LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?


  • Вкупно гласачи
    291
Нема што да се гледа, само повторување на тоа што се случи до сега. Џабе потрошив 40 минути.
 
OK, морам да признаам дека ова е една од најдобрите теории кои сум ги прочитал досега (The Theory of Everything), со тоа што треба добро да стоите со англискиот и да имате време (цели пет страни пишувал типот).

Како и да е, дечкото пишува за правилата на патување во островот и надвор од него (кога може да се патува од минатото во иднината и обратно, правилата на патување преку излезот во Тунис и преку координатите), и што се случува кога тие правила ќе се прекршат (зошто луѓето од островот умираат кога ќе се вратат на островот) итн...

Во принцип, островот и светот отишле у к.... поради експериментите на Дарма и бомбата на островот. Иако иднината не може да се смени, Џејкоб, кој е човек од знаење и вера (man of science, man of faith), кој и покрај се откако ќе ја види иднината, ќе проба да ја измени. За таа цел ќе излезе низ отворот во Тунис и ќе најде научник (Ричард) со кој ќе се врати на островот во минатото. Но бидејќи ќе ги прекрши правилата на патување, останува заробен во јаз, од каде што може да комуницира со Ричард и останатите, но не може да биде виден. Спасот на островот и цивилизацијата останува во рацете на Ричард. Нестареењето на Ричард се објаснува со тоа што човек кој се вратил од иднината во минатото не почнува да старее додека не ја допре точката на иднината од која се вратил во минатото. Правилата на патување и последиците се објаснети на долго и широко па ќе мора да ги прочитате.

Целта е да се фиксира островот во една временска рамка (во однос на надворешниот свет) за да не настане катаклизмата. Ова едно време го прават со притискање на копчето секои 108 минути при што островот се враќа временси за 108 минути назад. На овој начин и со прекинување на комуникациите спречуваат било кој од иднината да го пронајде островот. Но се јавува проблем со раѓањето на децата, бидејќи островот се наоѓа во минатото и ако не се смени временската рамка умираат мајките со што се загрозува опстанокот на цивилизацијата. Затоа луѓето на Бен подоцна ги крадат децата а бен ја доведува Џулиет на островот.

Главната цел е да се доведе некој од островот кој ја знае иднината, да се врати во минатото и да ја измени иднината, но таквите умираат. Ова го спроведуваат со тоа што ваквите личности се враќаат мртви во некоја точка од минатото во која биле живи.

Интересен е делот во кој се вели дека Ричард и Џејкоб за оваа мисија го пратиле во иднината Реј Шепард, кој го оставил својот син Кристиан на островот. Но Реј не ја исполнил должноста и не се вратил, па го испратиле Кристијан кој станал доктор и откако починал се вратил со синот Џек Шепард, кој е крстен по Џејкоб (со Oceanic, татко му се шета од првата епизода по островот иако беше мртов).

Добро, ова што го пишав е онака нафрлено и ништо посебно нема да разјасни, затоа, одвоите саат време и прочитајте ја теоријата на се и сешто.



Настрана од ова, видов уште нешто што една тетка си го нарече теорија, ма да нема врска со теорија ама е интересно: се работи за филмот Frequency (2000), во кој двајца луѓе комуницираат од различно време (30-тина години разлика). Ова само малку потсетува на Lost, но она што теткава го забележала е дека во улога на сопругата на James Caviezel во тој филм е Elizabeth Mitchell (нашата Џулиет), убиецот (негативец) во филмот е Shawn Doyle кој беше во пилот епизодата на Lost, а во филмов неговиот лик се вика Џек Шепард... За разлика од „Теоријата на се“ ова е повеќе „Теорија на ништо“, ама интересно е.
 
Настрана од ова, видов уште нешто што една тетка си го нарече теорија, ма да нема врска со теорија ама е интересно: се работи за филмот Frequency (2000), во кој двајца луѓе комуницираат од различно време (30-тина години разлика). Ова само малку потсетува на Lost, но она што теткава го забележала е дека во улога на сопругата на James Caviezel во тој филм е Elizabeth Mitchell (нашата Џулиет), убиецот (негативец) во филмот е Shawn Doyle кој беше во пилот епизодата на Lost, а во филмов неговиот лик се вика Џек Шепард... За разлика од „Теоријата на се“ ова е повеќе „Теорија на ништо“, ама интересно е.

Игра на режисерите баш за таквите ко '' тетката '' :), ако се сеќавате на филмот The Others со Никол Кидман, покрај неа во главната улога беше и Fionnula Flanagan, позната ?
 
И конечно некој одговор!!! Даниел Фарадеј конечно кажа нешто што има смисла. Време беше!

Енивеј, теоријата што ја пишував погоре очигледно држи вода. Не се знае кој е кој точно ама принципите се тие. Дечкиве ќе го баталат она what happened, happened и ќе се обидат да ги изменат работите. Сега барем знаеме во која насока ќе тера серијава.

Да не расипувам со повеќе коментари, една од најдобрите и највозбудливите епизоди во оваа сезона според мене.
 
И конечно некој одговор!!! Даниел Фарадеј конечно кажа нешто што има смисла. Време беше!

Енивеј, теоријата што ја пишував погоре очигледно држи вода. Не се знае кој е кој точно ама принципите се тие. Дечкиве ќе го баталат она what happened, happened и ќе се обидат да ги изменат работите. Сега барем знаеме во која насока ќе тера серијава.

Да не расипувам со повеќе коментари, една од најдобрите и највозбудливите епизоди во оваа сезона според мене.

Druze, ke moze da mi gi dades linkovite po pm.
 
Добра епизода беше но најдоброто штотуку следува...
 
Држи вода теоријата погоре шо ја пиша еден член... Барем ја решивме дилемата за Видмор-Фарадеј-Елоиз, најдоброто следува, се согласувам.

И пак дојдовме на старото destiny vs. free will.
 
Да бе.Сега со time-travel сценаристите ќе можат да прават шо сакаат.А ќе имат и нелогичности сигурно.
 
Набрзина ја разлистав темава и не можев да одолеам и да не прочитам некој споилер. Сега ја ставам најновата епизода за симнување, ќе ја гледам утре, па ќе коментирам. Инаку уште три епизоди до крај на 5-та сезона. Следната година ова време, series finale:vozbud:
 
Готово фарадеј го скинаја :), ама мислам сега ќе го однесат во храмот како што го оденсоја Бен и ќе се спаси и на крајот ќе ја реши цела серија :)
 
Понекогаш се каам што не ја оставив Лост негде кај втора сезона, додека серијата сеуште вредеше. Сега и да сакам неможам бидејки веќе ми е навлезена под кожа и ми е guilty pleasure, но свесен сум дека Лост е само уште една сапуница, чие дејствие не се однесува во луксузни вили, туку на загубен остров. Последниве две епизоди беа крајно досадни и со мака ги гледав, има уште три до крај на сезона, па ќе одмараме после до јануар 2010.
 
Еве едно преводче од мене чисто да се пополни паузата измеѓу епизодите:

LOST - инспирацијата од Stephen King

Се ближи крајот на петтата сезона на „Изгубени“ а сценаристите Дејмон Линделоф и Карлтон Кјус одговараа на неколку прашања на фановите во кои прозбореа и за тоа од каде ја црпат инспирацијата за мистеријата наречена „Лост“.

Карлтон Кјус изјави дека и тој и Дејмон се големи обожаватели на Стефен Кинг, а идејата ја земале од неговото дело „The Stand“. Како што вели, „Изгубени“ не е 10та копија на некое веќе видено шоу кое се труди да направи 100 епизоди на тој начин што ќе биде слично на останатите серии. Наместо тоа, Лост ја зема идејата на новелата од 1000 страни во која вирус (superflu) ги убива повеќето од жителите на земјата..“ Она што им се допаднало на авторите е што книгата во мистеријата околу тоа што се случува е секундарна во однос на мистеријата околу тоа „кои се овие луѓе“, концепт применет и во Лост. Од останатите извори меѓу другото се користеле и со библијата како и со култната серија Twin Peaks.

Најчесто поставувани прашање ни се: „дали воопшто знаете што правите?“ и „дали ќе стигнете да ја раскажете приказната во толку мало време?“ - вели тој.


За нас е малку фрустрирачки што го раскажавме почетокот, го знаеме крајот, а можеме да пишуваме само за средината“ - вели Дејмон Линделоф. Нивна најголема желба е кога ќе заврши серијата, фановите да се чувствуваат дека вредело тоа што ја следеле со години.


Враќајќи се назад, кога би се прашале за што во серијата се каат, Дејмон вели дека прво што му доаѓа на памет е прераното заминување од серијата на Mr.Eko, лик со кој имале поинакви намери, но актерот не сакал да работи повеќе од втората сезона, па морале „да го убијат“.

Оваа сезона завршува на 13 мај и останува уште една кратка сезона до дефинитивниот крај на серијата и долго очекуваниот расплет.



Инаку и во The Stand се создаваат два преживеани табори кои кога ќе станат свесни дека другите постојат, се конфронтираат помеѓу себе и настанува епска битка помеѓу доброто и злото. Некои велат дека ова е најдоброто дело на Stephen King кој е автор со убедливо најзабеган ум и автор со рекорден број на филмувани приказни според неговите дела.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom