече:

- На 30 октомври се одржа последната седница на советот на Општина Кичево на којашто коалицијата „Кичевчани за Кичево“ побара да се вметне точка и да се даде информација за настанатата состојба со училиштата во градот Кичево и околината. По неколку паузи и чекања дојде претставник од администрацијата за да даде информации дека се наоѓаме во критична состојба, дека се при крај резервите со нафта за греење и дека има долгови за струја, за која што денес и дојде до исклучување. Значи ни се случува она, што СДСМ на централно ниво повеќе пати предупредува, дека во училиштата имаме неколку критични места каде што не ни одат децата на настава. Се надеваме дека ќе се најде решение и на централно ниво. Од градоначалникот немавме информација што би ни кажало што ќе се преземе, освен од изјавата за медиумите во која кажува дека ќе побара од владата да интервенира со доставување на нафта од државните резерви.

Прашан дали од страна на советниците од коалицијата „Кичевчани за Кичево“ е побарано итно свикување на нова седница на која ќе биде расправано до каде е решението за настанатиот проблем, Дејан Пандилески рече:

- Веќе наредниот ден после настанатиот проблем со греењето ние имавме редовна седница на советот на Општина Кичево, јас, како координатор на коалицијата „Кичевчани за Кичево“, побаравме информација од претседавачот на советот, беше повикан претставник од администрацијата, но ние како коалиција немаме добиено никаков конкретен одговор како ќе се реши проблемот од страна на општината. Исто така бевме информирани на седницата на советот на општината дека пред иста ваква криза се наоѓаат средните училишта „Мирко Милески“ и „Дрита“ во кои учат над 2600 ученици. Од вчера и основното училиште „Санде Штерјоски“ во кое учат над 1300 ученици е исклучено од електричната мрежа.

Своја изјава даде и членот на советот на родителите на учениците, Анѓелина Стефановска, која беше запрашана за средбата која ја имале родителите со градоначалникот Фатмир Дехари и дали им било кажан конкретен план за решение на проблемот.

- Се сретнавме со градоначалникот но не ни даде конкретен одговор, само кажа дека ќе побара помош од владата. Ние во тоа не гледаме решение во тоа, единствена надеж ни е владата. Доколку и таа не помогне, децата нема да одат на училиште. Загрижени сме за нивната здравствена состојба и на нивното прекинато право на образование. Најосновниот услов е да учат во топли простории, да се здравствено обезбедени, само така ќе можат нормално да ја следат наставата.

Проблемот во кичевските училишта од ден во ден се влошува. Учениците трета недела не посетуваат настава поради необезбедено греење на училиштата. А од завчера ситуацијата се влоши кога од електро-дистрибутивната мрежа беа исклучени сите основни училишта во Кичево. На учениците од гимназијата им било кажано дека нафтата за греење е при крај и дека можно е и тие да се најдат во иста ситуација како и основците.
http://kicevo.mk/kicevcani-za-kicevo-izjava/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom