Печев свински ребра во рерна...
Бидејќи бев многу гладна набрзина направив една слика... Чинијата не ја декорирав, а и опаковката од вегетата сум ја фатила... Ама битно ребрата без топ..
Ги маринирав со сенф, сол и вегета и најпрво под фолија ги печев едно 45 мин, а после усте 40-тина мин на 180 степени...
Ги јадевме со салата од компири и печени пиперки везени во оцет и масло...
Шпикувани кременадли со прокељ и шампињони.
Месото се запржува и се трие со чешне лук за да добие потцрвена кора од двете страни. После се додава бело вино и се покрива да врие на тивок оган 20-30 минути. Па се додава прокељот со свежите шампињони. Се крчка уште 20-30 минути. После месото се трга од дното на тенџерето и се реди врз прокељот и шампињоните за да се динста на пареата... (Баш сега го преместив). И така ќе се крчка уште барем пола саат. Месото ќе се топи во уста. Буквално....
Салата, зелена со цезар сос и крутони неколку зафрлени внатре.
Ама и не е тоа некое готвење, али тоа е коа незнаеш да готвиш...
Зелников погоре е супер, мислам би се прејал од него.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.