Ф
Флеш
Гостин
се знам лично со Адис Јахович ,живее кај мене на едно 50 метри од мене од мојата куќа ... семејни пријатели сме .... Ади сам постигна благодарение на љубовта кон фудбалот .... он е дел од школата на Македонија Ѓорче Петров , исто како и Самир Фазли,Никола Јакимовски,Даниел Мојсов,Дарко Велковски .... и сето тоа од времето на Илчо Ѓеоргиевски ,Зоран Стратев .... па не ми кажувајте дека не чинат како луѓе , доста деца извадија и истренираа .... џабе Илчо не го стави Стратев како одговорен за селекторите и за моментална селекција на 5 илјади деци таленти низ цела Македонија .... затоа викав дека има добри луѓе во ФФМ .... проблемот лежи кај клубовите кои уште функционираат од стариот систем ,ги мрзи да се развиваат ,мислам дека ФФМ треба да им брка и спонзори и инфраструктура за развој .... моето мислење е дека џабе ја обвинувате ФФм .... вината е кај играчите и кај мак легендите кои не знаат да се организираат и да си го побараат она што им треба .....Па има разлика од немање талент и тоа дека не завршуваме работи како што треба. Еве јас во мојот спорт познавам мал милион случаи кои се имаат откажано што ради немање финансии, што ради правење опструкции од други страни, што ради немање услови. Ти знаеш дека Гордан Кожуљ, Наџа Хигл се имаат во буквално смисла давено кога пливале против Македонци? Еден дечко пиша пред некој месец дека пред десетина години младинциве на Билбао дошле тука да играат против Работнички ли беше и ги скапале нашиве 5-0. Од тие младинци денес ти ги имаш Хави Мартинез, Икер Муниаин, Де Маркос, Сусаета, Ерера. Ама еве до кај стигнале тие а до кај сме стигнале ниеЕдноставно доаѓа период кога ќе направиш едно 18-9 години и кога ќе ти збоктиса се веќе и ќе се откажеш. Додека имаш 12-3 си пун со енергија, амбиции, мислиш леле еве супер е кај нас во спортовиве, ќе ме има на ЕП/СП/ЛОИ, имам добри времиња, ги победив овие и оние. А за десетина години тие што си ги пердашел ќе гледаш како збираат медали.
За тебе нормално е да плаќаш за да си во репрезентација? Нормално е кога си најдобар македонски пливач на Олимпијада место тебе да отиде синот на пливачката федерација и хајлајтс на неговиот настап таму да е тоа што се сликал со Ана Ивановиќ?
Еден од познативе наши најдобри ракометари знаеш ли ти дека за многу малце ќе се откажел од ракометот поради тоа што љубоморна професорка од средно му лупаше кецови од тук текни и ? И јас сум била жртва на такви лешпери и мои другари и другарки биле. Во државава недај Боже да те бива за нешто, сите ќе сакаат да те „сопнат“. И Јаховиќ еве во фудбалов има поминувано низ слични работи.
Не можам да зборам по сто пати за темава зошто 438493204 ја имам продискутирано и веќе смачено ми е да наши таленти во сите спортови пропаѓаат.
Ние сме талентирана нација немојте да зборите дека не сме биле, ќе видите за едно десетина години кога ќе почнат да искачаат деца на наши гастербајтери, еве почнаа веќе, најново е едно дете во Данска во скок во далечина, заборавив како се викаше да го прогуглам нека пише некој ако памти, го сметаат во топ 3 дански таленти во сите спортови. Проблемот е што кај нас на клучните позиции во федерациите се ставени полтрони кои сакаат инстант богатење. А и гнаса сме како народ, по примериве погоре, љубоморни, злобни, на комшијата да му умре козата и кога ќе собереш се тоа се добива џганов.
