На што се палат тинејџерите? Цеца, Лукас, Џогани, Миле и компанија

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување
Де, де, се јавија отмените момци, коа ќе се поднапијам и коа ќе се расположам што да слушам?
Наравно дека ќе слушам турбо фолк, само во такви ситуации го слушам, кога има за пивнување, иначе да слушам турбо фолк у кола или доека седам на пц у никој случај, а има такви кои што коа играме карти ќе пуштат концерт на Цеца, у тој момент ми се иде да исфрлам и карти и се, како што нив им се иде да исфрлаат карти коа ќе им пуштам ја цел албум од Хју Лори... :icon_lol:
Али јебига, секој со својот вкус и мирис. :D
 
Де бре фатив да ја читам темава само ради тоа да видам Рики што напишал, кога он баш на последнава страна удрил пост, и тоа мега пост, морав да го скокам малце.
Иначе турбофолкот датира пред 90тите, воведниот пост е малце грешка.
Турбофолкот би го ставил некое скалило над поп бљувотините од стилот на Ријана, Минаж, Бијонси итн. Додуше постојат фолк/турбофолк песни што ми се свиѓаат, за разлика од другиов жанр и артисти што ги набројав. Муабетот ми е убеден сум дека има и полошо од турбофолкот.
Не би забранил да слуша некој нешто де, само би ја понудил опцијата да слуша нешто што сметам дека е подобро, а изборот на крај сите си го прават сами, конкретно зборувам за мои деца. Методот на Поетска Правда не е лош додуше, да го придобиеш детето на својата музичка страна (y)
Познавам имбецили и паметни луѓе од повеќето табори на музиката дали турбофолк, рок или психоделичен транс. Така да интелектуалноста е дискутабилна, иако во мојот случај секогаш повеќе сум се наоѓал на муабет со рокерите, не за музика, туку за други теми, било какви.
За некои работи едноставно нема лек и нема што да си чукаме глава или да осудуваме, еве јас 70 проценти од музиката би ја избришал како да не постои, ама па и мене сигурно некој би имал/има желба да ме избрише ко да не постојам. Затоа неблагодарно е да се прават вакви некакви поделби и санкции.
Вируси има и ќе има, од нив не не' спасуваат ни галиите ни гробот на Александар (тоталка оф-топик).
 
Да бе ќе им забранам да слушаат таква музика и ќе одам по нив у секој автобус, пекара, клубови и ќе им ги држам ушите затворени. Глупости! Што ако им забраниш да слуша дома таква музика кога надвор на секој чекор пуштаат секакви песни, па и да не ги сакаш некои ќе ги знаеш на памет колку и да се глупи. Музиката би ја компарирала со виното, колку постаро, толку подобро. Само што тука новото и сега е и по сто години ќе биде срање! И не е само турбофолк, баш турбофолкот е многу помал и помалку опасен вирус(како што ти го нарекуваш) од на пример т.н Miley Cyrus вирус кој им наметнува на младите таква трансформација на личност да секое девојче чишто идол и било Хана Монтана стане чудовиште кое го вади јазикот кај што ќе стигне. И што е најлошо сите тие експлицитни порно елементи се според нашево ново време уметност. Не се гледа веќе во унапредување и негување на талентот, туку развивање на имагинација за правење што погнасни, повалкани, поголи, покрвави спотови со безобразни текстови. Како што кажаа вируси има и ќе има, за некои тоа е рап, за други метал , за трети турбофолк . Надежта е во добро развиен имун систем, па си резистентен на се што е неквалитетно и оформуваш истенчен вкус за музика која е вистинска уметност, а не музика со која ти стануваат идоли неталентирани девојки што мислат дека ако имаат голем задник можат да земат микрофон и да станат пејачки.

http://www.youtube.com/watch?v=BBAtAM7vtgc - ХИВ
 
Последно уредено:
Да, турбофолкот, труе, труе исто како психоделичната музика што ги труела оние хипицине кои дувале, мавале ЛСД и лапале печурки на таква музика.
НАстрана стереотипите, меѓутоа денешните турбо фолк генерации не можат ни на мал прст да им се фатат на тие хипици. Пошо хипиците (со исклучоци нормално) во Сан Франциско се зезале и со дроги во слободно време, а во останатото време се занимавале со електроника и ред други работи.
А денешниве ѕвезди не можат ни на Топсон Хантер да му се фатат на мал прст. Ни на Буковски и така натака да не ги набројувам.

Башка што со психоделиочниот Рабит и оваа другава песна во спојлеров ни од далеку и по никаков критериум не може да се спореди ниту една турбо фолк или народна песна.

Турбофолкот покренува ново, контроверзно движење. Музиката е виновна за таквото однесување на младите, исто како што била и тогаш.
Ахам. Само што тогаш младите биле за нијанса попаметни и било во право во тогашниот конфликт со старците. За разлика од денес кога сето тоа не личи на ништо.

Ќе се земам себе за пример и ќе споделам дел од приватниот живот за да пробам да го тргнам тој стереотип дека ако слушаш турбофолк, автоматски си типац со рамбовка и златен ланец кој иде у теретана и се пука со протеини и креатини.
во право си дека не мора да значи ланец теретана, но редовно слушање турбо фолк е знак на недоволно познавање музика, а многу веројатно и недоволно познавање на други работи.

Ипак... музика е бе човече... музика. Нешто за релаксирање, уживање, нешто што тебе ти го прави животот поубав кога е со тебе
Точно, али на тој што му го прави животот поубав прогресив или џез ни на крај памет не му паѓа да слуша турбо фолк, освен кога е начукан за заебанција на смеење. Интересно, нели?
 
Мизерија тешка... Порано се расправав со таквите фаци ама сфатив дека е џабе...Многу ги имат 80% слушет и едноставно неможат да разберат ама ајде нив да им биде убаво.. Еве веќе неколку години го игнорирам ова срање , тешко ама се трудам и скоро и друштвото ми е такво и ради нив морам да трпам...тешко е али тоа е .. срањето е насекаде околу нас
http://www.mkd.mk/zabava/domashna/b...10204579677952636&fb_action_types=og.comments
Ајде со ГОСПОД на помош
 
Неможеш да им забраниш да слушаат тоа што го сакаат, јбг.
Но ако ти смета можеш да нејаслушаш:icon_mrgr: Едноставно е, не излегувај кај што пуштаат таква музика и крај.
Мене лично не ми се допаѓа тој стил, не го слушам, не излагам на места кај што пуштаат таква музика и не ми треба таква музика да си поминам убаво.
 
Како прво и основно да се разбереме: ТУРБО ФОЛКОТ НЕ Е МУЗИКА!
Како второ: Турбо фолкот премногу лошо влијае на младите луѓе, Зашто: Им создава комплекси за жените, за самите себе и за светот воопшто.
Турбо фолкот заедно со алкохолот се совршена алатка за масовната деструкција.. и тоа го гледаме на дело, го гледаме ние кои знаеме што е вистинска музика, вистинска вредност и вистинска реалност. Турбо фолкот е дефиниција за се што е лошо, турбо фолкот прави жените да се проституираат а мажите да пијат со цел да ПРЕБОЛАТ / УЛОВАТ нешто за што се пее во песните а тоа се Жените.. и да побегнат во реалност, а тоа ги става во таа реалност од концепт НОРМАЛИЗАМ / СЕЉАЧИЗАМ / БАЛКАНИЗАМ. Секоја песна во турбо фолкот е за жена, алкохол, национализам, величење на лажни вредности, исповеди на сељаци / сељанки кои 95% и други им ги пишуваат текстовите, овие само се појавуваат во јавност и пеат на празно.. а еден тон изгубени душички ги идолизираат тие мајкоебачи па дури и опасни воздишки испуштаат додека ги слушаат,гласно пејат, се лудираат и се соживуваат со нималку вредните стихови. Им се градат ставови врз нешто што е сосема лажно, примитивно и ужасно.
Името ТУРБО ФОЛК го има смислено Рамбо Амадеус во не знам точно која година и баш убаво во неколку интервјуа објаснува, а и самото негово дело го опишува турбо фолкот бо најдобрата смисла на зборот. Еве што вика: "Folk je narod. Turbo je sustav ubrizgavanja goriva pod tlakom u cilindar motora s unutarnjim izgaranjem. Turbo folk je gorenje naroda. Turbo folk nije glazba. Turbo folk je miljenica masa. Pobuđivanje najnižih strasti kod homo sapiensa. Turbo folk je sustav ubrizgavanja naroda. Ja nisam izmislio turbo folk, ja sam mu dao ime." Јас се согласувам со ова и ова е многу точно!
Јас мислам дека турбо фолкот треба да биде забранет со закон и за замена на турбо фолк , како нај анти турбо фолк е Рап музиката.
Што значи каде што има такви сељачки журки треба да се пушта рап! Да се едуцираат децата конструктивно како што треба... па се прашуваме зашто нема почит, зашто нема љубов, зашто нема другарство... тука се крие одговорот, во овие Ебани Шатро Револуции кои ги пуштаат во етер, а тоа е се во склоп со Турбо фолк, Турски Серии, Алкохол, Систем, Ракоплескање на АДИЛ , и ред други ствари. Баш ми е фрустра муабетов ама се надевам дека ме сфативте што сакам да кажам..
На моето дете никогаш не би му дозволил да слуша турбо фолк зашто СЕКОЈА МУЗИКА гради КАРАКТЕР, музиката сама по себе е УНИВЕРЗАЛЕН јазик...
Јас слушам буквално се!! Слушам и некои заебанции кои припаѓаат и на турбо фолк жанрот, али тоа ми е само потсетувалник кога сум посетувал клубови каде што се собираат криминалци, курви, макроа, спонзоруши и танчерки ( стриптизети ) и тоа е така во тие клубови зашто живееме на Балканов наш каде што владе Југославизмот и така Турбото им ги буди ниските страсти на луѓето па плус коа ќе се залие со Алкос и Евентуално кокс или некоја друга дрога, со раскљамтани дрољишта кои го знаат занаетот предобро и кршат кукови ..... се е тоа ефтин филм. Да беше ова Америка во 90те ќе пичеше рапчуга и све ќе беше Криминалитет , али со стил!
Искрено овој стил турбо е сељачки, и секој кој го подржува е сељак!
Зад ова ќе стојам цврсто секогаш и кој има нешто против тоа може слободно да прави што сака а мене при тоа да не ме интересира, јас ќе го серам турбо фолкот и се што носи истиот зашто сакам да гледам, и функционирам со луѓе кој имаат отворен ум, кој се со светски размери и кој имаат вистински сфаќања околу светот и животот. Со турбо фолк тоа не можело да биде и нема никогаш да биде... Знам зашто јас сум слушал турбо фолк и сум се / сеуште се дружам со луѓе кои го подржуваат, слушаат и живеат ова... и им ги знам мислите кои ги процесираат, а се за тоа е крив .... Турбо Системот.
Главните елементи се: ЖЕНСКА ПРАВДА, МАШКА ПРАВДА, ЖЕНИ, АЛКОХОЛ, 3 СТИХА, СЕКОЈА МУЗИКА СМЕШАНА ВО ЕДНА........Не дозволувајте да бидете жртва на овој вирус, размислете околу ова.. направете споредба со другите музики, размислете од неколку аспекти... размислете што е музика и што музиката носи со себе и прави.
 
Последно уредено:
Отворил тема кај што жестоко го критикува турбофолкот, кај што ги напраи малоумници кои треба да бидат лишени од општеството луѓето кои го слушаат овој вирус кој не спаѓа во никаков жанр на музика, притоа заборавил дека пред 2 години напраил МЕГАМИКС НА ДУШКО КУЛИШ и го поставил на јутуб.

(y)


Што ќе кажеш на ова Скај? Дали би му дозволил на твоето дете да го преслуша овој фантастичен мегамикс на Душко Кулиш? м?
Точно сум го поставил а ти дали воопшто знаеш зошто сум го поставил? НЕ претпоставувам. Ти мислиш дека доколку ме критикуваш мене и како доказ тоа што имам поставено видео такво дека јас уствари сум турбофолкер. Јас ќе ти одговорам нешто сакаш ти сфати а и личностите кои ти ставиле лајк. Прва работа тоа сум го ставил заради пари да земам. Јас турбофолк не слушам ниту пак се палам на тоа едноставно таквата ,,Музика" не е за мене. Јас и ќе го критикувам турбофолкот и покрај тоа што јас сум Србин но таквото нешто јас не го прифаќам. Доколку мислиш ти дека ако јас сум поставил видео и автоматски да бидеш ти од типот на интересен воопшто не си, далеку од тоа. Така да пријател мој на мојот канал ќе најдеш музика српска но кафанска која е далеку од турбо фолк бидејќи ти ако се разбираш од музика многу добро ќе ги разграничиш некои работи што спаѓа под кафанска музика и што спаѓа под турбофолк. Погоре прочитај го текстот, пушти ги видеата кои ги имам ставено во моето мислење и види си сам што е музика а што не.
 
Една реченица од постот на Рики е избришаа поради содржење на навреда ,,Клошар".

Воздржете се од директни навреди и дискутирајте во границите на дозволеното :)
Да не се казнуваме, пошто не сме деца мали нели.

Продолжете...

Навреда ли е ако кажам дека сите што слушаат турбо фолк се сељаци? :confused:
 
Ако кажам дека сите што слушаат турбо фолк се сељаци, тоа навреда ли е? :confused:

Oва е множина и никој конкретно и прецизно не тангира :) Од Рики беше конкретна употребата на зборот клошар, за конкретен форумски член, прецизно и свесно упатена кон истиот, зато е и избришана.

Мислам дека доволно имаме разграничено од минатите дискусии што е директна навреда, а што е пронаоѓање во муабетот, пошто во второво сите сме се пронашле било во овој подфорум, било во општи, или на друго место.
 
Точно сум го поставил а ти дали воопшто знаеш зошто сум го поставил? НЕ претпоставувам. Ти мислиш дека доколку ме критикуваш мене и како доказ тоа што имам поставено видео такво дека јас уствари сум турбофолкер. Јас ќе ти одговорам нешто сакаш ти сфати а и личностите кои ти ставиле лајк. Прва работа тоа сум го ставил заради пари да земам. Јас турбофолк не слушам ниту пак се палам на тоа едноставно таквата ,,Музика" не е за мене. Јас и ќе го критикувам турбофолкот и покрај тоа што јас сум Србин но таквото нешто јас не го прифаќам. Доколку мислиш ти дека ако јас сум поставил видео и автоматски да бидеш ти од типот на интересен воопшто не си, далеку од тоа. Така да пријател мој на мојот канал ќе најдеш музика српска но кафанска која е далеку од турбо фолк бидејќи ти ако се разбираш од музика многу добро ќе ги разграничиш некои работи што спаѓа под кафанска музика и што спаѓа под турбофолк. Погоре прочитај го текстот, пушти ги видеата кои ги имам ставено во моето мислење и види си сам што е музика а што не.
Од кој да земеш пари бе? Од Душко Кулиш лично? Не се фолирај. :pos:

Друго. Болдот. Ако кафанска музика е далеку од турбо фолк (што е потпуно точно) кој кур си ми ја стаил Цеца у наслов?
Океј е дека има разлика од турбо фолк (глупостиве што се појавија во последниве 10 години) и фолк или народна музика од времето на Тома Здравковиќ и Шабан Шаулиќ.

И да, не реков дека ако си ги поставил видеата дека си турбофолкер.
Уште полошо си ти, Љубовни песни `Есен во мене`-Елена Ристевска. :pos::facepalm:
 
Кога може да се забрани да се купува пиво после 21 заради доброто на поединецот во државата, тогаш не гледам никаков проблем да се забрани и турбо фолкот.[DOUBLEPOST=1408107839][/DOUBLEPOST]
И да, не реков дека ако си ги поставил видеата дека си турбофолкер.
Уште полошо си ти, Љубовни песни `Есен во мене`-Елена Ристевска. :pos::facepalm:

Сите се фаќате само за најлошиот дел, јас ги гледав пораките љубовни од А.Василевски со компилација од музика на Владо Јаневски и ми делуваше онака оригинално. Да, мислам оригинално е соодветен израз.:cautious:
 
Последно уредено:
Кај се бе тие што толку слушаат турбофолк? Кај да ги најдам? Јас имам еден таков само, другите сите ми серат кога уопште ќе кажам кои ми се омилени пејачи, камоли да пуштам таква музика. Не знам вие кај ги наоѓате, дај дајте нешто контакт ова-она пошто ја стварно никако да запознаам такви. Не се бројат гуски глупи што ќе се начукаат и ќе почнат "еееее Северинааааа ОНО ЧЕ БИТИ ДОБРА НОЧЧЧ МОЈАТА ПЕСНАААА!". Збориме луѓе што стварно слушаат турбофолк. Такви ги има е поретко, и ова "тренд е, револуција, леле ги упропасти младите" муабет, е безвезе креирано од некои ептен напатени личности кои уствари самите се искомплексирани од таа музика пошто, нели, они се вистинските музички образовани експерти (кои најверојатно дома седат со чаша вино и се "Да, пријателе, оваа музика навистина ги продлабочува благодетите на твојата душа, можеш самиот да го почувствуваш придонесот кон допирот кон твоето срце..."), наместо, како што пишува погоре, музиката демек им создава комплекси за други ствари на младите. Тотално обратна е работата.
 
Во које срање сакате ставете ги овие песни али закон се.
За тебе Мајли Сајрус е добра пејачка? :pos:
Па боље Елвир Мекич слушај го.

Искрено не мислам дека главниот проблем е во турбо фолкот, него во разграничувањето на луѓето што е турбо фолк е што кафанаска музика. Да бидам искрен јас не слушам турбо фолк, ми немаат смисла ниту текстовите, ниту спотовите, ниту тоа што немаат добар глас а упорно вриштат и глумат ко да имаат глас ко Адел (пример: Хелена Розга, Ана Кокич, Бобан Рајович итн итн да не набројувам). Ама затоа знам да уживам во кафанска музика, нормално кога сум во кафана и кога е амбиентот за тоа, затоа што има доста квалитетни кафански песни уште од 80те и 90те. Џеј има една песна која ми е химна и ден денес, иако не слушам таков жанр на музика.

Лично, никогаш не сум давал предрасуди за музика, кој што сака нека си слуша, ама па глупо е да наметнуваш ставови на други, а уште поглупо е да не бидеш реален. Да Рики, јебига брат, не е реално да викаш дека Бобан Рајович пее квалитетна музика и дека знае да пее. Усне, усне боје вина, остаче ти без кармина, wow, еден стих 1000 зборови работава. :D Нема везе, ако ти се допаѓа тоа тогаш слушај го али секако тоа не спаѓа под поимот квалитетна музика. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom