Колку само глупости изнатреска и ти самиот не си свесен. Незнам кој ти го испрал мозоков со болдот, Латас,Миленко, Анал 5 не можат подобро да го состават ова, а и идиотот Стиховен Калибар го заборавив тој пишува вакви глупости на фб.
Да брат храната сами ја произведуваме имаме бавчи, стока и со самото тоа ние ги добиваме СИТЕ потребни прехранбени производи. Имаме бавча посебно каде садиме сончоглед, па потоа произведуваме зејтин за домашно производи и со тоа заштедуваме да не плаќаме 95-100 денари колку што ни е во продавницата, кај тебе сигурно е 150 сепак се е поскапо во Скопје, имаме исто посебно бавча за тутун па мотаме качак, они со подобар тутун произведуваат 57ца директно во подрум, тука штедиме 50 денари на родео, овде во Скопје мислам дека поскапо и тоа, жито садиме па потоа произведуваме брашно, кај некој пак и тесто им се раѓа тие ептен се богаташи во провинциите , солта ја вадиме од рудниците , зашто претежно поголемиот дел од рудникот не работи некој Б.Ц. измислил приватизација и све отиде у курац, него познавам дечкото Б.Ц. само знам дека го гласат мама и тато за него дека некојси типчиња од титовото време имало у негова партија, ја гласам за ВМРО зашто Наколче не го давал нашето свето име, а грците сакаат да не прекрстат во Скопје. Упс политка, тој е забрането овде, само пред селската коперација кроз пиво смееме да збориме за политика после работа од бавчите.
Anyway све произведуваме, дури и струја у бавча имаме и си носиме накај дома затоа плаќаме поефтино, еве последната сметка 2 923,5 денари сигурно ќе ми беше поскапа да не беа тие бавчите со струја. Зимно време не плаќаме парно сите имаме кории со шуми , при што ептен ние поефтино на дрва , еве одам во шумско, на коњ ги качувам шумарите ги носам во коријата со дрва која е 20 км одалечена минимим од кај мене да маркираат, маркирацијата ја плаќам со носење кофа струја од нивата во шумско, одат маркираат ги враќам назад на коњи со тоа заштедувам бензин кој сигурно е поефтин кај нас, бидејки во градот на плавата крв се е поскапо, земам една секира бутам цела бука, па ја сечам на цепанки, тоа сам го правам зашто да плаќам некој, па товарим коњите да ги однесат до дома, зашто да плаќам камион 4 000 - 5 000 денари + натоварачи, ги носам дома ги цепкам и ги редам и ми е топло. Ете така е процедурата, ефтина, или тоа или да одам во шумско и да си платим 2 400 * 12 кубика дрва = 28 000 и дрвата магично се појавуваат пред врата.
Доста глупирање, данок како може да е поефтин бе, се плаќа од квадратура данокот. Ти колку плаќаш данок за твојата конзерва од 60 квадрата , па јас за мојата куќа со дворно место и наследениот имот од дедо и баба на места каде што и Хитлер во втора светска војна не пратил војска да ги окупираат.
Знаеш народ му требаат пари да плати данокот кој 80% одат во СКопје, сметките кој нонстоп растат, облека, децата на факултет ако се, да не ти ги спомнам казните што ги сега пишуваат кај нас во голем број зашто имаат наредба од ептен високите места, еве да ти набројам казните што летото ги пишуваа: доколку водата ја користиш за наводнување, а не ти е од бунар/река , казна доколку во рок од неколку дена дена не ги тргнеш дрвата од пред порта и расчистиш зашто неаме сите пат одма до вратата, казна доколку немаш на ќуќата фасада, летеа пријави на тие што возеа со бугарски таблици, а постапката за префрлување на таблиците се чека 10тина дена минимум, сето тоа парите одеа за да се градат фонтани, споменици, нови згради, дедоти и бабати да прават гужви во вторник,петок и сабота, додека баба плаќа такси за да оди до болница.
Ако толку мислиш дека е убаво надвор во Скопје, еве одма ќе ти најдем некој да ја замениш таа конзерва од 60 квадрати, за куќа со бавчи и стока , важи тоа ?