Против појаки репрезентација Азар ќе треба да се упали од почеток на утакмица или барем многу порано него денеска. До 80та минута скоро и го немаше, после направи еден пробив, па после добар ролинг и блокиран шут и на крај асистенцијата (одлична акција со Ориџи, мислам вака се чита). На крај можеше уште една асистенција да има али Миралас слабо шутна.
Иначе Лукаку слабо на овие две утакмици, пример Ориџи денеска покажа повеќе од него. Плус, Ориџи е малку поагилен напаѓач од Лукаку, убаво ја раздвижи играта.
Како и да е, со ваква игра Белгијците ќе паднат во 1/8финале вкрстуваат со ептен незгоднава група (Германија, Гана, Португалија, САД). Индивидуално се супер играчи, ама немаат некоја препознатлива игра, немаат идеја во напад. Не сум експерт, ама мислам дека тоа се должи најмногу до селекторот. Плус, централни бекови играат странични бекови. Учество во напад=-1. Ај Вертонген така и така, али Вермален...Агим Ибраими на другата страна е нешто посолиден вака од око, иако утакмициве на Белгија и двете не ги гледав со особено внимание (што се должи на интезивноста на утакмицата, нели...)