Култни или популарни филмови кои НЕ сте ги гледале

  • Креатор на темата Креатор на темата RedStarFan
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе платам некого ќе спиеш со рибите...
OK, еве, ветувам дека ќе ги изгледам. А што ќе добијам во замена за залудно потрошеното време? :P
--- надополнето: 5 мај 2013 во 19:55 ---
Фонтаната.
WHAAAAAAAAAAAT???
А мене најде да ми зборуваш! Цццц
 
OK, еве, ветувам дека ќе ги изгледам. А што ќе добијам во замена за залудно потрошеното време? :P
Знаење, мудрост, искуство. Ќе бидеш сведок на израснувањето на Пачино од анонимен актер во ајкула. Во глумата на неповторливиот Брандо. Младиот ДеНиро и неговиот подем од сиромашен сирак до Дон. Ќе научиш да ги држиш пријателите блиску а непријателите уште поблиску. И многу други работи.

Фонтаната ќе ја гледам ама не ми споредувај, ти го пропушташ најдоброто од 20 век. Фонтаната е филм ко многу други.
 
Сериозен си ? Така го гледаш Форест Гамп, како човек што трча без цел ?
Ептен ве затупавија овие турски серии...

Па да се палиш на филм во кој некојси ретардиран трча 3 години без престан ......
Јас ко го гледав тоа беше понижење за мојата интелегенција.
Па овај од xxx шо прескокнува 50 катница со моторот ми е некако пореален.
Не знам само кои емоции ви ги буди филмот, кога истите можите да ги почуствувате и да излезите 15 мин низ град. Не мора да чекате некој на филм да ви ги прикажи.
Ве запустија американциве.
 
Па да се палиш на филм во кој некојси ретардиран трча 3 години без престан ......
Јас ко го гледав тоа беше понижење за мојата интелегенција.
Па овај од xxx шо прескокнува 50 катница со моторот ми е некако пореален.
Не знам само кои емоции ви ги буди филмот, кога истите можите да ги почуствувате и да излезите 15 мин низ град. Не мора да чекате некој на филм да ви ги прикажи.
Ве запустија американциве.

napraj razlika megju film za tepanje vreme kako xxx i film so umetnicka vrednost.
 
napraj razlika megju film za tepanje vreme kako xxx i film so umetnicka vrednost.

Баш затоа, 50 катницата прерипана со мотор ми е пореална отколу 3 пати претрчаната америка за 3 години.
Форест( и сличните драми) се филмови со уметност затоа што некој рекол дека така треба да биди. За мене Форест и сличните глупости немаат никаква вредност, освен евентуално глумата на поединци. Ако гледаш така и борбената форма на Бојка е за поздрав. Секој има своја вредност, и за едното треба труд и за другото. Никој не смее да ме наречи прост затоа што радо би гледал акциони фимови место драми.
--- надополнето: 5 мај 2013 во 21:12 ---
Само уште ова да се надоврзам и да не го тупам појке.
Ќе го земам пример Андиспјутед, па да напрам анализа на вредностите како што вие правите.
Имате неправедно затворени личности, имате ликови кои се служат со измами, корупција, приврзаност на затворениците со некои од чуварите, алчност на големците кои човечкиот живот го гледаат само преку парите, двајца луѓе кои си помагаат и докажуваат дека заедно се посилни ............
Ако продолжам да набројувам ќе нема крај. Ако гледаш така во секој филм ќе најдиш некакви правилни човечки вредности и емоции
 
Па Хари Потер сагата трае веќе 12 години од првиот филм. Башка со книгите.. филмови пстари од 20 години веќе тешко се наоѓаат.. Хари Потер е најкултен од сите спомнати на темава, од секој аспект. Тоа што на гугл на првиот срч искачаат милиони резултати со твајлајт тетоважи е баш култен, ај најди 3ца со Американ Бјути тетоважи. Не мешај квалитетни со култни. Нека не те буни што некои дека се квалитетни се култни. Ама квалитетни не е еднакво на култни. Исто така голема заработувачка не му го негира култниот статус на еден филм. Сфаќам што сакаш да кажеш, ама не е потребно квалитет за фан база, за култ. Doctor Who тера со ефекти од 80тите, ама е култен. Иако еве, Е од 80тите. :D

Абе дечки бе, ме има фатено една мрза ама ме нервирате кога ми попувате троа иако се обидувам да скратам. :гик:
Океј квалитетни не е еднакво на култни, не го спорам јас тоа. Друго ви кажувам. Ај може после ова ќе се разбереме.

Прво, дефиницијата за култен филм главно се утнува. Да треба да има една група фанови кои си го тинтраат филмот, но по една општа дефиниција, култните филмови не се мејнстрим парчиња и обично отскокнуваат со тематиката, обработуваат теми кои не се третираат од регјулар филмови. Имаше една фина сугестија баш од тетка Вики, дека Тарантино е еден од оние режисери кои успеаја да создадат култни филмови кои се прифатени во мејнстрим културата.

Така да ниетот ми е, тоа што деца тетовираат било кого на себе не го прави еден филм култен, затоа што за пет-шест години ќе се создаде нов серијал Твајлајт и се ќе се заборави, па и типчено ќе си избрише тоа тетоважата. Твајлајт ви е типичен пример за тренд филм кој растура некоја година, тинејџери вриштат и го надраснуваат. Додуша знам и повозрасни што сметаат дека е супер филм, ама тоа нивна работа, немам ништо против секој со вкусот. Па за мејнстрим ич муабет да не правам. Од друга страна толку зборуваниот Фајкла е типичен пример што значи култен. Излезе на ДВД, не му се обрна внимание на примерата, а живее до ден денес и ќе тера. На нашки, култните филмови се уствари хипстерски, така некако ќе му дојде. :icon_lol:

Да не ме разберете погрешно, на Хари Потер не му го спорам квалитетот, напротив. Но, стварно мислам дека е малку рано да го наречеме култен, иако барем има основа и потенцијал да се најде во култни серијали, Твајлајт не.

И тука престанувам со муабетов оти толку имам да кажам. Ме фатила невидена мрза за долги постови.:icon_lol:

П.С: Да завршам со прашање, Hunger Games, култен ли е?
 
Не навлегувам пошироко во дефинирањето на тоа што е култен филм, околу критериумите, условите и сл. Би сакал само да спомнам дека во т.н. култни филмови најверојатно се вбројуваат и оние кои извршиле силно влијание врз самиот филм (односно врз неговите творци) како уметност, како забава или како форма на изразување. „Кум“ на Копола е еден таков пример - низа филмови и серии со слична тематика, повеќе или помалку успешно, повеќе или помалку директно се инспирирани од делото кое го редефинира овој тип прикаска.
Слично е и во други жанрови, односно поджанрови. На пример Хичкок со неговиот „Психо“ и целата приказна за Норман Бејтс е основа за милион варијации на пореметени убијци кои се сериски расположени :).
Ромеро, иако со скромни финансии, на голема врата ги протурка зомбијата и по „Ноќта на живите...“ скоро секој филм за полураспаднативе нападно се шлепа на ист или сличен рецепт. И уште примери...
И ова е еден вид култ, култ во рамките на филмската индустрија (иако причините можат да бидат и поинакви : проверен рецепт за правење пари, недостаток на креативност и сл.). Едноставно, одреден филм поставил извесни стандарди (со квалитетот, оригиналноста или заработивачката) , се наметнал до таа мерка што речиси секое сродно остварување направено подоцна ќе биде во негова сенка, прераскажано, преповторено, дополнето, нешто подизменето, но непроменето во својата суштина.
 
One Flew Over the Cuckoo's Nest
Requiem for a Dream
Alien
Clockwork Orange
Star Wars
City of God
Braveheart
Seven Samurai
Blade Runner (пробав да го гледам и заспав)
Apocalypse Now
Harry Potter (не ни планирам да ги гледам)
2001: A Space Odyssey
The Fountain

И многу други кои вие не сте ги напишале за да ги ставам у листата. :icon_lol:
 
ти благодарам
Ќе можеш ли да дефинираш твои критериуми за култ?...

Погоре пишав. Еве да не се повторувам.

Прво, дефиницијата за култен филм главно се утнува. Да треба да има една група фанови кои си го тинтраат филмот, но по една општа дефиниција, култните филмови не се мејнстрим парчиња и обично отскокнуваат со тематиката, обработуваат теми кои не се третираат од регјулар филмови. Имаше една фина сугестија баш од тетка Вики, дека Тарантино е еден од оние режисери кои успеаја да создадат култни филмови кои се прифатени во мејнстрим културата.
 
Овој ако не го гледате скаран ви сум и не ви правам муабет повеќе
Филмов е лекција за опаметување во стилот -Што ќе си посееш тоа ќе си жнееш.

a-clockwork-orange-anthony-burgess.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom