Скопје или провинција?

Каде повеќе би сакал да живееш?

  • Скопје

    Гласови: 82 48,8%
  • Провинција (Битола, Штип, Кавадарци, Струмица,Охрид и сл)

    Гласови: 86 51,2%

  • Вкупно гласачи
    168
Статус
Затворена за нови мислења.
Скопје и само Скопје. Yes да е пренаселен и од другата страна полн со Албанци но условите се каде каде подобри за живот. Зошто?
-Другите градови се премногу мали, за искачање многу брзо ќе ти се скурчи доколку живееш надвор од Скопје.
-Во многу други (македонски) градови има недостиг на трговски центри, продавници и шеталишта.
-Дијалекти: пример струмичкиот, неможам органски да го сварам.
-Образование: Многу провинцијалци доаѓаат да учат во Скопје, нема потреба да објаснувам зошто.
 
In the village, one big village .......... :icon_mrgr:

СЕЛО.Па и во селата околу Скопје в двор држат ‘домашни миленици за јадење‘ и слични работи како опишаните.Во поголем дел селски населби е тој начин.Не споредувај со градска средина.
За трошоците, процентуално се слични.Цените на основни продукти леб, масло, млеко, шеќер, гориво, струја итн. се секаде низ Македонија тие, без некоја голема варијација.Е сега во Скопје можда дел носат поголема плата, па наводно помали трошоци.Ама компензација за поголеми трошоци им е превозот, плус гориво ако одат на работа со кола на подалечна дистанца или такси превоз, како било.Муабетот ми е дека односот приходи/трошоци е сличен.

И една работа никогаш не ми стана јасна...зошто луѓето од Скопје се жалат пример на цените во Охрид, а велат дека во сите места надвор од Скопје животот е многу поефтин?:icon_lol:
 
Скопје ами каде, кој оди во провинција (жими терминов :pos:) бре?!
Има цел Прилеп да го преселиме, со се Маркови Кули, место она вилине на Водно ќе ги поставиме. Манастир Трескавец на плоштад има да биди. Ебаве.

Не е поентата кој каде сака да живее, туку кој каде може да опстане !
Животов во Скопјево е доста поскап отколку во некои помали гратчиња ............... за да стигнеш од еден до друг крај на град треба да возиш накај саат време и тоа низ густ сообраќај и семафори, а бензинот е доста скап, храната мора да ја купуваш од продавници и пазари, бидејќи во урбана средина мало морген бавчи, стока такви работи ........... за греење зимно време или на парно или на струја, а и двете се изгор скапи решенија, комуналиите и даноците се доста повисоки ......... на пр. само ѓубретарината(за една просечна куќа приземје+спрат во приградска населба) е 1000 ден. овдека, нешто што не е случај во помалите градови низ државава каде е петкратно пониска и ред други работи !
Јас сум Скопјанец, но имам роднини во провинција и знам како живеат, пошто градовите се помали можат пешки или со точак да си отидат до школо, до работа... немора да користат ниту автомобил, ниту пак автобус... храната сами си ја произведуваат т.е. имаат бавчи, имаат стока(свињи, кокошки и.т.н.), имаат во дворовите водни пумпи, бунари... готват и се грејат на дрва, вода за бањање исто грејат во котли на оган, самите си месат леб дома, комуналиите и даноците им се пониски тоа со сигурност ви го тврдам, на пр. за иста куќа таму ѓубретарина е 200/250 ден. месечно а сметките за струја и вода им се доста пониски, бидејќи и не ги користат многу овие работи, си имаат алтернатива !
А од друга страна имаат чист воздух во изобилство, здрава и природна храна, природа... еххе да ама они биле сељаци, а ние сме граѓани кои што сме затворени во конзерви од 50/60 квадрати и се околу нас е асфалт и бетон, милион коли, загаденост 200%, работа-дома-дома-работа и секако најголема дружба со ПЦ и интернет !
П.С. е сега некој ќе рече боље е во Скопје тука имало работа, имало повисок стандард/плати ............. како да не еве гледам сите до еден во Скопјево работат и тепаат огромни плати, тоа само одреден процент инаку и овде е тапа и има доста невработени и платите се во аут !
Единствено со превозот можи да се прифати до некаде, другово нема вска. Пример, вода + ѓубретарина (одделни за Прилеп) се поскапи од тоа што сум видел во Карпош и Аеродром. ЈП Комуналец, лидер во регионот и пошироко.
ЖИМИ КУРОф, до прдло директорот прилепски ова, ако ме чита, во кантите кои со сила ги „продаваат“ закопан да биди ко ќе умри!

Барем во градските средини, храната ретко си ја произведуваат сега, не знам за кај зборуваш ти. Ама ќе почнат кај и да е, заради ненормалната економска и финансиска неписменост која води да еден КАМ затвора 10-ина околни продавници во кои животареле барем 20-30 луѓе. Ко си неписмен, или фудбалер или земја, то е.
 
Моментот кога си горд на својот град поставувајќи слика од 50 метарска скулптура која е "преселска" и за едно селско казино од Велешта и моментот кога оригиналните провинцијалци од "метрополата" им се потсмеваат на провинцијалците од "провинција"...
Оваа некоја ново печена скопјанка, остај ја. Сиктер у село, ма!
 
СЕЛО.Па и во селата околу Скопје в двор држат ‘домашни миленици за јадење‘ и слични работи како опишаните.Во поголем дел селски населби е тој начин.Не споредувај со градска средина.
За трошоците, процентуално се слични.Цените на основни продукти леб, масло, млеко, шеќер, гориво, струја итн. се секаде низ Македонија тие, без некоја голема варијација.Е сега во Скопје можда дел носат поголема плата, па наводно помали трошоци.Ама компензација за поголеми трошоци им е превозот, плус гориво ако одат на работа со кола на подалечна дистанца или такси превоз, како било.Муабетот ми е дека односот приходи/трошоци е сличен.

И една работа никогаш не ми стана јасна...зошто луѓето од Скопје се жалат пример на цените во Охрид, а велат дека во сите места надвор од Скопје животот е многу поефтин?:icon_lol:

Оти је скапо в Охрид зато ................. :LOL:
 
Незнам дали си сериозен , фала богу дека е боље у Скопје него у некоја вукојебина у која нема основни услови за живот :cool:
Искрено попрво би живеел твојата наречена вукојебуна отколку во ГОЛЕМАТА ВУКОЈЕБИНА скопје
 
Шо има толку ногу у Скопје, а го нема у другите места?

Ќе речеш секоја вечер одете на театар/балет/опера/кино. Секоја вечер сте излезени на некаков настан да си ја проширете културата, да си проширете видико за нови идеи, ново знаејне.

Места за купувајне нешта? Секој ден одете на шопинг и трошете икс денари за нови глупости?

Сите институции у Скопје... половин од них са под кирија, другата половина са набутани у згради под кирија со смрдливи ходници. Дупки дупки по улиците, нечистотија насегде, асфалт на сегде, се на се 5 дрва има у цел град... Да не може човек да се прошета негде, ако толко има мерак за шетајне...

Не сте ни толку богати, ни толку прошетани, ни па толку елитни как шо сакате да се презентирате.. На гол газ пиштоли се вика тава.

Да, обожавам да живеам у мојто село.. Зашо?
Свежо јадејне нон стоп
Релативно голема куќа (средена со изолација, фасада, парно)..
Безжичен интернет иам од 2005та.
Огромен двор (среден со трева, плочки).
Гаража за 4 коли + трактор и механизација.
10 вида овошни дрва у дворо + лозница...
Фурна за пресен леб, вградена скара до неа....
Подрум со 6-8 бочви ракија и 10 вида зимница...
Неам страх оти некој планинар ќе му текне да пропука, и да си погинам неславно од заталкан крушум...

Ако е за култура, библиотеки, театар има и у Струмица, Штип... На секој 2-3 месеци у некој помал град има ја концерт, ја празник, ја нешто трето и си е стандард пијанка, пивце, скара, шетајне...

2 коли у гаража, ако требе да одам да шетам на негде... Скопје е на саат и пол од дома, ако ми се оде за скопје.. Софија на 4 саати, Солун на 3 саата....

И да го оставам сето тава, да се теснам у 60 квадрата... Ама там одиле сите, ама до центаро на Скопје било, ама тук имало културни дешавки, и добар провод.. Тури му пепел на сето тава бе... Тесни се 5 души у една затка, еден да прдне 3 дена смрде...

Тури му пепел на град дека шо ако не говореш скопски, те гледат од 10 метра високо ќе речеш најголемио простак у универзумо си..
Тури му пепел на град шо се фале оти неговите големи успеси е некаков универзитет у него, и шо мајка терале провинцијалците да учат у скопје... Дек да учат бе, шапшали...
Тури му пепел на град шо не може да си плате сметката за греејне, па требеше цела држава да го спасува, за да не измрзнат...
Тури му пепел на град, шо мислат грацките са го фанале госпо за ташаците, оти са родени у Скопје....

пс. не е како да не сам живејал у станче, поголемо гратче тук и там... Ама како живот дома нема нигде... Повеќето шо пишете тука говорете за нешта шо не ги разбирате, и шо не ги плаќате....
 
Па ако гледаме вака статистички според бројот на препукувања на форумот излегува дека за поголемиот број од македонците што живеат во Скопје останатиот дел од државата ја сметаат за вукојебина. Ете зошто не не бива.

Ехх мои македонци, браќа се нарекувате, сите сте сплотени кога треба да се дочека некоја спортска екипа од натпревар, пеете се радувате, а сега, сега што правите?
Лицемери едни! Жални сте!
 
Не е поентата кој каде сака да живее, туку кој каде може да опстане !
Животов во Скопјево е доста поскап отколку во некои помали гратчиња ............... за да стигнеш од еден до друг крај на град треба да возиш накај саат време и тоа низ густ сообраќај и семафори, а бензинот е доста скап, храната мора да ја купуваш од продавници и пазари, бидејќи во урбана средина мало морген бавчи, стока такви работи ........... за греење зимно време или на парно или на струја, а и двете се изгор скапи решенија, комуналиите и даноците се доста повисоки ......... на пр. само ѓубретарината(за една просечна куќа приземје+спрат во приградска населба) е 1000 ден. овдека, нешто што не е случај во помалите градови низ државава каде е петкратно пониска и ред други работи !
Јас сум Скопјанец, но имам роднини во провинција и знам како живеат, пошто градовите се помали можат пешки или со точак да си отидат до школо, до работа... немора да користат ниту автомобил, ниту пак автобус... храната сами си ја произведуваат т.е. имаат бавчи, имаат стока(свињи, кокошки и.т.н.), имаат во дворовите водни пумпи, бунари... готват и се грејат на дрва, вода за бањање исто грејат во котли на оган, самите си месат леб дома, комуналиите и даноците им се пониски тоа со сигурност ви го тврдам, на пр. за иста куќа таму ѓубретарина е 200/250 ден. месечно а сметките за струја и вода им се доста пониски, бидејќи и не ги користат многу овие работи, си имаат алтернатива !
А од друга страна имаат чист воздух во изобилство, здрава и природна храна, природа... еххе да ама они биле сељаци, а ние сме граѓани кои што сме затворени во конзерви од 50/60 квадрати и се околу нас е асфалт и бетон, милион коли, загаденост 200%, работа-дома-дома-работа и секако најголема дружба со ПЦ и интернет !
П.С. е сега некој ќе рече боље е во Скопје тука имало работа, имало повисок стандард/плати ............. како да не еве гледам сите до еден во Скопјево работат и тепаат огромни плати, тоа само одреден процент инаку и овде е тапа и има доста невработени и платите се во аут !
Колку само глупости изнатреска и ти самиот не си свесен. Незнам кој ти го испрал мозоков со болдот, Латас,Миленко, Анал 5 не можат подобро да го состават ова, а и идиотот Стиховен Калибар го заборавив тој пишува вакви глупости на фб.

Да брат храната сами ја произведуваме имаме бавчи, стока и со самото тоа ние ги добиваме СИТЕ потребни прехранбени производи. Имаме бавча посебно каде садиме сончоглед, па потоа произведуваме зејтин за домашно производи и со тоа заштедуваме да не плаќаме 95-100 денари колку што ни е во продавницата, кај тебе сигурно е 150 сепак се е поскапо во Скопје, имаме исто посебно бавча за тутун па мотаме качак, они со подобар тутун произведуваат 57ца директно во подрум, тука штедиме 50 денари на родео, овде во Скопје мислам дека поскапо и тоа, жито садиме па потоа произведуваме брашно, кај некој пак и тесто им се раѓа тие ептен се богаташи во провинциите , солта ја вадиме од рудниците , зашто претежно поголемиот дел од рудникот не работи некој Б.Ц. измислил приватизација и све отиде у курац, него познавам дечкото Б.Ц. само знам дека го гласат мама и тато за него дека некојси типчиња од титовото време имало у негова партија, ја гласам за ВМРО зашто Наколче не го давал нашето свето име, а грците сакаат да не прекрстат во Скопје. Упс политка, тој е забрането овде, само пред селската коперација кроз пиво смееме да збориме за политика после работа од бавчите.

Anyway све произведуваме, дури и струја у бавча имаме и си носиме накај дома затоа плаќаме поефтино, еве последната сметка 2 923,5 денари сигурно ќе ми беше поскапа да не беа тие бавчите со струја. Зимно време не плаќаме парно сите имаме кории со шуми , при што ептен ние поефтино на дрва , еве одам во шумско, на коњ ги качувам шумарите ги носам во коријата со дрва која е 20 км одалечена минимим од кај мене да маркираат, маркирацијата ја плаќам со носење кофа струја од нивата во шумско, одат маркираат ги враќам назад на коњи со тоа заштедувам бензин кој сигурно е поефтин кај нас, бидејки во градот на плавата крв се е поскапо, земам една секира бутам цела бука, па ја сечам на цепанки, тоа сам го правам зашто да плаќам некој, па товарим коњите да ги однесат до дома, зашто да плаќам камион 4 000 - 5 000 денари + натоварачи, ги носам дома ги цепкам и ги редам и ми е топло. Ете така е процедурата, ефтина, или тоа или да одам во шумско и да си платим 2 400 * 12 кубика дрва = 28 000 и дрвата магично се појавуваат пред врата.

Доста глупирање, данок како може да е поефтин бе, се плаќа од квадратура данокот. Ти колку плаќаш данок за твојата конзерва од 60 квадрата , па јас за мојата куќа со дворно место и наследениот имот од дедо и баба на места каде што и Хитлер во втора светска војна не пратил војска да ги окупираат.

Знаеш народ му требаат пари да плати данокот кој 80% одат во СКопје, сметките кој нонстоп растат, облека, децата на факултет ако се, да не ти ги спомнам казните што ги сега пишуваат кај нас во голем број зашто имаат наредба од ептен високите места, еве да ти набројам казните што летото ги пишуваа: доколку водата ја користиш за наводнување, а не ти е од бунар/река , казна доколку во рок од неколку дена дена не ги тргнеш дрвата од пред порта и расчистиш зашто неаме сите пат одма до вратата, казна доколку немаш на ќуќата фасада, летеа пријави на тие што возеа со бугарски таблици, а постапката за префрлување на таблиците се чека 10тина дена минимум, сето тоа парите одеа за да се градат фонтани, споменици, нови згради, дедоти и бабати да прават гужви во вторник,петок и сабота, додека баба плаќа такси за да оди до болница.

Ако толку мислиш дека е убаво надвор во Скопје, еве одма ќе ти најдем некој да ја замениш таа конзерва од 60 квадрати, за куќа со бавчи и стока , важи тоа ?
 
Скопје е убав град за живеење , ако сака некој да успее побргу ќе успее во Скопје отколку во било кој друг град во државата.
А дека животот е поубав во Скопје да не се лажиме се е некако набрзина, се брзо се дешава, луѓето се некако ладни, работата им е на прво место . А во другите градови ете јас како од Битола можам да кажам да ги имаме парите шо се заработват во Скопје никој нема да си замини туку пусти пари го прат своето и во желба за подобра заработувачка не само од Битола и од останатите градови бегаат во Скопје .
 
Se soglasuvam. Celosna sprotivnost i odlicen primer kako neso treba da se odviva. Ama ete na nekoj od pogore ne mu odgovara taka da raboti. Iako ziveam u Skopje, ne go branam gradov vrtoglavo i da bev vo Slovenija i da ziveev vo Ljubljana, bez problem ke se otselev vo drug grad tamu, zosto imam videno deka se klasi iznad nasite i so polno moznosti.

Па нормално.Некој од Марибор дури и да најде работа во Љубљана нема потреба да живее таму пошто инфраструктура јака имаат ,поврзана е цела земја со железница и автопати најмодерни,па за најсила саат време е во Љубљана.
Кај нас од Охрид до Скопје е 3 сати возење на 7 планини и 7 ридови.Доаѓа странец со авион од Амстердам или Милано за 2-3 саати и не може да поверува како може уште 3 саати да вози до Охрид.
Па уште ќе ми каже оној фраер погоре ние од "провинцијава" сами сме си криви што се опустошени градовите.:facepalm:
Ете како што тргнала работава за 20-30 г ќе го имаме Скопје со 80 % од населението во Мк и после немој некој да зуцнал нешто кога викаат грците Република Скопје...
 
Терминот провинција е смешен.

Ама добро, неможам да сфатам колку скопје-хејтери има на темава. Па може ли бре сите што сте од другите градови до толку да го мразите скопје и луѓето кои живеат тука? Тоа Скопје кое денес е полно со луѓе кои се родум од Штип, Прилеп, Радовиш, итн итн?Значи тоа ви биле сограѓани порано ама од кога се пресеилие во Скопје одма се хејтаат?

Ми се гади од вас и од сите кои само хејтаат кога ќе дојдат тука. Сум имал прилика да шетам по доста градови порано, а и да се дружам со доста луѓе кои не биле од Скопје. Колку сите тие го мразат Скопјево и скопјанишчава тоа е неверојатно. И тоа е можно само у Македонија.

У право сте за нуклеарката, ама треба да падне у средина и да не снема сите, и онака ќе се испоубиеме меѓусебе кад тад.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom