Пукна браната на Слатинско Езеро?

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Канал 5 телевизија преку кајрон информира дека пукнала браната на Слатинското езеро, а населението се евакуира.

g_brana4.jpg

Телевизијата засега не излезе со подетални информации, најавуваќи повеќе детали во вечерните вести.
Нетпрес пренесува дека браната напукнала денеска попладне, по што од пукнатините почнале да истекуваат засега поголеми количини на вода.
Од СВР Охрид велат дека веќе се испратени полициски екипи и се прави увид на состојбата. Се стравува дека водата што истекува може да предизвика поголеми оштетување на браната и да дојде до поголема штета.
Од СВР Охрид засега не ги потврдуваат информациите дека се врши евакуација на локалното население од блиското село Слатино поради опасност од поплавување.
Надлежните институции веднаш биле известени и излегле на терен да ја проценат опасноста. Според проценките на ЦУК, за сега не постои посериозна опасност за излевање на водата од акумулацијата.
Ова не е прв пат да попушти земјениот насип на вештачкото езеро. Последен пат ваков инцидент се случи пред две години кога исто така почна да протекува вода низ насипот, но за среќа не се случи поголема катастрофа. Ако целосно пукне браната постои опасност да го поплави Слатинско поле и селото Слатински чифлик.
Вештачката акумулација, направена во 1963 година, се полни со вода од Мраморечка Река. Вкупно собира 1,4 милион кубни метри вода, со кои се наводнуваат 420 хектари земјоделско земјиште во тој крај.

Извор: Курир

EDIT: Дополнување на веста од Канал 5

Пукна браната на Слатинско езеро, населението се евакуира

Пукна браната на Слатинско езеро. Доцна попладнево напукна браната на езерото во центарот на општина Дебарца и се одлива вода.​
getImageThumbnail.axd
Жителите на Слатински Чуфлик селото веднаш под езерото, стравуваат дека ќе им исчезнат куќите и имотите. Жителите и стоката веќе се евакуирани. Состојбата велат е алармантна.

Се чекаат официјални информации и инструкции од Центарот за управување со кризи. Од таму за Канал 5 потврдија дека е напукната браната и дека тече вода, но не соопштуваат дополнителни информации. Екипи на Центарот за управување со кризи и полицијата се на терен и вршат увид.

Веста е објавена на веб страната на Курир во 20:04 часот а гледам на форумот нема ваква тема. Дали е ова лажна вест или...? Некој со повеќе информации?
 
Не е лажна не гледаш според сликата :icon_mrgr:

Ако судиме според првата слика па и не е баш нешто страшно... :D Нема некој од тој крај на форумот да потврди за што се работи?
 
Не е лажна, ама е малку паничарски напишана.Во македонски новинар стил.
Исто како и ова:
Под браната се наоѓаат и селата Песочани, Издеглавје и Ботун.
Од Ботун до Слатинско езеро се околу 15 км.:facepalm:

Еве од ohrinews.com
Напукна браната на Слатинско Езеро, нема поголема опасност по селото
btn_textsize_sm.gif
icon_at_textsize.gif
btn_textsize_lg.gif
ezero.jpg
По обилните врнежи од дожд и притисок на акумулираната вода напукнала браната на Слатинското Езеро. Како што дознаваме од лица кои се на лице место, дошло до проширување на стари оштетувања, односно пукнатини на браната, од каде истекувала вода. Засега нема поплавување на околината, но превентивно се испушта вода низ сигурносниот канал.

Доколку се прошират оштетувањата се стравува дека може да дојде до пукање на браната и поголемо излевање на вода под патот во месноста викана Слатински чифлик каде има четири куќи, од кои само две биле населени и ниви. Превентивно жителите од овие куќи биле евакуирани, додека опасност по селото и неговите жители нема уверуваат надлежните институции.

Екипи на Центарот за управување со кризи и водостопанството „Охридско Езеро“ се наоѓаат на терен и вршат проценка на настанатата штета и за активностите што треба да се преземаат за спречување какви било несакани последици.Според последните информации, нивото на водата во акумулацијата е под максималната кота. Заради интервенција на браната нивото на водата во езерото дополнително треба да се намали, што единствено е можно само преку отворање на испустниот вентил што се наоѓа на дното на самото езеро. Се очекува во текот на ноќта, најдоцна утре наутро специјални екипи на Дирекцијата за управување со кризи да пристигнат на Слатинско Езеро и да го отворат испустниот вентил на акумулацијата.

Како што дознаваме, оштетувањата на браната биле присутни од порано и истите и покрај бројните укажувања не биле санирани.

OhridNews
23.02.2013 20:58

Прочитана е : 854 пати

© 2013 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
 
Тука в Б'лгарија цело село се залја от ск'сване на јазовирна дига .. Така че умната с тија работи ..
 
Кој го имат ова напишано од Ботун до слатинско езеро дека има 15км ? Моето село Мраморец е поблиску до слатино и има 7км ако одиш преку планина а по пат има 15+км .
Иначе се знае за ова Бранко е крив :D
 
Тука в Б'лгарија цело село се залја от ск'сване на јазовирна дига .. Така че умната с тија работи ..

Мора ли бе на секоја тема да ве има? Ама сте досадно веќе ебате, на форумот не ми се влегува од вас...
 
Тука в Б'лгарија цело село се залја от ск'сване на јазовирна дига .. Така че умната с тија работи ..
искрено слабо те разбрав, ајде на англиски :)
 
Мора ли бе на секоја тема да ве има? Ама сте досадно веќе ебате, на форумот не ми се влегува од вас...
директно да ти писне од Бугари .. нема се мр'штиш ја те волим брато ..
--- надополнето: 23 февруари 2013 во 23:42 ---
искрено слабо те разбрав, ајде на англиски :)
во бугарија се скине исто дига на браната која поплави цело село и уби 11 лица
 
Кој го имат ова напишано од Ботун до слатинско езеро дека има 15км ?
Онака од око го треснав јас, во смисла дека далеку е Ботун и Песочан за да се во опасност, како шо трескет овие новинариве.И не сум бил многу грешка според патот, ама и пола да е воздушна линија, конфигурацијата околу езерото не е таква и водата во него не е толкава количина да би стигнала вода дури до Ботун :)

Моето село Мраморец е поблиску до слатино и има 7км ако одиш преку планина а по пат има 15+км .
Иначе се знае за ова Бранко е крив :D
Не е страшно, заебани се надолу Слатино, Сл. Чифлик, Оздолени, можда Сошани и Издеглавје.Макар шо освен Слатино сите се слабо населени места, ама полето ќе го наводнат за 5 години унапред ако пуштит браната :D
 
Вести на Канал5 очекуваат секој момент да поплави, а жителите се евакуирани.
 
Кој го имат ова напишано од Ботун до слатинско езеро дека има 15км ? Моето село Мраморец е поблиску до слатино и има 7км ако одиш преку планина а по пат има 15+км .
Иначе се знае за ова Бранко е крив :D

Па Бранко Црвенковски е роден во Слатино, а случајно или не, Црвенковски и таа брана имаат иста возраст, браната е пуштена во употреба во 1963 година, а Црвенковски е роден во 1962 година, најверојатно додека сеуште се градела браната.
 
Знам дека е од таму затоа пишав дека бранко е крив :) Иначе едно 10% пратеници се од дебрца :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom