Скопје или провинција?

Каде повеќе би сакал да живееш?

  • Скопје

    Гласови: 82 48,8%
  • Провинција (Битола, Штип, Кавадарци, Струмица,Охрид и сл)

    Гласови: 86 51,2%

  • Вкупно гласачи
    168
Статус
Затворена за нови мислења.
од што толку сакаат некои да живеат у провинција поготово девојкиве сите дојдоа да студираат кај нас ... со првична цел да се омажат за да останат ус копје... кој што сака нека збори али вистина си е вистина и не е ништо лошо да се признае
 
Јас пак мислев дека најголемиот дел од луѓето доаѓаат во Скопје за да студираат, заради тоа што во Скопје (бар до пред некое време) имаше Универзитет.

Но, сум се излажал изгледа.
 
Незнам дали си сериозен , фала богу дека е боље у Скопје него у некоја вукојебина у која нема основни услови за живот :cool:

ОК, Скопје како Скопје, главен град на оваа држава, метропола со повеќе од пола милион жители, има 90% од се она што човек може да го посака во своето секојдневие, ама тоа не го прави совршено место/град за живеење. Со овие работи доаѓаат проблеми голем процент на насилство, убиства, кражби...Загаденост на воздухот од премногу автомобили, фабрики и слично, сообраќајни метежи итн...Мене во Струмица ми е многу поубаво за живеење отколку во Скопје, и се разбира град и провинција се различни поими, и двете работи си имаат своите негативи и позитиви...И дај одвикнете се од оваа навика дека се што не е Скопје е провинција. Дека провинциите немаат услови за живот си грешка и тоа многу, а и да е така треба сите да правите напори за да се создадат услови за живот и во тие "вукојебини" а не само Скопје да се развива и проширува. Ако продолжиме вака да се етикетираме како Скопјани и провинцијалци тогаш да не не чуди зошто Грците ни даваат предлог да се викаме Република Македонија ( Скопје ) Ако само Скопје е поим за Македонија тогаш тешко нас.

Моментот кога се што Не е Скопје е провинција :ROFLMAO:

+1
--- надополнето: 6 октомври 2012 во 18:23 ---
од што толку сакаат некои да живеат у провинција поготово девојкиве сите дојдоа да студираат кај нас ... со првична цел да се омажат за да останат ус копје... кој што сака нека збори али вистина си е вистина и не е ништо лошо да се признае

demotivational-posters-facebrick.jpg
 
Јас пак мислев дека најголемиот дел од луѓето доаѓаат во Скопје за да студираат, заради тоа што во Скопје (бар до пред некое време) имаше Универзитет.

Но, сум се излажал изгледа.
ке да не е така....
iksi_str
шо се лутиш бе човек ја не кажав ништо лошо или погрешно нити па излажав - можам да ти дадам 5 такви примери у моментов! самите девојки си кажуваат ја дојдов у скопје да се омажам не да студирам факултет само ти кажувам што е реалноста
 
Значи машкиот дел од тие „пет примери“ ке си останеше со прстот в уста, иако живее во метрополата, и се наоѓа на повисоката еволутивна скала за разлика од провинцијалците, и немаше да се женат, ако не постоеа жени кои ги користеа индексите како стројници.
 
Сите млади одат во Скопје за работа од причина што Скопје ти е повеќе села побратимени и има поголема размена на стоки,просто кажано :)
Ако два-три споменици го прават Скопје метропола тогаш не знам што се Париз,Мадрид,Барселона,Милано....
 
Чекај бе, зашто го нема Куманово во анкетата, секогаш го заборавате Куманово, во временска прогноза го заборавате, овде го заборавате :cautious::icon_lol:.
 
ке да не е така....
iksi_str
шо се лутиш бе човек ја не кажав ништо лошо или погрешно нити па излажав - можам да ти дадам 5 такви примери у моментов! самите девојки си кажуваат ја дојдов у скопје да се омажам не да студирам факултет само ти кажувам што е реалноста

Не се лутам јас воопшто, има вистина во тоа што го кажа ама не е во толкави големи размери. Имам 3 братучетки кои завршија на Универзитетот во Скопје па ниту една не се омажи и не остана таму. Инаку да, на денешно време веќе се е за пари и корист па воопшто не ме чуди што има такви девојки. Јеби га, такво време дојде.
 
па со тоа сликата некако ко навреден ми изгледаше - бар така делуваше... пред некоја година имаше вест дека се „растурале“ за тегла ајвар па камо ли за да нешто повеќе... само една работа не ми се свиѓа што ја прават тие дојденците ама ај да не зборам ке с еосети некој навреден можда
 
Животот во помалите градови е премија спрема ова што ни се случува во Скопје
Ќе набројам само три работи што го прават животот во Скопје многу полош од животот во помалите градови и со што ни земаат огромен дел од парите кои ги заработуваме и кои не малтретираат и понижуваат
- Јавното сообраќајно претпријатие -ЈСП
- Топлификација
- Зони, рампи и пајак возила
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom