Само кеш

Нејќам да го хејтам квизов ама повеќе има негативности него ли позитивности. Ама добро прва епизода е.
 
Јас прва епизода не ја затекнав, втора кога е да знам, ако сум слободен да ја гледам. Иначе како е квизов? добар или уште еден во ред од оние дрвеначките квизови што одеа на Канал 5.
 
2013-та година, една македонска телевизија, програма во вечерен термин:

sk.jpg


sk2.jpg


Искрено и мене ме фати срам гледајќи го ова. Не ми се верува дека ќе го кажам ова, ама дури и Драган Вучиќ може да направи подобро шоу. Барем неговите работи се смешни од што се трагични.
 
Оддамна не сум гледал добар квиз на нашиве канали :place:
 
Ѓокица не е за водител. Барем не за водител на ТВ. Не од секој актер испаѓа водител. Ова му доаѓа на него како уште една улога, некако не е реален. А и ептен ги напнува гледачите со прашња. Здраво кој си со среќа и крај. Ни додатни прашања ни ништо. Освен ако не му кажале за задржува време.
Женскава е жив доказ дека роботите се повеќе ги користиме во секојдневниот живот. Програмирана да сврти тркало, каже сума, повтори сума и каже со среќа. Алал и вера.
Начинов на давање на париве крајно сомнителен. Перење пари much ? :D
И кои се париве во позадина ? Се на се сигурно има илјадници евра во овие коцкиве (ако се реални парите а би требало да се)
Па да работам на сетот од сите коцкички по едно туце пари ќе си земам кој ќе ме открие.
Глупости.

Сепак нејќам хејтање, ете ако ништо друго има некаков си каков таков квиз за заработка на 100ина евра е добар ама за забава и не баш. Добро ај до пред година две ни ваков немаме колку толку одиме во плус :D
 
Оддамна не сум гледал добар квиз на нашиве канали :place:

Имаше на времето,кога беше уште маршалот жив, а богами имаше и водители,
родени за тоа,да ти е милина да ги гледаш и слушаш
-Оливер Млакар
-Мича Орлович.................и уште некој, а и помошнички прва лига
па подобро и тие да ги дадеа реприза него ли ова срање (одговара за деца до 4 одел.)
 
Кога и да го слушнам гласот на Ѓокица Лукаревски ми текнува на оној старион мечок или што и да беше од "Летечките мечиња"
 
^ ^ Да не одиме толку далеку (не ми се познати мене тие) :D
Милионер, 50-50, Добра шанса, Најслаба алка и уште кои ли беа... се емитуваа до пред некоја година.
Квизови во кои навистина треба знаење да се има.
За тие вреди да се одвои време и да се погледнат. Едноставно сам себе се тестираш колку знаеш :D
Ова сега се живи глупости.
 
Кога и да го слушнам гласот на Ѓокица Лукаревски ми текнува на оној старион мечок или што и да беше од "Летечките мечиња"
Баш :pos: Кај ти текна сега на Летачките мечиња :pos::pos::pos:
 
^ ^ Да не одиме толку далеку (не ми се познати мене тие) :D
Милионер, 50-50, Добра шанса, Најслаба алка и уште кои ли беа... се емитуваа до пред некоја година.
Квизови во кои навистина треба знаење да се има.
За тие вреди да се одвои време и да се погледнат. Едноставно сам себе се тестираш колку знаеш :D
Ова сега се живи глупости.

Тука мора да ги додадам квизовите кои се емитуваа малку поодамна и кои навистина беа за неколку класи подобри од ова што е сега. Сигурно тие што се малку повозрасни се сеќаваат на "Без Паника", "Меморија" и на можеби најдобриот квиз некогаш направен на македонските простори, "Сепак се врти".
Ако одиме уште поназад, нема кој од постарите не се сеќава, како што рече Анчо, на Оливер Млакар и Квискотека, тоа беше квизиште (впрочем и Сепак се врти беше направен по теркот на Квискотека)
 
фатив од почеток случајно, еден шкон направи 50 евра, вртев и ја пола саат не можев да добијам. Пари даваат за глупости, ако си немаш друга работа, стаи го Џокица на mute и може да капне нешто.
 
сомнителен квиз :cautious: што рече некој пералница за пари :cautious:
 
Да ги дополнам квизовите погоре со енигма и уште еден со Александар Блажески не ми текнува сега како се викаше, па и земи здив беше добар со средношколците.
Гледајќи го ова денеска ми се јави една голема дилема, дали се глупи тие што го измисливе квизов или јас сум глуп шо го гледам.
 
Водителот премногу се форсира да каже нешто интересно ваљда мисли квиз и театар е едно исто.
Таа што врти ем ружна, ем глупа.
Парите во студиото се лажни светат ко лампиони.
Прашањата катастрофа.
Студиото несредено како да е праено за црно-бел телевизор.

Незнам кој ги смислил ама нека иде да се лечи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom