Нова химна на АРМ и нови униформи

  • Креатор на темата Креатор на темата Pallatino
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Само мене ли ми делува горниов дел ко да е скусен при перење... :confused: кој и да ги правел.. навистина немал појма.. многу невкусно..
 
не бе не се слични на бугарските - овде форумџиите или се политички настроени или се бели во очите...
Да бе, ова е конспирација тајно да не побугарчат, знаеш дека и на обичните војници им се слични униформите? Знаеш дека после презентацијата на униформите на гардата лани на 8ми септември, се осознале како Бугари најмалку 20.000 Македонци? Знаеш дека ова е завршната фаза од бугаризацијата по што самиот народ ќе побара да се припоиме со братска Блгарија? Уште фали да се доврши Скопје 2014 којшто е микс од јадрата на сите бугарски градови.
 
Униформите се оргинал каква што носел гоце делчев додека студирал воена акадимја во софија :D

gd_019.jpg


Гардиската шубара е повеќе бугарска отколку македонска
2E5E453E8E30DC4686BE3DDB133075A3.jpg

Комитските униформи беа романтични, а новите се повојнички и бегаат од македонската народна традиција

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=D09226F531B9304FBB37075B0D0EEE64

Не се бугарски ,туку шопски....ама бугарите први зедоа монопол врз нив ...ако се прашувам јас,комитските се незаменливи.
 
Дизајнерските решенија вклучуваат детаљи од униформите на неколку културолошки пластови од македонската историја. Детаљи се земени од фалангата на Лихнедитите, од четитена дедо Иљо Малешевски, како и на македонскиот полк формиран во Украина во 19-тиот век.

Башка униформава е од лани воведена не знам зошто пак дискутираме?
 
E5403F56BB45FF4DA9295A9D4E481347.jpg

Нека ми простат сите припадници на Армијата, посебно гардистите, ама вака изгледаат како да се играорци од некое културно-уметничко друштво.​
Американската гарда
US_3rd_Infantry_regiment_drill_team.jpg

Хрватска гарда
Svecanost_podizanja_NATOve_zastave_Zagreb_4.jpg

Српска Гарда
Honor_guard_%28Serbia%29.jpg
 
E5403F56BB45FF4DA9295A9D4E481347.jpg

Нека ми простат сите припадници на Армијата, посебно гардистите, ама вака изгледаат како да се играорци од некое културно-уметничко друштво.​

хах и јас истото го помислив..... мора на обука тешкото да го научат .. едноставно морА
 
E5403F56BB45FF4DA9295A9D4E481347.jpg

Нека ми простат сите припадници на Армијата, посебно гардистите, ама вака изгледаат како да се играорци од некое културно-уметничко друштво.​

брат.. нема шо да ти простат.. кој знае нив како им е... :-)))))))))
 
E5403F56BB45FF4DA9295A9D4E481347.jpg

Нека ми простат сите припадници на Армијата, посебно гардистите, ама вака изгледаат како да се играорци од некое културно-уметничко друштво.​
и јас сакав да побарам слики и да ги коментирам другите гарди, ама ми беше страв дека ќе ме пратат по пари во сорос...
--- надополнето: 19 јули 2012 во 17:50 ---
Тебе ако ти личи на сарказам, мене не.
не ми личи бе брат, јас се надевав...
 
Воената химна ги спротивстави АРМ и борците од НОБ

четврток, 19 јули 2012, 17:00

Химната на армијата повторно ги спротивстави борците од НОБ и раководството на АРМ. За едните ова е правење збрка и форсирање лажна историја, за другите-новата химна е нешто со што ќе се гордеат и војската и граѓаните.

„„Ко грмеж од небо што бие и гори, ко фортуна силна,ко пчелин рој, маршираше македонската војска.“ Ете таа химна јас ја знам. Тие не ја прифаќаат. Зошто?“- прашува генералот Тодор Атанасовски.

Додека генералот Атанасовски сугерира дека можела да се искористи химната од НОБ, министерството за одбрана на јавен оглас ја одбра композицијата на Кире Костов. Засега е само инструментал, објаснува портпаролот на АРМ, полковникот Мирче Ѓорговски, но во иднина, вели, може да се стави и текст, без да прецизира каков. Новопромовираната химна ја претставува мултиетничноста на армијата и на Р.Македонија, дополнува Ѓорговски, но старите борци не го прифаќаат и тоа образложение.

„Не се во право. Но, тие сега си ги оправдуваат своите постапки. Направија цела збрка...и ова сега што го форсираат е лажна историја, не е вистинита.“- изјави генералот Атанасовски.

Генералот Атанасовски не прецизира каква историја се форсира, но нагласува дека актуелната власт ги игнорира борците од НОБ. Тврди дека не е точна изјавата на портпаролот на армијата дадена за Алфа дека се канети од АРМ на државни настани и одбележувања и оти АРМ праќа свои делегации на одбележувањата на Сојузот на борците. Според Атанасовски, армијата дури не им давала ни сали за да одржат комеморација кога ќе почине некој првоборец.

Јасминка Аневска
Извор:
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=52554#.UAhCtZwEw8E.facebook
 
комитските униформи се бугарски
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom