Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 27.370
- Поени од реакции
- 36.552
Не е точно дека во капитализам државата не може да биде работодавец. Тоа е работа на законите и лесно се средува за вакви... исклучоци.Епа тоа е суштинскиот проблем друже немањето на работа, а ситуацијава која ја опишуваш ти донекаде и јас се согласувам ама денес е капитализам и не може државата да биде работодавец. Понатаму ако некој приватник го тера бизнисот фактички има гага робови со покровителство на државата.(т.е можноста за злоупотребување на ситуацијата е огромна еве моментално имаме пример со администрацијата која мора да гласа за да си го задржи местото)
Следно нешто ти е дека сме слободна држава и не можеш никого да натераш да работи ако не сака, а како што кажав веќе, затворот не е никакво решение поради причини веќе образложени во претходниот пост.
Се согласувам дека не е пожелно работодавец да биде приватник, но ако условите во кампот (и платата) бидат совесно регулирани од државата... и тоа е многу, многу подобро од денешнава ситуација која само се влошува.
Кој вели дека не сме слободна држава ако имаме закон против питачење и/или спиење/живеење на јавни урбани средини?Следно нешто ти е дека сме слободна држава и не можеш никого да натераш да работи ако не сака, а како што кажав веќе, затворот не е никакво решение...
Едноставно тоа кога ќе биде противзаконско, сосема законски и правно издржани ќе бидат мерките присилно населување во работен камп каде на корисникот ќе му бидат обезбедни квалитетна и редовна исхрана, кров над главата и соодветни услови за живеење, плус работа за минимум со закон пропишана плата.
Нормално дека некој од тоа ќе прави профит, и затоа подобро е тоа да биде државата која сето тоа ќе го вложува во подобри услови во таквите кампови. Ако сето тоа е добро организирано и функционира, не можам да ама никако да замислам како тоа може да биде полошо од ова сега што се случува, со питачење, бескуќништво, криминал и злоставување на малолетници.