Престој на странец во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата ShakaZulu
  • Време на започнување Време на започнување

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.327
Поени од реакции
3.715
Значи вака. Имам братучед кој е дојден на гости од Австралија. Се работи за тоа дека неговата виза за престој тука е 90 дена тој дојде од 12ти Јуни и лета назад 12ти Септември. Е сега превид или не знам што ама иако се три месеци визата е во денови па 90 истекуваат на 10ти.
Каде може да се најдат информации или некој има одговор од лично искуство дали ќе биде се во ред или како и за се во оваа чудесна Македонија може да прават проблем за тие два дена. Инаку престојот е пријавен во полиција и такви работи.
Извинување ако темата е на грешно место ама ми се гледа како општа па поставив тука.
 
Значи вака. Имам братучед кој е дојден на гости од Австралија. Се работи за тоа дека неговата виза за престој тука е 90 дена тој дојде од 12ти Јуни и лета назад 12ти Септември. Е сега превид или не знам што ама иако се три месеци визата е во денови па 90 истекуваат на 10ти.
Проблемот е што луѓето секогаш тие 90 денови ги генерализираат како 3 месеци што уствари не е истото и затоа е дојдено до овој пропуст. Е сега последици и што може да се направи тоа незнам искрено, но би ви препорачал најдобро да прашате во амбасада или на аеродром па таму конкретно ќе ви кажат како стојат работите.

Знам во 2001ва јас бев Швајцарија цело лето на одмор, и требаше да се вратам на 31ви Август (оти нели на 1 Септември школо почнува) но тогаш ради воениот конфликт го одложија стартот на учебната година и ние отидовме во амбасада да прашаме дали може да ни се одложи летот за 2 недели покасно (као поради моменталната ситуација во Мк) и без проблем го одобрија иако со тоа се собраа 90+ дена, но сепак не правеа никаков проблем. Е сеа точно дека ситуацијата во твојот случај е поинаква (тогаш стануваше збор за војна и поради тоа бараме да останеме уште неколку дена, првично не беше планирано) но со оглед на тоа дека лесно одобрија (иако визата ни беше само за туристи до 90 дена), претпоставувам и за кај вас може ќе се најде некое решение за 2та дена плус и некако ќе ве пуштат, ама не ме фаќај за збор...
 
Не смее да остане повеќе од три месеци. Ако визата му истекува на 10ти Септември а тој има лет на 12ти тогаш треба под итно да се обратите до МВР и/или МНР и да побарате да се продолжи визата за 2-3 дена. Во спротивно ризикувате да не му дозволат да замине и да биде задржан на понатамошно процесирање или пак да му биде дозволено да замине но ќе му биде забрането повторно да дојде во Македонија. Така да јавете се или отидете до таму и средете што ќе ви кажат.
 
Фала на одговорите но битна работа е што всушност тој и нема виза за македонија туку само пријавен престој затоа што по некоја си Македонска математика на државјаните на Австралија а и на некои други земји нашава македонија не им издава виза ако планираниот престој е до 90 дена туку само треба да пријават каде престојуваат ако се на подолго од три дена. Е сега тие во австралиската аганција направиле глуп потег и букирале 12 напред 12 назад лет со тоа што може нив 90 дена им изгледале како 3 месеци но ќе видиме што ќе е. Инаку за да издадат продолжен престој имаат некое си глупо правило за документи како неосудуван, извод ова она што братучед ми ги нема со него па ова не бива ни да се покрене а малку и негова грешка што не видел порано туку денес случајно ова излезе како проблем уз муабет што и како а јбг сабота и празник во понеделник. Засега има само едно можно решение да замина од Македонија пред тие 90 со тоа што ќе треба да седи 2 дена во Турција за да си го продолжи нормалниот закажен лет или некако да најдиме легално решение и остани во Македонија до петок кога и му е картата за назад.

Кога беше тука минатиот пат вадеше такво продолжување на овај слободен 90 дена период и му рекле дека ако го нема казна нема материјална но да заборај идење наредно 5-10 години ако не извади продолжување што секако не иди во предвид така да ова е проблем не по негова грешка но на негова штета што мора да се реши :(
 
Абе излези и влези на некој граничен премин и готово. Не ја комплицирај толку. :)
Ако си од Скопје тркнете до Табановце/Блаце.

Бранчез ме престигна со одговорот.
 
Јок му рекле од министерстово минатиот пат дека не бива тоа. Исто како шенген е муабетот. 90 дена во 180. Со излез влез не добиваш ресет на нови 90 или колку и да сакаш.
 
Проблемот е што луѓето секогаш тие 90 денови ги генерализираат како 3 месеци што уствари не е истото и затоа е дојдено до овој пропуст. Е сега последици и што може да се направи тоа незнам искрено, но би ви препорачал најдобро да прашате во амбасада или на аеродром па таму конкретно ќе ви кажат како стојат работите.

Знам во 2001ва јас бев Швајцарија цело лето на одмор, и требаше да се вратам на 31ви Август (оти нели на 1 Септември школо почнува) но тогаш ради воениот конфликт го одложија стартот на учебната година и ние отидовме во амбасада да прашаме дали може да ни се одложи летот за 2 недели покасно (као поради моменталната ситуација во Мк) и без проблем го одобрија иако со тоа се собраа 90+ дена, но сепак не правеа никаков проблем. Е сеа точно дека ситуацијата во твојот случај е поинаква (тогаш стануваше збор за војна и поради тоа бараме да останеме уште неколку дена, првично не беше планирано) но со оглед на тоа дека лесно одобрија (иако визата ни беше само за туристи до 90 дена), претпоставувам и за кај вас може ќе се најде некое решение за 2та дена плус и некако ќе ве пуштат, ама не ме фаќај за збор...

А јас знам случај кога во Швајцарија биле казнети парично и мислам дека и забрана за влез во следните не знам колку месеци. Токму поради поминатите денови за престој.
 
Со излез влез не добиваш ресет на нови 90 или колку и да сакаш.

Па не му ни треба ресет, битно вкупниот број на денови да не му надминува 90. Ако излезе надвор од Мкд на неколку дена нема да го пробие правилото за 90 дена. На која основа ќе го казнат?
 
Па не му ни треба ресет, битно вкупниот број на денови да не му надминува 90. Ако излезе надвор од Мкд на неколку дена нема да го пробие правилото за 90 дена. На која основа ќе го казнат?
те разбирам ама сега касно е за ова, можеби ако летово одеше некој ден некаде околу и изгубеше 2-3 дена ама вака денеска еве недела а во среда прај 90 а летот во петок вечер е. За ова да фати треба да речеме утре да оди а да се врати вторник и да седи до петок.
 
Значи никој од МВР не се нафати да помогне во ситуацијата?
И сега детето треба 3 дена да седи на терминал или некаде во странство?
Јас мислам оти нема да му удрат забрана за влез, дури и ако ги преседи тие 2 дена, ама вие си знаете.
 
Еден што работи таму по канцелариите вика дека не би требало да има никаков проблем ама сепак тој од канцеларија нема врска со тие на аеродром па кој знае што може да им текне на тие таму. На сајтот од мвв најдовме еден број за секторот за гранични и емиграциони работи па мислам дека најдобро е да се јавиме дирекно оти вака преку луѓе ништо не е сигурно ако го немаш тој што е на смена таму што се вика. Ама па и продолжениов викенд фати и сега ќе видиме... јбг за ум за друг пат со месеци и деној да се не фаќа работа :)
 
Искрено, многу се замараш за некаков ден. (Реално, и не е некој проблем и нема да му вршат инспекција од глава до петици).... Пак ќе ти кажам, одјави го од полиција, преминете граница, направи нова пријава/одјава од полиција и нема да имате никаков проблем. Нема ни да го прашаат на граница/аеродром колку време престојувал во МК.
 
Ај ќе видиме што ќе испадни. Работата е што му се заубај тука и си иди по 3-6 месеци секои 2-3 години. Така да за два дена да заебат и стават забрана со години не ја бива работата а како што рековме се е чудесно тука така да ништо несмее да биде изненадување...
 
Ај да ставам заклучок на моменталните закони и како македонските служби работат и да ја завршиме „приказнава“.

Во консултации на лице место со службите на аеродом и во делот за гранични и емиграциони одниси во Ск (во МТВ) се виде дека треба да се „бега“ од државата до истекот на 90ти ден сметаќи го и денот на влез затоа што после тоа следува брз суд каде законстата рамка е минимум 5 години забрана или повеќе зависно колку ќе му текни таму да удрат печат. Никаков излез или престој надвор од МК не ти давало право да си сметаш дека можеш повеќе од 90 и со тоа нема „пауза“ во МК од првиот влез и после тоа немаш право да влезиш наредни 90 до повторно можност да влезиш.
Братучед ми со контакт преку австралиската патничка агенција го преправи летот 3 дена понапред и денеска на полни 90 дена помина гранична контрола. Се јави и вика му рекле тие таму ако закаснеше до после полноќ ќе имаше проблеми...

За ум за друг пат. Три месеци за странци слободен престој е 90 дена сметано влезен ден и излезен ден.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom