Што готвите во моментов?

  • Креатор на темата Креатор на темата perez9
  • Време на започнување Време на започнување
Гулаш со пире

Свинско месо на коцки околу 400 гр се пржи на зејтин со неколку главици сецкан кромид све дури кромидот не се карамелизира (ова е битно за да биде гулашот густ)...Се ставаат зачини- вегета, бибер, сол, црвен пипер...ПОсле тоа се става доматен сос околу 200 мл и малку зовриена вода, 2-3 ливчиња ловоров лист, малку лук сецкан и неколку зрна шеќер и се остава да се динста поклопено со капак на ниска темпертура...За време на динстањето треба да се внимава да не загори и затоа по потреба може да се достава вода све дури месото не стане меко...Јас околу 1,5 саат го готвев...
- Пире на стандарден начин направено и се сервира заедно све во чинија...
- Одозгора ставив магдонос ама не требаше искрено, не ми даде убав вкус...20151124_173122.jpg

20151124_173143.jpg
 
Штрудла со вишни
Прегледај го приврзокот 134144

Толку успеав да сликнам пред да ги изедат и овие :D

Дали ќе може да ми го напишеш рецептот и подготовката, вкусно изгледа, а знам дека дома имаме поголема количина замрзнати вишни ( пошто ја ги чистев и складирав :D ), па да ги искористам, ми здодеа таа тортата со вишни веќе :kafence:
 
Дали ќе може да ми го напишеш рецептот и подготовката, вкусно изгледа, а знам дека дома имаме поголема количина замрзнати вишни ( пошто ја ги чистев и складирав :D ), па да ги искористам, ми здодеа таа тортата со вишни веќе :kafence:
Немам рецепт, јас ги правев со готови кори,купив од оние вишни во тегла со вода (сок) што се ама може и со замрзнати. Ги ставаш во тенџере со малце вода, шеќер од око ставав јас зависно колку сакаш да е благо и еден ванилин шеќер. Да проврие и јас ставив нишесте дома имав за да ми згусне побрзо да не го варам долго. Малце ги прогмечив и толку. Една кора прскаш со масло, ставаш втора врз неа па фил и виткаш. Јас ги сечев пред печење на мали парчиња можеш и по печењето. За едно пакетче кори искористив 700гр вишни. Премачкуваш со стопен маргарин и печеш на 200степени 15тина мин.
Можеш да експериментираш со оревчиња или друго овошје нема утка. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom