Дуел на бендови (оваа недела: Fantomas vs Melvins)

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
Предлог од мене, ако е возможно кога се поставува нов дуел да се стави и анкета чисто за да може да се пребројат гласовите.

Инаку тежок избор. Анѓа у пранги мене ми се многу по-гренџи од Pearl Jam, едно поради звукот кој е многу „повалкан“ од оној на Pearl Jam, а друго поради текстовите и вокалот. Споредбава ми доаѓа ко да сум ги споредил Gruntruck со Mother Love Bone, едните се потврди и баш гренџи во права смисла додека другиве се помеки но се држат и звучат гренџи. Мојот глас за Alice in chains.
 
Alice in chains all the way...Едноставно некако подлабоки ми се, на моменти помрачни, Ведер е одличен вокал, но кога пее Лејн може да се почувствува болката..Речиси перфектно се вклопува со гласот на Кантрел...тој двоглас во сите нивни песни е epic!! Настрана од тоа што ми се допаѓа и звукот на гитарата, солажите кои во себе го имаат духот на она што претходно го работеа многу легендарни групи, а сепак е уникатен..Штета што Лејн замина прерано...Pearl jam ми се за поширока потрошувачка, иако се одличен безвременски бенд
 
Pearl Jam +1

Инаку, за тие што го сакаа резултатот од минатиот дуел е следниот

Black Sabbath: 14
Iron Maiden : 12
 
Последно уредено:
Pearl Jam

Ако барате погранџ по мое барајте во Алис, но како бенд многу повеќе ми легнале Pearl. Мекоста на вокалот од Еди кини, било во потивка песна, било во побрза. Доста специфичен е и другиот брат, но ете Pearl oд помал повеќе сум ги попримил низ касети ваму таму. Плус влијание со сигурност имаат и соло албумите на Еди од кои едниот беше нели за Into The Wild, па така трга некако повеќе на кај неговиот вокал. Албумот Ten е со сигурност еден од најдобрите албуми кои некогаш излегле во музичката индустрија. Вистинско ремек дело кое ги означи 90-тите.

 
Порано кога не ги имав многу слушано и двете повеќе ми имаа легнато Перл Џем, но со текот на времето повеќе ги засакав Алис и вокалот на Лејн Стејли полека ми стануваше еден од омилените...
Се согласувам со сквирел и икс-менот дека погранџи, повалкани, подепресивни, мрачни и длабоки се Алис, причина плус што мојот глас ќе иде за нив.

 
ух, без мнгу мислење за АЛИС. дечките едноставно се на повисоко ниво од перл. музиката, звукот, гласот, се е она што им ја дава карактеристичноста и ги издвојува, ...... додека противникот некако ми се губи во масата. на почетокот перл беа многу појаки отколку покасно. додека алис до последно си остана доследен со квалитетот и звукот.
 
ух, без мнгу мислење за АЛИС. дечките едноставно се на повисоко ниво од перл. музиката, звукот, гласот, се е она што им ја дава карактеристичноста и ги издвојува, ...... додека противникот некако ми се губи во масата. на почетокот перл беа многу појаки отколку покасно. додека алис до последно си остана доследен со квалитетот и звукот.
Дека цркна предвреме братот зато така останаа доследни :D Инаку иако и двата бенда припаѓаат во тој бран 90-ти, скроз се различни. Се согласувам дека се на повисоко ниво но само во однос на гранџ. Мене лично Ten ми е подобар од сите албуми собрани заедно од Алис :D Ама нема гајле, како и да е и двата бенда се партали.

Поздрав и од мене.

 
Перл Џем, баш затоа што навлегоа и во други води во музиката и покажаа дека можат да компонираат добри дела и надвор од правецот кој ги прослави. Алис си останаа на тој тврд, препознатлив звук со години, нешто што бар за мене ги прави не толку интересни, иако знаат да погодат добра песна и на поновите албуми. Башка што и за мене како и за turvior, на Ten има подобар гранџ материјал од целокупното творештво на Алис.
 
Дека цркна предвреме братот зато така останаа доследни :D Инаку иако и двата бенда припаѓаат во тој бран 90-ти, скроз се различни. Се согласувам дека се на повисоко ниво но само во однос на гранџ. Мене лично Ten ми е подобар од сите албуми собрани заедно од Алис :D Ама нема гајле, како и да е и двата бенда се партали.

Поздрав и од мене.
болдот, и те како е ова вистина. исто ко со нирвана. кога почнаа да бледеат, тогаш реши оној да си ги скрати маките и ОП, ............ легендата се роди:love:
 
Pearl Jam, +1, не сум расположен за објаснување зошто како :)
 
Некако не се распаливте за претходниот дуел. Како и да е, пак ќе идам со теоретско стилски слични "противници". Да се вратиме од 90тите десетина до петнаесет години наназад кога почнувал њу вејв стилот да се развива и мелодичниот пост-панк уживал легендарни претставници како нашиве дуелисти.

За оваа недела,

Joy Division

Joy+Division.jpg


vs

The Smiths

The+Smiths+smithspng.png



злоба сум, знам
 
Јоy Division без двоумење. The Smiths се исто закон бенд, нв првиве се премногу култен бенд за да не би ги гласал, кои внесоа огромна новина во музиката, цел бран следбеници после себе, инспирација за поколенија, а Ian со сигурност ќе остани запомнет како еден од најголемите генијалци на минатиот век, чии последици уште ги сеќаваме низ бендовите наваму.

 
Не дека се лоши Дивижн, ама Смитс ми се подобри. Стајте +1 за Смитс.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom