Златен Глобус 2013

Само од Линколн можеш да најдеш асална снимка, од другиве Арго го чекам којзнае колку време, го нема на никаква. Исто овде не е спомнат ама човече како е можно од The Master на Пол Томас Андерсон да нема никаков торент, па четири месеци поминаа од премиера. Што филм ќе беше.
--- надополнето: 1 јануари 2013 во 20:11 ---

Друже, да не мислиш на јануари или некој друг месец?Немогуќе веднаш по премиера да го имале Синеплекс на програма.:)
Јануари де.
Грешка.

I HAD ONE JOB !!
:ROFLMAO:
 
Јануари де.
Грешка.

I HAD ONE JOB !!
:ROFLMAO:

:pos::pos::pos:
Ништо драгонскај ништо, зафркна работа. Ама ај кога можам на Бурни времиња да им прогледам низ прсти, ќе да можам на се.
Немој некој сега да излезе со признание дека Твајлајт му е омилен филм:LOL:
 
Само од Линколн можеш да најдеш асална снимка, од другиве Арго го чекам којзнае колку време, го нема на никаква.
Арго го гледав пред 3-4 недели и рецензија напишав. webrip некаков, не беше лошо воопшто.
 
Арго го гледав пред 3-4 недели и рецензија напишав. webrip некаков, не беше лошо воопшто.
Исто и јас, само звукот е многу лош!
--- надополнето: 1 јануари 2013 во 20:34 ---
Исто овде не е спомнат ама човече како е можно од The Master на Пол Томас Андерсон да нема никаков торент, па четири месеци поминаа од премиера. Што филм ќе беше.
Сосема истото се прашував ^^
 
Стварно, немам време за гуглање, пишете кои се жениве и зошто би требало да ги знам?
 
Стварно, немам време за гуглање, пишете кои се жениве и зошто би требало да ги знам?

Тина Феј е главната актерка на серијата 30 rock. Оваа другава не ја знам по ништо значајно. Да се разбереме немаат шанса со настапот на Џервејс од пред две години.
 
Слушајте ми го зборот. Даниел Деј Луис зема Златен Глобус и трет Оскар. Се помалку од тоа е грабеж.

Даниел ми е во ТОП3 омилени актери заедно со Бејл и Хопкинс .
А скоро е сигурно дека Ентони Хопкинс ќе биде номиниран за глумењето на Хичкок.
Така да , мислам дека сум сигурен "добитник" на Оскарите ( ако не излезе некој трет герилец:pos:)
 
Сите пари на Деј Луис. Не само затоа што е маестрален, пред Хопкинс има една друга предност, а тоа е фактот што портретира важен лик од американската историја. Башка Хопкинс ги исповреѓа овие членовите од Академијата, така да :) Ама нејсе, Деј Луис едноставно мора да го земе тоа чудо, нема човек што заслужува повеќе од него. Камо да има вакви олд скул актери повеќе, па ќе се препороди цела филмска продукција.
 
Тина Феј е главната актерка на серијата 30 rock. Оваа другава не ја знам по ништо значајно. Да се разбереме немаат шанса со настапот на Џервејс од пред две години.

Ејми е главна актерка на одличната серија Parks and recreation, што е во стилот на Office. Не знам зашто вакви серии не се знаат по форумов...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Ова ГОЛЕМ МОНИТОР го заборавивме.:icon_mrgr:
Чисто да се искупам, ај види како на голем екран ти се гледа ова Killing.Them.Softly.2012.DVDRip.XviD.AC3-nLiBRA. :pipi:(макар што не е во номинацииве).
 
Ова ГОЛЕМ МОНИТОР го заборавивме.:icon_mrgr:
Чисто да се искупам, ај види како на голем екран ти се гледа ова Killing.Them.Softly.2012.DVDRip.XviD.AC3-nLiBRA. :pipi:(макар што не е во номинацииве).

Повели, подобар рип е овој, watchable, само му шепоти во сценава, па неможам да оценам баш какво е аудиото...(семпл симнав)

П.С. Може да се префрлат мислењава во генерална дискусија, ако сметаат.
 
Стварно, немам време за гуглање, пишете кои се жениве и зошто би требало да ги знам?

Тина Феј и Ејми Поилер, едни од најдобрите комичарки/актерки на американската телевизија во моментов според мене. Ејми е главен лик во Parks and Recreation одличен американски ситком (y)
 
Тина Феј и Ејми Поилер, едни од најдобрите комичарки/актерки на американската телевизија во моментов според мене. Ејми е главен лик во Parks and Recreation одличен американски ситком (y)

Kaко бе ситком, Pluh!

Parks and Rec ти е најдобрата онгоинг мокјументари ат д тајм биинг, апсолутен добитник и претерано потценета серија, барем кај нас на форумов. Во жанрот исто се смета и 30рок, иако е малку повеќе ситком-иш. Како стендалоун жениве се урнебесни, тина феј ја обожавам донемајкаде, ејми е исто опако смешна, а заедно се бомба, тие што знаат, очекуваат исто шоу од рангот на рики, секако ако не го испосерат со некое фејл сценарио.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom