Ексклузивно: Музичката програма за 8 Септември
Сподели 33
Среда, 07 Септември 2011 17:07
„20 години државност - 20 години независна Македонија - заедно под едно сонце“ е мото на свеченоста со која на 8 Септември во центарот на Скопје ќе бидат одбележани две децении од прогласувањето самостојност.
- Програмата има космополитска димензија и мисија да ги обедини сите граѓани без оглед на нивната политичка припадност, идеологија, вера и националност. Вистинско обединување за просперитетна и долговечна Република Македонија. Таа ќе ги илустрира нашето минато, сегашност и иднина... и ќе ги прикаже националните обележја и уметничките капацитети на државата, рече на прес-конференција министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која, придружена од креативниот тим што ја осмисли централната прослава, ги соопшти нејзините детали.
Прославата ќе почне во 18 часот пред Парламентот каде што претседателот Трајко Вељаноски ќе и ја предаде Декларацијата за независност од 1991 на Гардата на РМ. Таа со свечено дефиле ќе ја проследи до новиот Музеј на македонска борба, каде што ќе биде положена во 19 и 30 од претседателот на државата Ѓорге Иванов.
Со театарски ораториум „Непокор“ пред музејот ќе бидат илустрирани сцени од минатото во изведба на актери од сите македонски театри, а Армијата со почесна стрелба ќе им оддаде почит на сите загинати херои. Покрај спомениците на плоштадот ќе стојат актери во костими за да ги симболизираат историските периоди во кои живееле соодветните личности (од Јустинијан Први до Методија Андонов Ченто).
Идејата за иднината на Македонија ќе биде претставена со учество на илјада деца кои ќе ја испеат роденденската песна на композиторот Марјан Неќак. Тие први ќе поминат низ портата „Македонија“, што ќе ја симболизира иднината на државата.
На 40-метарска сцена на плоштадот ќе биде кулминацијата на прославата - музичко-сценски спектакл „Македоуниум“ во кој ќе учествуваат над 300 уметници. По обраќањето на премиерот Никола Груевски, на плоштадот ќе биде пуштена грандиозната фонтана со споменикот „Воин на коњ“. Ќе биде изведена свечената песна „Македонија“ од 20-ина естрадни ѕвезди заедно со Хорот на МОБ, Македонската филхармонија и „Танец“, кои ќе бидат на сцената. Прославата ќе биде заокружена со голем музички хепенинг на кој ќе настапат околу 90 пејачи или бендови од забавната и народната музика, кои ја одбележале музичката историја во изминатите 20 години.
Креативниот тим е предводен од режисерот Дејан Пројковски, кој на прес-конференцијата истакна дека програмата има неколку делови и е конципирана според космополитските мисли на Гоце Делчев и Кочо Рацин. Главната идеја била да се отслика уметничкиот потенцијал на Македонија.
Од 83 општини ќе има бесплатен автобуски превоз до Скопје за сите граѓани кои сакаат да присуствуваат на свеченоста. Канческа-Милевска рече дека нема да присуствуваат странски претставници и дека се поканети само домашни гости од политичкиот, културниот и општествениот живот.
Таа им се заблагодари на учесниците во програмата зашто се вклучиле без авторски хонорари.
На 8 Септември, како и во деновите околу празникот, ќе има и други настани во знакот на независноста што ќе продолжат до крајот на месецов.
Редоследот на музичката програма ќе изгледа вака:
- Химна за Македонија
- Македонија – група изведувачи
- Бисер Балкански – Гоце Николовски (на видео бим)
- Љубов голема – Виолета Томовска и Наум Петрески
- Обои ме – Калиопи
- Сонце за три светови – Мики Јовановски – Џафер
- Ео магична песна – Ања Ветерова
- Една мисла имаме – Војо Стојановски
- Предавници и јунаци – Соња Тарчуловска
- Многу солзи исплакав – Маја Оџаклиевска
- На Велигден – Џина Паппас Џокси
- Море од солзи – Ламбе Алабакоски
- Не кани ме – Миле Кузмановски
- Да беше стрела песнава – Гоце Арнаудов
- Запри дожду – Нели ти реков
- Црно тиквешко – Владо Јаневски
- Сонце не ме грее – Влатко Лозаноски
- Има ли песна – Наум Петрески
- Што ќе остане од Македонија – Гоце Арнаудов
- Аце, Аце – Татјана Лазаревска
- Розо моја – Ибуш Ибраимовски
- Свири ми брате цигане – Росана Сариќ – Тодоровска
- Дупла вотка – Дарио Панковски
- Свирете ја зајди, зајди – Олгица Христовска
- А можевме – Елена Ристеска
- Тајно моја – Тоше проески (видео бим)
- Знаеш колку вредам – Каролина Гочева
Веднаш по нив ќе настапат:
Тавитјан Брадерс заедно со Калиопи, Влатко Стефановски, Ареа, Мизар, Суперхикс и Кирил Џајковски.
http://www.time.mk/read/db7b0456cf/4881f4d087/index.html --- надополнето: Sep 7, 2011 4:19 PM ---
Moram da kaza, deka izborot na izveduvaci e kremot na Makedonija, falat uste Sintezis, Dragan Dautovski i Anastazija.