- Член од
- 8 декември 2009
- Мислења
- 702
- Поени од реакции
- 528
Браво за нив, е тоа ти се вика константност у формаГласав за играчите. Без разлика кој е на чело на федерацијата тие секогаш си играат катастрофално и никогаш не собраа муда да станат и да кажат што не чини
Иначе убаво кажа еден член погоре. Одговорот на ова прашање е далеку покомплексен.

Инаку одговорот не е воопшто комплексен, Напротив, прост е како грав, само не ни одговара да го видиме - не не бива за фудбал. Поточно не тоа што не не бива, туку што не сакаме да си го признаеме тоа. Кога ќе признаеме после доаѓа најлесниот дел - ќе пратиме луѓе на страна да научат па да дојдат да ни кажат или ќе си донесеме странци па нека не научат како се прави тоа. Само уште нема мудоња што ќе го признае тоа. А кога ќе признае ќе се сети некој заебан да праша зошто ако е така тоа не се кажало пред 20 години, до сега ова веќе ќе личеше на нешто.
И заебете го тоа „таленти„. Немаме ни повеќе ни помалку таленти од другите (добро, можда помалку). Дури и да имаме повеќе, џабе. Таленти денес не играат фудбал, играат тие што тренираат правилно.
И кога викам дека не не бива не мислам (толку) на тоа дека не знаат нашиве да шутираат топка, тоа може и кучето да си го научиш ако имаш волја и немаш попаметна работа.
Повеќе мислам на, како што денес е модерно да се каже „менаџирање„ на фудбалот - ај ФФМ е више проџвакана тема, а што е со експертине по клубовиве кои по 20 години открија лани топла вода дека им требала заедница на прволигаши и што по 20 години капитализам бараат ФФМ да им помогне

Тренери? Ај младиве ќе ги поштедам за сега, тука мислам на Чеде, Бабунски и компанија. Ама од кога го почнав постов не ми излага од глава сликата како Смилевски и Бочевски си чешкаат главите додека „се едуцираат„ на интернет. А Жути над нив им ги објаснува акронимите и им помага со 3д презентацијата пошто ете, ќе ги применат новитетите на тренинг. За тренериве на децата да не правиме муабет. После сакаме прием на топка?


