Што готвите во моментов?

  • Креатор на темата Креатор на темата perez9
  • Време на започнување Време на започнување
image.jpeg
Spremam posna sarma da se krchka sliki koa ke bide gotova :D

Gotovaaa yumm[DOUBLEPOST=1449957618][/DOUBLEPOST]
Го најдов рецептов пишан како „селска пита“ и го направив со некои мали измени. Не ставив брашно, ставив едно мало чили пиперче.

Пред печење.
Прегледај го приврзокот 134542

Almost there...
Прегледај го приврзокот 134543

Done.
Прегледај го приврзокот 134544

Agde ova neli e shepherds pie?
 
Еве една брзинска фотка.

Ова ти се вика посен сваштарник. :D Растворив чоколаден пудинг во темен газиран сок... Плус урми, какао бисквити, алва, мед, чоколадо... ма све што најдов низ дома.
IMG_20151212_232013.jpg
 
Мрзлива опција на питата на CafeDelMar - нетегнета (брза) пита со праз. :) Сезона му е... :)

12341529_1639148213014727_8335041848365134182_n_zpswqfmayfr.jpg
 
Колач со цреши. Во ниедно време, ама ми се стоплува срцето кога ќе го видам домаќинот како задоволно се дави во храната што сум му ја спремила. :)

SAM_4297.JPG

SAM_4302.JPG[DOUBLEPOST=1450225558][/DOUBLEPOST]@ХулахопкиСоТочки, клај и ти слика од тоа флафи колачот. :)
 
Последно уредено:
Помфрит од пашканат и морков, печен. Го испеков малку повеќе. Тоа од страна е домашен вегански „мајонез“ со лук и црвен пипер. Не очекував да биде волку вкусно.

SAM_4317.JPG
 
Тирумису, со домашни плазма и домашно маскарпоне. Убавини :love::rolleyes: DSC_0202.JPG
Утка направив со белките го шибнав шеќерот одма па не ми се направи снег :pos: и ги искористив за ролат со мармалад.
DSC_0199.JPG Сѐ е безглутенско. :)
Рецепт во темата Секакви рецепти
 
Последно уредено од модератор:
Тирумису, со домашни плазма и домашно маскарпоне. Убавини :love::rolleyes: Прегледај го приврзокот 135043
Утка направив со белките го шибнав шеќерот одма па не ми се направи снег :pos: и ги искористив за ролат со мармалад.
Прегледај го приврзокот 135044 Сѐ е безглутенско. :)

Можеш во Секакви рецепти да напишеш рецепт? :)
 
Погача сонце

За тестото треба-
пола литар топла вода, 2 пакетчиња сув квасец, 3 мали лажички сол и исто толку шеќер, 6 лажици зејтин и кило брашно (ние една шоља мала вадиме од брашното за да излезе на помеко тестото) и откако убаво ќе се замеси веднаш се прави погачата...
Се дели цело тесто на пола, а секоја половинка на 5 еднакви дела (значи 10 вкупно) и секое делче се расукува и од него се прави како поголема кифла, како ролна и се сече таа на половина и во тепсија се ставаат 4 на средина исправени, а останатите 16 се ставаат околу...
- Одозгора се става маргарин и се остава да кисне едно 20-тина мин на топло покриено со чиста крпа...
- Се пече прво на 200 степени, после се намалува, зависи од шпоретот како ви пече...

Само овие слики ги имам
20151220_142315.jpg


20151220_144544.jpg


20151220_155323.jpg

Одозгора можете со жолчка да премачкате и да ставите сусам, ким или сл...Ние ништо од тоа не јадеме и така без ништо ја испековме...Внатре е како лиснато тесто...
Со сирење и пршута иде одлично..И руска нормално... :)
 
Брокула, бамбус, свинско(маринирано во соја сос, лук, ѓумбир, чили, мед и оризов оцет), печурки, моркови, кромид и пиперка. За салатата ќе пишам во темата за салати.
SAM_4371.JPG

SAM_4375.JPG
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom