Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
Некогаш и сега: Треба да одите вечерва на кино се спремате ли за тој настан и како.
Поточно и едно прашање за почеток има ли КИНО во вашето место на живеење.
-
Како вовед ќе земам еден стар пост од некоја моја тема.
Пред земјотресот беа три љубови,киното,корзото и онаа кон Маршалот.
Сега сите три ги нема, случајно или не,се збогувавме некако во исто време од сите.
-
кино „Култура“ ги паметите црвените плишани седишта доле и
т.н. балкони, по ново би му дошло некако ВИП, а сега еве види,напуштено искршено.
кино „Бамби“ во центарот ,можеби единствено кино во подрум во Македонија,ги паметите округлите столбови од кои и не гледаш половина платно.
кино „Вардар“ ај малку беше еден,па на спрат отворива и „2“
е тука тешко се доаѓаше до карта,па мораше тапкарошите да ја спасуваат ситуацијата,па нели женската е излажана и пуштена од дома само за во кино, и ете
шанса малку да се стисне посилно за рака а богами ако е кротка и за тврдите боцки...
-
Тоа беа само три КИНА од многуте што тоа време работеа со полна пареа во градов.
Поради голема гужва во тие во центарот,често пати сме оделе на КИНО и во другите КИНА
КИНО: Влае,Маџари,Драчево,Бутел,Карпош и др. а богами и картата беше динар поефтина.
Во коно обично одевме пред или после корзо. Ама имаше тогаш и КИНО утро од 10 часот.
Тоа КИНО утро беше доста посетено,оти можеше да се најде карта некако и за премиера.
Имаше и летно КИНО, е тоа работеше само преку летото,не она што е во склоп на луна паркот,имаше едно друго летно КИНО во паркот пред земјотресот и постојано беше полно.
Е имаше овде и едно друго КИНО кое сосем добро го паметам и стално сум го посетувал, ете баш поради неговото име што и не е лага,се викаше КИНО ЏАБЕ, да добро прочитавте, тоа кино беше без сала,без столчиња,без билети,без пари значи гледаш филм за џабе.
Тоа беше на една стара куќа бело искречен ѕид на кој се прожектираше од Офицерски.
-
Ама не само овде КИНА имаше секаде,во сите градови во Македонија а богами и села.
И да за одење во КИНО се спремаше-припремаше цел ден да...да видат и комшиите.
А како беше во Конопиште кога требаше да дојде КИНОТО,поточно тоа и не беше КИНО, туку само еден-два дрвени куфери донесени со некој стар руски џип,а понекогаш и на коњи.
Доаѓањето на тоа КИНО во Конопиште или Старавина ли, или Витолиште,сите тамошни жители го дочекуваа и доживуваа како голема свеченост или најголем празник.
Тој ден не се одеше на тутун,ниту на друга полска работа. Уште рано пред сонце се метеа улиците од каде требаше да пристигне КИНОТО, и се прскаа цел ден со вода се до домот.
Се пострижуваа децата во дворот а потоа се капеа во корита или на реката, ама никако не се пуштаа од дома за да не се одалечат премногу и заиграат некаде а КИНОТО може во меѓувреме да пристигне,а тоа знаеше за почеток да пушти нешто баш за децата.
Тој ден кога КИНОТО требаше да дојде не се пушташе ни стоката од шталите,магарињата цел ден беа затварани за да не им текне да рикаат баш за наинтересното во преставата.
Дури тој ден и единствената коперација не работеше а и поштарот не доаѓаше тогаш,зошто знаеше дека рајата се спрема за преставата ,за КИНОТО што и не доаѓа така често.
Младите невести и моми,посебно се дотеруваа во нова руба и црвеа, и го ставаа сето злато.
Уште на пладне некој почнува да се собираат пред домот,што никогаш и не се измачка од надвор,а такви беа секаде по тие населени места,важно имаа тераса за говори и знамиња.
По ручекот ете го народот од сите страни кон тој селскиот-културен дом,носејќи со себе секој по едно столче,а некој и две,некој дури и клупи,перници,дипли и килими, а тоа се затоа што салата беше празна (кој бил на овие престави знае).Откако ќе се наполно салата некој а тоа повеќето млади се редеа покрај ѕидовите,некој дури стоева и на вратата.
По завршеток а тоа беше доцна во ноќта, народот уште долго време ќе се собира по улиците носејќи ги столчињата и клупите и прераскажувајќи што чудо виделе на КИНО.
-
Одиме на Кино ( признавам не сум бил можеби и над 30 години на Кино )