питачи на раскрсници, до кога?

  • Креатор на темата Креатор на темата alekso.mk
  • Време на започнување Време на започнување
Епа тоа е суштинскиот проблем друже немањето на работа, а ситуацијава која ја опишуваш ти донекаде и јас се согласувам ама денес е капитализам и не може државата да биде работодавец. Понатаму ако некој приватник го тера бизнисот фактички има гага робови со покровителство на државата.(т.е можноста за злоупотребување на ситуацијата е огромна еве моментално имаме пример со администрацијата која мора да гласа за да си го задржи местото)

Следно нешто ти е дека сме слободна држава и не можеш никого да натераш да работи ако не сака, а како што кажав веќе, затворот не е никакво решение поради причини веќе образложени во претходниот пост.
Не е точно дека во капитализам државата не може да биде работодавец. Тоа е работа на законите и лесно се средува за вакви... исклучоци.
Се согласувам дека не е пожелно работодавец да биде приватник, но ако условите во кампот (и платата) бидат совесно регулирани од државата... и тоа е многу, многу подобро од денешнава ситуација која само се влошува.

Следно нешто ти е дека сме слободна држава и не можеш никого да натераш да работи ако не сака, а како што кажав веќе, затворот не е никакво решение...
Кој вели дека не сме слободна држава ако имаме закон против питачење и/или спиење/живеење на јавни урбани средини?
Едноставно тоа кога ќе биде противзаконско, сосема законски и правно издржани ќе бидат мерките присилно населување во работен камп каде на корисникот ќе му бидат обезбедни квалитетна и редовна исхрана, кров над главата и соодветни услови за живеење, плус работа за минимум со закон пропишана плата.

Нормално дека некој од тоа ќе прави профит, и затоа подобро е тоа да биде државата која сето тоа ќе го вложува во подобри услови во таквите кампови. Ако сето тоа е добро организирано и функционира, не можам да ама никако да замислам како тоа може да биде полошо од ова сега што се случува, со питачење, бескуќништво, криминал и злоставување на малолетници.
 
Не е точно дека во капитализам државата не може да биде работодавец. Тоа е работа на законите и лесно се средува за вакви... исклучоци.
Се согласувам дека не е пожелно работодавец да биде приватник, но ако условите во кампот (и платата) бидат совесно регулирани од државата... и тоа е многу, многу подобро од денешнава ситуација која само се влошува.

Кој вели дека не сме слободна држава ако имаме закон против питачење и/или спиење/живеење на јавни урбани средини?
Едноставно тоа кога ќе биде противзаконско, сосема законски и правно издржани ќе бидат мерките присилно населување во работен камп каде на корисникот ќе му бидат обезбедни квалитетна и редовна исхрана, кров над главата и соодветни услови за живеење, плус работа за минимум со закон пропишана плата.

Нормално дека некој од тоа ќе прави профит, и затоа подобро е тоа да биде државата која сето тоа ќе го вложува во подобри услови во таквите кампови. Ако сето тоа е добро организирано и функционира, не можам да ама никако да замислам како тоа може да биде полошо од ова сега што се случува, со питачење, бескуќништво, криминал и злоставување на малолетници.
Јас така имам разбрано заради тоа се се приватизира.

Јас не велам дека не сме слободна држава со закон против питачење и/или спиење на јавно место, но никој не може да те натера да работиш ако не сакаш, а мотиката е во секој случај потешка од питачење секој ден.

Плус мислам дека е забрането деца воопшто да работат, а најголем број питачи се мали циганчиња.

Замислата е ок, но не гледам колку би била успешна изведбата иако и ова ти што го предлагаш е подобро од цел ден на улица.
 
...никој не може да те натера да работиш ако не сакаш, а мотиката е во секој случај потешка од питачење секој ден.

Плус мислам дека е забрането деца воопшто да работат, а најголем број питачи се мали циганчиња.
Ако се има законска мерка за тоа, присилна работа е можно и законски легално решение.
Не зборуваме за тешка робија. Но ако некој повторува питачење, бега од кампови каде има обезбедно сместување, храна и работа... Тогаш следна мерка е затвор, и вистинска присилна работа, па и тешка робија. Ако законот го пропишува тоа како правна мерка за кршење на прописите, тогаш се е легално.

Државата на сите им обезбедува школување. Работни места има, иако малку платени... Значи избор се има, малку платена работа во град но и преселување на село каде со работење малку земја секој може да се прехранува, бонус е додатната социјална помош која таквите веќе ја примаат.
Знам дека не секој го сака тоа, знам дека не е лесно... знам дека питачењето им е полесно. Но не зборуваме за тоа како да им е полесно туку како да им е подобро.

Кога сме кај социјалната помош, мислам дека не треба да им се даваат пари туку храна и да им се плаќаат сметки за струја/вода до одреден износ, наместо да им се дава кеш кој многумина од нив потоа го пијат, коцкаат или што веќе не.
 
Пред неколку години во рамките на ЦСР се направи кампања против просјачење. Ги собираа на дневна база, ги носеа по дневните центри низ Скопје, ги бањаа, вајда и по некој оброк имаа и вечерта ги пуштаа. И вака сумирано, не звучи ко многу да направиле, барем не како долгорочно решение. Неколку месеци во текот на акцијава, една од социјалните работнички која активно работеше со децава, беше претепана од еден од газдите на истите деца. Така да, треба да те интересира колку пари прават, ако веќе се интересираш за проблематикава како таква.

Од твоја гледна точка, они се само мали прљави дечиња, кои или ти досаѓаат или ти го замачкуваат стаклото. Проблемот е многу поголем и тоа за нив првенствено, после за тебе.

Велвет види вака - проблемот на сиромаштија и овие деца е многу поголем точно е и поглавно за циганите кои што не само неможат да најдат работа туку и не сакат да најдат работа и да бидат дел од општеството ама тоа е друг муабет.

Јас зборам за некои граници до каде питање може да стигне. Ок ако е до црква и плоштад. Ако питачи ти доагат дома дома со пиштоли тоа е друго. Токму тоа се случува сеа на раскрсници. Претерано е. Едностано не смее така да продолжува мора да се направи нешто.

П.С Нека каже некој статистички колку питачи учествувале во сообраќајка во споредба со останати причини како возење во пијана состојба па да видиме дали реално има причина за екстремни мерки или сепак моево објаснување е она што вистински се бара.

Друже ти ги сечеш гранките на дрвото пред да ти паднат на главата нели? Зарем мора да загине некој пред да почнеме да правиме нешто? Каква причина ти требат? Јас мислам дека не возиш кола па не го гледаш проблемот како што го гледам јас. Оти стварно треба да бидеш идиот за да тврдиш што питачи на раскрсници се ок, така треба да биде.
 
Ако се има законска мерка за тоа, присилна работа е можно и законски легално решение.
Не зборуваме за тешка робија. Но ако некој повторува питачење, бега од кампови каде има обезбедно сместување, храна и работа... Тогаш следна мерка е затвор, и вистинска присилна работа, па и тешка робија. Ако законот го пропишува тоа како правна мерка за кршење на прописите, тогаш се е легално.

Државата на сите им обезбедува школување. Работни места има, иако малку платени... Значи избор се има, малку платена работа во град но и преселување на село каде со работење малку земја секој може да се прехранува, бонус е додатната социјална помош која таквите веќе ја примаат.
Знам дека не секој го сака тоа, знам дека не е лесно... знам дека питачењето им е полесно. Но не зборуваме за тоа како да им е полесно туку како да им е подобро.

Кога сме кај социјалната помош, мислам дека не треба да им се даваат пари туку храна и да им се плаќаат сметки за струја/вода до одреден износ, наместо да им се дава кеш кој многумина од нив потоа го пијат, коцкаат или што веќе не.
Џабе ти е законот не можеш некого со сила да го натераш да работи, а ако го направиш тоа тогаш тоа е робовладетелство што се коси со основните човекови права, а затворот како мерка веќе кажав зошто не е ефективен и очигледно не си запознаен со основните човекови права.

И јас сум за тешка робија за одредени групи на криминалци(нарко босови, педофили итн), но и они во затвор не работат присилно т.е и они си имаат права иако се чудовишта.

За социјалната помош се согласувам не треба пари да им се даваат туку храна/облека/покрив.
 
Која сиромаштија, што нема македонци што питаат?
Сите тие заработуваат многу добри суми, повеќе од стандард дневница како што кажа едно циганче на телевизија 200-300 денари дневно е најмалку што ќе заработи, затоа и ги има многу.
Проблемот е што некој се сожалува и дава пари, треба тие да се казнуваат со 100-200Е и малку по малку ќе ги снема циганите. Што се не им прават газдите на циганчињата ако не дојдат со пари дома денес, а тука главна одговорност има полицијата затоа што не тепа.
Најироничната работа е што некои луѓе што им оставаат пари на питачите, на месечно ниво заработуваат помалку од самите питачи
 
хаха добар си друже ;) , како го замислуваш тоа - полиција стои на раскрсница ги гледа како питачите те провоцираат да им дадеш пари па после ако си дал ти доагат и ти лупат уште казна :pos:
 
хаха добар си друже ;) , како го замислуваш тоа - полиција стои на раскрсница ги гледа како питачите те провоцираат да им дадеш пари па после ако си дал ти доагат и ти лупат уште казна :pos:
Па реално тоа е пологична мерка отколку да ги казниш питачите. Нив им е сеисто пак ќе се вратат по старо, а ако се казнува давањето пари на питачи кога ќе нема пари пошто не е некој глупав казни да плаќа ќе ги снема.

Е сега пак проблем тука е имплементацијата т.е како би се извело ова и дали е можно на некој да му забраниш што да прави со своите пари.
 
Тоа што кажуваш ти е како да не се казнува арамија со затвор казна, а тој што настрадал - демек би требало подобри брави да стави и железна врата, сам си крив зашто чува пари и злато дома... ;)
 
Тоа што кажуваш ти е како да не се казнува арамија со затвор казна, а тој што настрадал - демек би требало подобри брави да стави и железна врата, сам си крив зашто чува пари и злато дома... ;)
Абе соучесник во злосторство. :pos:

Само реално тука во темава и проблемот и решенијата се напумпани како за глобално затоплување да збориме.

Како прво питачењето не е никаков криминал, а и не верувам дека поради питачи имало собраќајки кај нас. Ако сум грешка дајте некоја статистика колкав е бројот на жртви и/или материјална штета.

Тука муабетот е ај да ги пикнеме питачите во затвор или во некое село само подалеку од очи да ми бидат и да не ми го замажат новото БМВ пошо знаеш нели вечер со цурата ова она нема смисла со прљава кола да е појавам. :pipi:

П.С Исто така битно е решението да биде што побрзо без оглед на тоа дали на нив им се допаѓа или не.
 
Абе во жена парк пред собрание вртат коцки со пензионерите и со кеси лепак се шетаат и се излежаваат по тревниците и ниеден полицаец нема ,не па по крстосници.

Ако пита некое дете уапси го и дознај кој му се родители и после стрпај ги нив во затвор.И така парите децата што ги собираат цело време им ги зимаат на крај на ден и малку ќе им остават.Не е само по улици на што личи на камени мост ставила картон под нејзе и легнала а до нејзе буквално бебе се врти по бетонот.Зимај им ги децата и давај ги на посвојување ,вклучително и на странци.

А да не се ни почнува за посериозните работи како фактот што си ги продаваат децата во проституција и за органи.
 
Има еден што криви кога оди кај Vero ме фати жал и му дадов 30 денари колку да си купи леб, кога отвори раката пуно пари имаше и 50ки и стотки тој повеќе од мене дневница зима.
 
Обратно е, живеат од питачење а социјалната помош им е бонус.
Инаку мене лично најмногу ме нервира што добар дел од питачиве знаат да бидат дрски и безобразни ако не им дадеш ништо, ми се има случено да налетам на неколку мали Ромчиња и на едно од нив му ги дадов ситните пари што ми се најдоа во џеб и другиве почнаа да ми јадат вафли што не сум им дала и нив.
Да не зборувам дека некои од нив паралелно со питање се занимаваат и џепарошење.
многу меко го кажуваш овој дел.. дрски и безобразни...

кога ке ги набркам од стаклото или вратата кај шти ми висат, ми се има десено да ми клоцне во гума, неколку пати па и да плукне на колата... тогаш излагам од кола и почињам да ги бркам, а на некое блиско растојание, стануваат поише роми, кои се пазачи на децата, практично тие се организаторите на питачењето. тие се босовите. повекето од вас на питачите гледаат како на луге кои се гревови, немаат да јадат и затоа питачат... до тука сте во право, но има уште, а тоа е дека друг ги користи за провизија питачите-децата... “босовите“ си ги имаат поделено раскрсниците. секој еден газда “поседува“ право на користење на раскрсница и дозволува да се питачи на таа раскрсница на оној на кој ке му се кејфне. на крај од спечалот, му зима пола ако не и поише на тој што питачел, за да си плати дозвола за питачење пак.

тие фаци што ги прават, таа глума дека се инвалиди, таа болка од нивнителица и молењето за пари, имаат 2 позадини. првата е дека стварно немаат што да јадат, ама втората им е по опасна и по страшна, а тоа е дека ако не испитачат доволно пари за да му платат на босот на раскрсницата, следниот ден ке немаат шанса да добијат пристап до локација за питачење. следниот ден ке останат без пари за леб, затоа што некој ке им бара пари за да стојат тука и да питачат...

значи, дискутираме за криминал. дискутираме за искористување на децата. дискутираме за човечко омаловажување. нешто за кое државата стварно треба да повлече посилни потези, затоа што тие деца треба друго да прават, а не да питачат на семафори.
 
Ма какви бе развој, треба решение сега а не за 3-4 века.
Еве решение: работни кампови со загарантирано јадење и вработување. Ако те фатат 2-3 пати последователно како питачиш или си бескуќник, идеш на рехабилитација во камп. Таму ќе има обезбедно солидно сместување со сите потребни услови за пристоен живот, плус вработување (што би зависело од кампот, може да е фарма, или производство на нешто, итн). После некое извесно време ако сакаш можеш да се вратиш во претходната средина, ама ќе мораш во извесен рок да најдеш работа или некој да се потпише дека ќе те издржува. Ако те фатат пак на улица, експресно пак назад во камп и на друпло подолго минимум време.

На прв поглед звучи фашистички, ама ако размислиш што е подобро... спиење на улица и питачење, или кров над глава и пристојна храна и вработување?
Пер, дај кажи кај има таков камп... не е за мене, за пријател е, сакам да го бутнам... знаеш..
:D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom