Дали подароците ја купуваат љубовта ?

  • Креатор на темата Креатор на темата SCORPIO__20
  • Време на започнување Време на започнување
Скапите подароци создаваат некаков вид обврска, па и нешто за возврат секако. Познавам девојка која одеше со дечкото неколку месеци ама за тоа време доби најнов модел на iphone, комплет нова облека за неа и сестра и, обезбеден превоз секаде и во секое време и ред други работи, но не беше доволно за да бидат заедно. Самиот факт дека сме со некого заради тоа што ни подарил нешто создава одбивност, самите чувствуваме дека тоа што го правиме не не исполнува. И така девојката која беше купена од скапите подароци зборуваше за тоа како не можела да ги поднесе неговите допири, бакнежи... по некое време секако, дечкото сфати дека не може да се продолжи на тој начин и- престануваат подароците, со тоа престанува и врската. И што сега? Девојката ги има сите тие материјални задоволства, но длабоко во неа знае дека самата се понижила со тоа што го направила.
Жално е тоа дека се поголем број девојки подаруваат или примаат подароци кои се прескапи и кои знаат дека се подарени со некоја друга намера, а не како израз на љубовта од партнерот, но тоа е што е ..
Лично, би се почувствувала незгодно доколку добијам некој скап подарок што сметам дека е купен без никаква креативност или пак е купен само колку да се означи датумот, празникот...
Вистинскиот подарок е подарокот од срце, подарок кој буди спомени. Оној кој подарува го знае тоа што за вас би било многу позначајно и би бил многу посреќен кога знае дека подарокот ќе допре до нашето срце и предизвика чувства на вистинска среќа. Се друго е минливо, краткотрајно...:wink:
 
emi ljubovta ne,
ama op odma ti diga raspolozenie i adrenalin dobra paricka
emi taka
obdarete im ljubov i pari na vasite zenicki i uvek ke vi davaat
taka da si znaete ;)
 
Клише став, ама мене лично, доколку ми биде подарен подарок само за подоцна да предизвика некаква услуга, со него ќе го гаѓам тој кој што ми го подарил...
 
Stuffed bear for a blowjob, anyone?

Него, некоја со 40.000 годишна плата, ми купи поклон, мечка-мерцедес од 50.000 еури, знам дека ме сака, дека може и бубрег да и побарам некогаш, а штом се осетите толку сакан, well you gotta love'em back. Едноставно ви го пунат срцето.

Доста гледате како услуга-за-услуга. Тоа е внимание. Пишувате клишеа, малите работи се важни, бла бла, а човек, секоја недела ви поклонува роза на исти ден, секој месец на некоја ваша-поважна дата ви купува меченце, ве носи на вечера, етц етц.. одма сака blowjob in return?

Well.. да. Ама има и љубов.
 
Ако навистина некој некого не сака, нема шанси.

А ако се работи за флерт, нормално , ако и купиш на некоја БМВ или нешто поскапо и полуксузно.
 
па не би можеле подароците да купат љубов... ако некој навистина некого сака доволно би му било него да го има, а она што пр. тој ќе и купува скапи подароци и сл. за да ја воодушеви мислам дека не значи многу, секако не е на одмет да си купуваат подароци али не некои претерано скапи затоа што самата таа разлика создава одбивност, зависност...најголемиот подарок би требало да бидат нивните моменти поминати заедно а не прескапите подароци зошто кога некој ти вреди повеќе од се буквално преминуваш преку се,а тие прескапи подароци и не играат така баш некоја важна улога:smir:
 
Со пари се се купува!:toe:

За жал тоа е вистината во денешно време.....секој гледа да си обезбеди добар живот!
 
сите женски особи потајно уживаат во подароците кои им ги поклонуваат партнерите/обожавателите/заинтересираните.
нормално дека финансиите се и силен предуслов некоја риба да те засака, али ја велам прво нека се заљуби во она што сум па после не поклони, јахта ќе изнајмиме :wink:
или сепак, подалеку капиталот од жената, рекол еден мудрец на времето :tv:
 
Не. Подароците можат да покажат само внимание. Но го губат своето значење ако се даваат ради реда или ако се дават премногу често. Парите не можат да купат чувства (освен кај спонзорушите :baeh:)
 
Не. Подароците можат да покажат само внимание. Но го губат своето значење ако се даваат ради реда или ако се дават премногу често. Парите не можат да купат чувства (освен кај спонзорушите :baeh:)

tocno
 
Подароците ја прават љубовта трговска стока, ако се користат за нејзино купување. Во тој случај секогаш купувачот ќе мисли дека скапо ја купил, а продавачот ефтино ја продал. Како и да е, на само и купувачот и продавачот ќе упатат голем број на адекватни изрази и квалификации, наменети кон другиот за да си го нахранат чуството на лошата „бизнис“ зделка.
 
Зависи.
Јас сакам да гледам на еден подарок како на нешто што ја потврдува љубовта.
И тука не мислам на подарок како кола, стан, дијамантска огрлица и такви некои ефтини работи.
Мало внимание во вид на ружа, неочекувано...книга за која бесконечно многу пати су дрндала дека сакам да ја имам, карта за некој нов филм, ЦД со релаксиралчка секси музика, шалче какви што се сега во мода, плетено капче и ракавици бидејќи знае дека секогаш ми се ладни рацете и дека сум ужасно зимурлива, безвезно шарени доколенки...има многу такви големи работи. И сигурно е дека со ова дефинитивно би ја "купил" мојата љубов...
И колку некој да не се занесе, НЕ сметам дека подарувањето треба да биде само машка "обврска". Лугето кога се сакаат, внимаваат еден на друг, приметуваат што оној другиот сака и што го прави среќен.
 
Mnogu se razlikuvaat vistinskite 4uvstva..emocii od onie laznite;)mnogu ke vi zna4i i najmal podarok dobien od li4nost koja sto ja sakate otkolku nzz kolku skapi i nzz kolku mn.podaroci od nekoj/ja koja ne vi zna4i.
 
Погрешно протолкувано е тоа зборче „љубов“ nowadays...
Љубовта не се купува туку се стекнува со тек на време. Но тоа е друга тема на разговор па да не одам офтопик ќе речам што би можело да купат подароците.
Внимание. Нешто што сите го толкуваат како љубов а всушност тоа е само инстантно. После кратко поминато време, тоа избледнува но не значи личноста тука престанува да ја љубиме.

--- надополнето ---

Тие што се заљубени само за добивање на внимание се т.н. спонзоруши.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom