Даниел Кајмакоски

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Сега случајно ми влезе во очи темата, баш онака како што очекував, само после месец два веќе никој не го споменува.
Tолку бил добар и славен...
 
За пиво фест во Прилеп ке настапувал Кајмаков :tapp:
 
Скопје - Београд дует со Жељко Јоксимовиќ
 
https://soundcloud.com/maja-beckovic/zeljko-joksimovic-daniel-kajmakovski-skopje-beograd

Што мислите, ќе стане хит? За мене многу разочарувачки звучи песната целокупно, а посебно вокалот на Даниел на песната.
Да бидеме искрени, без национални чувства вмешани, песната е тотално промашување со типичен турбо-фолк хармонија и аранжман, а вокалот на Даниел звучи како на секој втор аматер што се појавува на некои рандом детски фестивал. Вокалот е многи разочарувачки на Даниел, многу високи без скоро никаква басови и средни френкфенции во неговиот глас што е многу лошо за еден пејач. Во студиото сите пејачи си ги гледаат своите маани. Со толку миксање во студио, а толку лошо да му звучи вокалот е премногу разочарувачки. Да не звучам лошо, али премногу пее меко и “шабански“. Добар пејач се препознава и во лоша, а камоли во добра песна. Ова звучи премногу аматеур.
 
Последно уредено:
По 2-3 слушања ,не е лошо ,ама можеле некоја балада да направат .Балади му лежат на Јоксимовиќ .а и Кајмакоски би отпеал подобро отколку ова .

Ај ќе видиме како ќе звучи Кајмакоски на песна целосоно исепана од него.
 
По 2-3 слушања не е лошо, туку одвратно! До кога бе веќе со оваква музика ќе одиме? Песната звучи како оние рандом тезгарски кафани бендови , ала Миле Кузмановски-Шприцер! Да не беше ХФактор и Жељко оваа песна ќе се вртеше само на радио Роса, па дали и таму.

Даниел не е битно дали испеал 1 минута или 5, а пее скоро 2 минути од песната, туку зборуваме околу техничките детали за неговиот вокал. Звучи премногу меко, без басови и средн френкфеции и тоа со многу миксање. Имам другар кој работи во МТВ и многу добро знам што зборувам. Спореди Жељко колку појак сигнал има на снимката. Тоа е природно и човек се раѓа со тоа. Ако на еден пејач гласот не му звучи во студио и на снимка тогаш ништо од него. Очигледно е дека е премногу исфорсиран од македонските медиуми. Сите тие натпреварувачи на ХФактор беа испод просек пејачи, но телевизијата сето тоа ти го маскира и ти создава гламур.

Слушај што прави певачиште после 2:28 ( Мики Јовановски-Џафер), па после спореди и сфати што ти зборувам.

 
Сите нешто како разочарани сте од песната, мислиш Кајмакоског направил песна со Мет Бернингер, а не со еден помалку од обичен Зеуко. Мислам шо очекувавте, Бритиш No1 хит?
 
Tocka.com.mk - Ексклузивно за Точка: Даниел Кајмакоски - "Не се каам за ништо!"
tocka-127819.jpg

Имавме прилика да му "украдеме" неколку минутки од краткиот престој во Скопје на нашиот идол, шармантниот "Даниел Кајмакоски" додека уживаше во прекрасниот ден во парк... Еве што сподели тој за читателите на Точка.
Даниел Кајмакоски "Х-фактор" почна-заврши-победи, што се случува сега? Каде си? На што работиш?


Даниел Кајмакоски: Во моментов сум во Скопје каде што интензивно работам на материјалот за албумот и на изборот за првиот сингл после победата на "X Фактор"...

daniel-kajmakoski-intervju-tochka-ekskluzivno-sunny-5.JPG

Одбра да останеш во Белград, зошто?

Даниел Кајмакоски: Како што кажав претходно, јас одам секогаш таму каде што патот ме води. Во моментов сум во Скопје за некој ден одам повторно во Белград за потоа да се вратам поради концертот во Борис Трајковски. Секогаш се слушам себе си и тоа е тоа што ми ги донесе овие моменти.

Ти пречеа ли сите оние озборувања кои кружеа во Македонија и Србија додека траеше Х- Фактор?

Даниел Кајмакоски: Секоја професија со себе носи големи предизвици со кои мораме да се соочиме доколку сакаме да ја оствариме целта која сме ја замислиле. Ова е јавна професија и мислењата на луѓето може да бидат во исто време патоказ како и соочување со реалноста во која живееме. Гледам од секој момент да научам нешто ново.

daniel-kajmakoski-intervju-tochka-ekskluzivno-sunny-4.JPG

Која ти е целта сега од кога заврши X Фактор?

Даниел Кајмакоски: Во моментов сум целосно посветен на изработка на песните кои ќе бидат дел од мојот прв албум.

Ти недостасува ли нешто од порано, од пред Х Фактор, нешто што да би можел би го вратил?

Даниел Кајмакоски: За ништо во животот не се каам, а ова што сега ми се случува го барав цел живот. Пресреќен сум и гледам само напред.

daniel-kajmakoski-intervju-tochka-ekskluzivno-sunny-2.JPG

Готвиш ли, имаш ли време за тоа?

Даниел Кајмакоски: Во последно време се помалку. Имам голема желба да експериментирам со храна и вкусови и мислам дека ако посветам доволно време можам да бидам добар готвач. Хахахах

Ја сметаш ли храната за афродизијак?

Даниел Кајмакоски: Секако, мислам дека и научно е докажано дека одредени видови на храна влијаат стимулативно на нашето тело.

На што трошиш најмногу пари?

Даниел Кајмакоски: На полначи за телефон и лап топ...хахахах. Во последно време немам среќа со полначите и насекаде ги оставам...:)

Што е она што би го подарил на својата сакана, кога би ја имал?

Даниел Кајмакоски: Верувам дека материјалниот свет е илузија , затоа, единствено нешто вредно кое би и го подарил на мојата сакана е вниманието, дефинитвно.

daniel-kajmakoski-intervju-tochka-ekskluzivno-sunny-6.JPG

Што треба да поседува девојката на твојот живот, имаш ли некаков идеал, слика, како би изгледала?

Даниел Кајмакоски: Според мене искреноста е најважната особина која треба да ја поседуваат, не само мојата девојка туку сите луѓе на овој свет. Тешко ми е да замислам како би изгледала девојката, но во еден таков свет сигурен сум дека животот би бил многу поедноставен и среќен.

daniel-kajmakoski-intervju-tochka-ekskluzivno-sunny-8.JPG

Изјави дека твојот другар Антонио те натера да се пријавиш, зошто ја изгуби надежта да станеш пејач?

Даниел Кајмакоски: Никогаш вистински не ја изгубив надежта. Секако дека имаше моменти кога помислував да престанам со обиди и да заборавам на работата во студио, меѓутоа секогаш нешто се појавуваше што ме враќаше на патот кој оддамна го имав одбрано да го одам.

Да не беше тука и сега, што ќе беше, што ќе работеше доколку не беше пејач?

Даниел Кајмакоски: Навистина ми е многу тешко да замислам што друго би можел да правам доколку музиката не би била присутна во мојот живот. Убеден сум и дека нема да има потреба да размислувам на таа тема.

При едно интервју изјави дека се уште не чувствуваш дека би требало да ја претставуваш Македонија на Евровизија ако имаш прилика, зошто?

Даниел Кајмакоски: Мислам дека се уште е рано за таков чекор. Секако дека би ми било голема чест и задоволство еден ден да застанам на таа бина и да ја преставувам мојата татковина, меѓутоа во моментов, како што кажав и претходно, сум целосно посветен на изработка и одбирање на песните кои би се наоѓале на мојот прв албум.

daniel-kajmakoski-intervju-tochka-ekskluzivno-sunny-1.JPG

Со кого ти е желба уште од мал да имаш соработка?

Даниел Кајмакоски: Морам да кажам дека израснав слушајќи R&B, Hip Hop, Soul, но сум љубител на различни стилови на музика, така што постојат многу луѓе со кои би сакал да соработувам но, со дуетот кој го имаме со Жељко Јоксимовиќ веќе ми се оствари еден сон и се надевам дека во иднина ќе имам повторно прилика да соработувам со такви ѕвезди.

Што би им препорачал на сите оние кои сонуваат да го работат тоа што го сакаат?

Даниел Кајмакоски: Пред се да го слушаат своето срце, да бидат упорни, храбри и никогаш да не престанат да веруваат во својот сон, затоа што само така се остварува.

daniel-kajmakoski-intervju-tochka-ekskluzivno-sunny-7.JPG

Неколку "блиц" прашања:

Книга или филм?
Книга...

Пиво или вино?
Вино...

Русокоса или смеѓа?
Не е битно...:)

Парк или кафуле?
Парк...

Диско или домашна забава?
Домашна забава...

Плажа или планина?
Плажа...

Театар или кино?
Кино...

Романтика или забава?
Забава...

Благодариме.

Автор: Сања Стојковска
Фотографија: Ивана Дракулевска
 
Даниел имаше дел од околу 30 минути настап за време додека беше гласањето на вчерашното 1/2 финале на Макфест. Баш ги следев изведбите и можам да кажам дека е подобрен во однос на македонските песни.
Еве ги песните поединечно
Еве целосно...
 
Да се појавеше на Макфест во натпреварувачкиот дел со било каква песна ќе победеше и тоа убедливо. Незнам само дали не се појава поради договор некој со продукцијата на Х Фактор или нешто друго е „посрједи„ шо би рекле нашите пријатели Хрватите. Како и да е со оглед дека девојчињата лудуаат по него мислам дека на кој било фестивал со избор преку СМС да се појави ќе победи. А наградите се одлични 20 илјади евра и тоа за 6 минути на сцена. Од Х Фактор ги искозија 6 месеци и уште го вчеат човекот за тие 10 илјади евра, што е смешна награда.
 
Девојките “лудуваат“ по секое рандом лице што е моментално популарно поради телевизијата. Тој не е сексуален симбол и не е убав факт. А, тоа нема вечно да трае верувај ми. Ќе видиме што ќе биде и како ќе биде после 7-8 месеци кога еуфоријата ќе ја снема сосем( иако и сега веќе се олади).

Факт е дека гласот на Даниел му звучи испод просек кога пее македонски и српски песни. Тоа го кажав јас, а и уште 15 души со коишто “случајно“ правевме муабет. Сум слушал далеку подобри изведби на македонски песни од него. И, веќе преку глава од тој XФактор искрено. Нека снимат своја музика, свои песни, албуми, спотови, па ќе видиме што како. Нема сигурно вечно да ги слушам како пејат кавер песни. Чао, пријатно!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom