Еднаквост за сите прекршители на кодексот на однесување, децата и нивните родители не се исклучок

  • Креатор на темата Креатор на темата PurplePuma
  • Време на започнување Време на започнување
Кога ќе се отвори такво место, ќе бидам најредовна. И многу бакшиш ќе оставам.
 
Кога ќе се отвори такво место, ќе бидам најредовна. И многу бакшиш ќе оставам.

Изгледа слабо излагаш.

Си излаупавте лајкови еден со друг хахаха. Нејсе изгледа имате некој проблем и сакате да измислите некои си правила кои веќе ги има. Тоа што ги толерираат е друг моабет а не дека ги нема.

И спомена дека во автобус двајцата сте платиле за во автобус и заради тоа ќе трпиш, тогаш по правило треба и во кафич да трпиш затоа што и тој со детето си платил пијачка кафе итн. И плус кафичот е приватно место од јавен карактер и газдата одлучува каква клиентела ќе си има ако ти одговара ќе си одиш а автобус е јавен карактер
 
Ако сакам да седам на место каде што ќе ми крештат деца наоколу ќе одам во градинка, не во кафич.
Постои многу едноставно решение на проблемот:
1. Места пријателски за фамилии и места на кои нема да бидат добредојдени мали, растрчани деца
2. Родителите да обратат повеќе внимание на воспитувањето и воспоставувањето на основна култура кај своите животинки кои се поттик за отварање на темава
Мислам дека тоа отприлика ја сумира темата.
П.С. Се кладам дека ниеден од вас што скокате против темава се нема возено 8 саата покрај размазено тригодишно детиште што кенка за сѐ што мрда, а родителите го оставаат на околината да го занимава.
 
Категорично сум против забраната. Тоа не оди во прилог на зголемувањето на и онака нискиот наталитет!
 
Невоспитаноста не е ексклузивно право на мали деца кои знаат да пискаат на цел глас.

Впрочем, некој не мора воопшто да вреска, или да шета од маса до маса во кафуле или ресторан за да биде исклучително иритантен/на за околината, а сепак да не биде дете.

Не се спротивставувам, само се обидувам да ги доразглобам критериумите.

Ултимативното решение е едноставно - ако те иритира или ти пречи ова/она/шуби/дуби/џигири/мигири - седи си дома...

Да сумирам - погрешна е генерализацијата дека децата се иритантни, макар биле невоспитани (од причините наведени погоре).

Второ, ако објаснувањето зошто би било оправдана „сегрегација“ која потсетува на годините пред 70тите во САД, се земе како валиден критериум, тогаш оправдана ќе биде поделба по сите основи кои можат да паднат на памет некому, а тоа нема смисла...
 
Ако сакам да седам на место каде што ќе ми крештат деца наоколу ќе одам во градинка, не во кафич.
Постои многу едноставно решение на проблемот:
1. Места пријателски за фамилии и места на кои нема да бидат добредојдени мали, растрчани деца
2. Родителите да обратат повеќе внимание на воспитувањето и воспоставувањето на основна култура кај своите животинки кои се поттик за отварање на темава
Мислам дека тоа отприлика ја сумира темата.
П.С. Се кладам дека ниеден од вас што скокате против темава се нема возено 8 саата покрај размазено тригодишно детиште што кенка за сѐ што мрда, а родителите го оставаат на околината да го занимава.

Се имам возено од Скопје до будва и? И многу пати за битола кога сум одел ќе се појави некое бебе што ќе заплаче но мислиш дека родителите сакаат да им плаче детето и да смета но сепак е мало и не разбира. А истите тие не се во можност со сопствена кола да одат па мораат со автобус. Ако немаш пари за со кола ќе одиш со јавен превоз и ќе трпиш иако незаслужуаш и нетреба да е така и тука кажав дека стварно е проблем но треба заради тој случај да се забрани? Или пак немој да ми кажете дека секое излегување во кафич висат деца и сметаат. на почетокот на тремава во првиот пост пишуваше дека имала една непраијатна ситуација со дете и одма се дигна паника како да се појавиле зомби низ градот кој личат на деца. Па ако тоа е проблем значи си имате проблем не само со деца тук усе се мрзи околу себе.

И пак ќе пишем не ги оправдувам таквите родители ни најмалку и глуп изговор е дека остави го дете е. Строго сум против тоа, но напнавте како да не можете да одите во кафич од напаст на деца и како да нема некои си норми за однесување на јавни места (кино, театар, исл.) или толку ги посетувате па само лупате паушални моабети.
 
Е де Спасе, па белким нема по кина, театри, ресторани и книжари да се размножуваме? :)
Да појаснам. Со ваквата одлука би биле дестимулирани младите брачни парови кои сакаат да одат по ресторани и кина и притоа имаат намера да ги земаат и децата со себе. Hence помал наталитет.
 
Да појаснам. Со ваквата одлука би биле дестимулирани младите брачни парови кои сакаат да одат по ресторани и кина и притоа имаат намера да ги земаат и децата со себе. Hence помал наталитет.
Младите брачни парови треба да се стимулираат повеќе време да проаѓаат заедно во постела (но не само за спиење), hence не мора да ги зимаат децата во ресторан, кино, театар... и бабите-дедовците-бејбиситерите треба да прават нешто.

како да нема некои си норми за однесување на јавни места (кино, театар, исл.) или толку ги посетувате па само лупате паушални моабети.
Па во пракса и нема такви норми, hence потребата од тие норми во пракса е темата на дискусијава
 
Е де Спасе, па белким нема по кина, театри, ресторани и книжари да се размножуваме? :)

Во кино има шанса да се множиме ;):D:P
--- надополнето: 3 април 2013 во 15:49 ---
Па во пракса и нема такви норми, hence потребата од тие норми во пракса е темата на дискусијава

Сигурен сум 100% дека ако во театар одиш со дете (мада не сум видел некој на посериозна престава ако не е детска да оди со деца) и истото прави неред ќе бидете опоменати во најмала рака или пак отстранети. Или кино ако ми смета некој без разлика дали е дете или не ќе реагирам. така да си има некои си правила.
 
Целата поента на темава е дека правилата треба да важат и за децата како и за возрасните. За восрасните правилата ВЕЌЕ ВАЖАТ НО ДЕЦАТА ГИ ТОЛЕРИРААТ.
Разбираш? Или се правиш дека не разбираш? ;)
.
Се толерираат затоа што се деца. И мене и тебе некој не толерирал додека сме играле џамија или камај во маало и се што оди со детството. Имањето дете или созревањето на личноста е бенефит сам по себе за вакви теми, кому што пречи.
Туку постојано се збори за кафеани и кино. Да, тоа се јавни места, но јавно место е и автобус, (метро, во иднина), воз, лифт, парк, трговски, амбуланта и клиника, образовно воспитни установи...све што не ти е дома што се вели.
Или насловот е малку згрешен, не знам, само читам... За кафани можеби, што зависи сепак од газдата. Но за "јавни места" во целина, непотребно е вакви генерализации.

Ако се исполнуваат желби кому треба да се забрани, се ми се чини оти скоро сите по дома ќе останеме:)
 
Мене најискрено најмногу ми смета кога на свадба ќе дојдат некој со деца и ќе ги остават да трчаат низ салата.
 
Се толерираат затоа што се деца. И мене и тебе некој не толерирал додека сме играле џамија или камај во маало и се што оди со детството...
Лурц, не знам за тебе ја по ресторани, кафани и кина не сум играл камај. :)
Моите ме носеле насекаде ама за глупирање експресно заушки сум јадел. Играње на игралиште и на улица било, и нормално по дворови и по дома каде не оставале.

А насловот на темата е ненамерно, но целосно и жално промашен.
 
Изгледа слабо излагаш.

Си излаупавте лајкови еден со друг хахаха. Нејсе изгледа имате некој проблем и сакате да измислите некои си правила кои веќе ги има. Тоа што ги толерираат е друг моабет а не дека ги нема.

И спомена дека во автобус двајцата сте платиле за во автобус и заради тоа ќе трпиш, тогаш по правило треба и во кафич да трпиш затоа што и тој со детето си платил пијачка кафе итн. И плус кафичот е приватно место од јавен карактер и газдата одлучува каква клиентела ќе си има ако ти одговара ќе си одиш а автобус е јавен карактер
Баш затоа нема да ме чуди наскоро да има кафич по мој терк.
 
Лурц, не знам за тебе ја по ресторани, кафани и кина не сум играл камај. :)
Моите ме носеле насекаде ама за глупирање експресно заушки сум јадел. Играње на игралиште и на улица било, и нормално по дворови и по дома каде не оставале.
Изгледа не ме сфати. Зборувате за ресторани и биоскопи како за сите јавни места по дефиниција. Постојат милион јавни места за кои е глупаво да се збори за било какви забрани. Затоа ти го посочив насловот, се збори за јавни места во целина не за кафеани. Затоа не штимаше некако.
А што се однесува до детските игри, ти ги посочив за да се сетиш дека и ти си пречел некому додека си се бркал низ дворови, додека сте гракале и се довикувале пред нечиј прозор...зошто брзо ги забораваме тие нешта, дека и ние и сите сме го праеле истото на овој или оној начин?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom