Семеен ручек!

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
Обожавам семејни ручеци, недела е ден наменет за тоа.

Во текот на неделата многу ретко го гледаме ова задоволство.
 
Обично на недела се случува тоа. Инаку преку неделата слабо. Кој на работа кој на школо и така..многу ретко.
 
Семеен ручек скоро секој ден, зависи што има за ручек.
 
Секој ден се собираме сите и јадеме во исто време. Нема еден покасно, друг порано. Во кујна работат две жени (мајка ми и баба) па затоа имаме убав ручек секој ден. :pipi:
 
Кеф ми е шо ова е традиција кај нас, секој ден, нормално коче бидам 2 смена, не е изводливо, но сепак... Ако се немаат обврски големи, сите стандард на маса. :pipi:
 
семеен ручек единствено во недела, зашто во текот на неделата кој е на школо, кој е на работа, кој каснал нешто пред тоа па не му се јаде и никако не можеме да се собере така да во недела
 
Семеен ручек во недела. Децата ручаат во училиште а маж ми е на работа до подоцна, само неделата ни останува. :)
Инаку ручеци по мои, твои умешно ги избегнувам до неизбежните празници Нова година и Велигден. Божиќ ми е многу блиску до Нова година па прошол редот :)))
мразам пошироко-фамилијарни ручеци.
 
Зависи од тоа која смена се на работа,но практикуваме заедно да ручаме.Недела обавезно сите сме заедно и најмногу го сакам тој ручек.Доста пријатно,со добри теми на разговор.
 
Заборавив што беше тоа семеен ручек.
 
секоја недела по традиција се збираме на ручек кај родителите.Не само што ќе се видиме сите -тоа е посебен ден -би рекол празник за сите нас, смеа , заебанции - раскажувања на сите дешавки кои се случиле во текот на изминатата недела, паѓаат и договори , планови,предлози,совети.Особено посебно убаво е од пролет до касна есен-кога сето тоа се случува во двор(наместо затворени преку зима во куќата).:toe::vozbud:
 
:eek: за малце ќе напишев за бадник ама се сетив дека и тогаш сме на вечера
--- надополнето: Jun 11, 2011 11:12 PM ---
:eek: за малце ќе напишев за бадник ама се сетив дека и тогаш сме на вечера
 
Хаха секоја недела собиранка.Маж ми си го вика тоа "војни задатак" , а мене искрено ми годи:)
 
Обожавам семејни ручеци, особено кога ќе се собереме пошироката фамилија. Ама тоа се поретко се случува. Обично во недела имаме семеен ручек, но татко ми отиде во странство и дури во декември здравје Боже ќе имаме семеен ручек сите заедно. Ама обавезно тоа постои кај нас, не сме научени секој сам да си јаде. Ако сме сите дома, сите заедно јадеме. Многу ми се допаѓа тоа.
 
Кај нас секогаш имаме семејни ручеци во сабота и недела, се присобереме сите, дедото по обичај се напие ко стока и разглаба глобална политика :P
 
До пред некој месец редовно го применувавме ова во недела кај нас, бидејќи преку седмица сите варираме со смените на работа. Но сега и во недела многу ретко го применуваме затоа што имам обврски во канцеларија баш за време на ручек (од 12 до 17 часот).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom