Што готвите во моментов?

  • Креатор на темата Креатор на темата perez9
  • Време на започнување Време на започнување
Јас веќе го изедов тоа што го правев. Пошто се пости во петок, исечкав лешници една рака, малку ги потпеков во тава без масло колку да добијат арома и ги прелив со дабов мед. 2-3 минути и слатикишот е готов(за јадење и една минута е многу)
Кога спомне некој лешници, ме асоцира на чорбаџија :D како тартуфи да си купил дојде цената :свиркам:
 
За жал големиот влажен снег од прошлата зима ми скрши од поголемите гранки, но сепак за домашни потреби имам доволно. истото е и со оревите кои никогаш не сум ги купувал, дури и продавам понекогаш
 
За ореви и костени не сум давал пари ни јас, додуша и лешници да имам време нема да дадам, има диви близу Прилеп, иако се поситни убави се за јадење потпечени :)
Бадемите не знам како се годинава некршени со цена.
 
pW6ngS5.png


Ролат од месо со прокељ. Мјам.
 
Свинско динстано и на крај сосема малку на сува тава испржено, со прелив од сенф и пармезан. Грашок и еден компир печен.

image.jpeg

И зеленчукот уште на рингла. Црвена и зелена пиперка, морков, тиквичка и кромид.

image.jpeg
 
Печев пастрмка...
Ја исчистив, ја измив убаво, ја посолив и во средината ја наполнив со сецкан лук, магдонос, зачинети со бибер, малку вегета и на целата риба и ставив маслиново масло...Ја завиткав во фолија и во намастено тавче ја печев на 190-200 степени едно 15 мин, потоа ја извадив фолијата и ја ставив пак во рерна уште 10 мин и пред крај ја исклучив скрос рерната и ја оставив внатре рибата уште 5-10...Гарнирав со варен компир, лимон...

20151022_155024.jpg


@Дињата на Анчо за ребрата свински имаш 10-ка од мене... (y) :)
 
Имав леб од пред 4 дена и не сакав да го фрлам, па го "зготвив" ова чудо:

- 500 gr леб;
- 100 gr путер;
- 5 млади кромидчиња цели;
- 300 грама кашкавал по ваша желба;

IMG_20151023_192026_1.jpg IMG_20151023_192035_1.jpg IMG_20151023_192319_1.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom