Што е љубовта?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mad Maxx
  • Време на започнување Време на започнување
Најтешкото прашање од сите поставени на оваа тема..Некои го изразуваат како чувство некои кога 2 суштества се совпаѓаа во сите вкусови и се привлекуваат физички а други мислат поинаку.Мое мислење е дека не постои такво мислење и би сакал да го слушнам вашето:smir:.
 

Љубав је кад ти срце дрнда.
 
Сложен Био(електро)хемиски процес ако гледаме стриктно од научен аспект.

А инаку мислам дека љубовта е пред се емотивна приврзаност кон друго човечко суштество од спротивен пол,но и спремност за жртвување себе си за добробит на жената која ја љубиш или во превод таа е онаа која те прави да се осеќаш...целосен.
 
А кој пиша дека е мислење уопште??(упс отварачот на темава пишал...е нема такво мислење)

Изеди таму пет шест милка чоколада и во мозокот ќе се случува истио процес....наречен љубов..ама тоа ти е уствари некаква...симулација:)

А ако навистина сакаш некое чупе и од неа имаш деца...ма ќе треба да си подготвен буквално да делиш од себе за деците и за неа...ова тинејџ срањето ко во америчките комедии кај шо торлакот ја фаќа најјаката пичка....е само филм...баталете такви комедии-лошо влијаат.

Мое мислење е дека не постои такво мислење и би сакал да го слушнам вашето:smir:.

ИИИ ќе го поткрепиш со???
 
љубовта ја измислиле партизаните, со една единствена цел: да дојдат до пи^ка безпари, Германците и ден-денес поштено си плаќаат :хехе:
 
Љубовта е чуство кое дури ни самиот мозок не може да го анализира па и затоа кога сме вљубени осејќаме пеперутки во стомакот или срцето како да ни чука забрзено и бавно во исто време кога ќе ја видиме нашата сродна душа :smir:
 
Љубовта е чуство кое дури ни самиот мозок не може да го анализира па и затоа кога сме вљубени осејќаме пеперутки во стомакот или срцето како да ни чука забрзено и бавно во исто време кога ќе ја видиме нашата сродна душа :smir:
така, додека не пораснеш и сватиш дека без секс нема љубов

п.с.: уште ве лажат конунистите, бе?
 
Љубов е кога замислуваш како старееш покрај некого... И кога не се плашиш од истото.
 
Љубов е кога дочекуваш, а не кога чекаш попусто, кога те дочекуваат по исчекувања, а не те чекаат попусто, љубов е кога ти игра душата, пее срцето, искрат очите штом чуеш глас и видиш лик на љубената/иот...
Исто така е и 7 милка чоколада одеднаш...
и Хемиски процес во мозокот.
 
Љубовта е прекрасно чувство. Таа е состојба кога едноставно знаете дека на светот постои личност која секогаш е во вашите мисли, која ја гледате кога ќе ги затворите вашите очи, која го прави секој миг со неа да биде мал дел од рајот. Едноставно, љубовта е нешто посебно...нешто што мора да се доживее.
 
Љубов е нешто што кога во форумот Религија ќе кажеш дека Господ не постои затоа што не го гледаш, верниците секогаш го даваат како пример.
 
Ауф тешко :)

И да умеам да зборувам на сите можни јазици,
човечки и ангелски, а немам љубов,
јас би бил како гонг што одѕвонува,
како цимбал што ѕвечи.
И да имам дарба да пророкувам,
да ги знам сите тајни,
да го имам собрано целото знаење,
да имам вера што може планини да преместува,
а немам љубов - не вредам ништо!
И да раздадам на сиромаси се што имам,
па и сопственото тело да си го жртвувам,
а немам љубов - ништо не сум постигнал!
Да имаш љубов, значи:
да имаш голема стрпливост и да бидеш љубезен.
Да не си завидлив, да не се фалиш, да не се вообразуваш.
Да не бидеш груб, да не бидеш себичен, да не бидеш избувлив, да не паметиш зло.
Да не се радуваш на ниедна неправда, а да се радуваш на вистината.
Секогаш да имаш разбирање за другите, секогаш да веруваш, секогаш да се надеваш и се да поднесуваш.
Љубовта е вечна, а пророкувањата ќе престанат,
зборувањето на непознати јазици ќе молкне,
сегашното знаење ќе се надмине.
Зашто, нашето знаење е нецелосно,
па и пророштвата само малку ни откриваат;
а кога ќе дојде времето на совршенството,
се што е нецелосно ќе исчезне.
Кога бев дете, зборував како дете, размислував како дете и расудував како дете.
Кога станав зрел човек, престанав да се однесувам како дете.
Ние сега гледаме нејасно, како во замаглено огледало,
а тогаш ќе бидеме лице в лице со Бог, и се ќе ни стане јасно.
Се што знам сега е нецелосно, а тогаш се ќе знам совршено,
како што мене Бог совршено ме познава.
Има три работи што ќе опстојат:
верата, надежта и љубовта;
а од сите нив, најголема е љубовта.

Што значи да имаш љубов? Овој Павле убаво напишал :)

Ама што е љубов...
Љубовта е чуство. Не се опшиува со зборови, само се чувствува.
Не се доловува со збор. Може 500 книги да се напишат и ако не почуствуваш, пак нема да знаеш.
Љубов е кога мене ќе ме фатат со нож под грло и ќе бараат да им се дадат пари, а некој од моите ќе скокне и ќе рече „Убиј ме мене, неа не ја допирај“.Тоа е љубов.:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom